Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 11/2002

ИЗВЕШТАЈ ЗА СИТУАЦИЈАТА БР. 11/2002

8 април - 14 април 2002 година

 

ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица
Според најновата регистрација, во моментот бројот на ВРЛ сместени во семејства домаќини изнесува 16.827.

Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 8,000 бегалци (етнички Албанци).


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР
Храна

МКЦК дистрибуира пакети во храна за 295 лица од Горнореканскиот крај.

 Здравство
Претставници на Светската здравствена организација во селата Слупчане, Матејче и Никуштак доставиле инвентар за здравствените домови во овие села. На овие амбуланти ќе им биде донирана и медицинска опрема, а ќе бидат вработени и двајца општи лекари од општа практика.

Солидарите продолжува со проектите за рехабилитација на амбулантите во Лојане/Ваксинце.

Инфраструктура
УНХЦР продолжува со дистрибуција на градежен материјал за 1.200 куќи во рамките на програмата за итна поправка на куќи за 2002 година. Дистрибуирани се материјали во селото Лавце и населбата Дреновец во Тетово, како и во Арачиново. До крајот на овој месец се очекува дистрибуцијата да заврши во 12 села во кризните региони, со што ќе се обезбеди поправка на 607 куќи со помали оштетувања.

Училишта
Со донација од околу 48.000 евра на германската влада е реновирано основното училиште во Вратница, каде наставата ја следат околу 130 ученика и 11 деца со пречки во психофизички равој. Со донираните средства се реновирани тоалетите, училишната кујна, интернатот за престој на децата со пречки во развојот, фасадата, подовите и прозорците.

УНИЦЕФ почна со имплементација на програмите за креативност, вештини и толеранција за деца и млади во Пионерскиот дом во Тетово.

Хуманитарно деминирање
Во теренот околу Матејче екипите на меѓународната организација ИТФ пронајдоа 15 неексплодирани средства, и истите се уништени. Неексплодираните направи се пронајдени во домовите, дворовите и во нивите на селото.

 
ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање
Бордот на директори на Светската банка на 10 април и одобрија на Македонија кредит во висина од 15 милиони долари. Средствата од кредитот ќе бидат наменети за реализација на Проектот за реформи на јавната администрација. Кредитот е одобрен под ИДА услови, значи рок на враќање од 35 години, со грејс период од 10 години.

Кралството Холандија на македонија и ја префрли последната транша од неповратната помош за поддршка на платниот биланс, во висина од над 4,7 милиони долари. Ова е последната рата од 25 милиони долари што Холандија ги вети на Донаторската конференција во Брисел, со што целосно е реализирана помошта од оваа земја.

Со средствата од Донаторската конференција ќе управуваат агенциите за реконструкција и невладините организации, по избор на земјата-донатор. За реконструкција на оштетените куќи, другите објекти и инфраструктурата на Донаторската конференција во Брисел се донирани 85 милиони евра. Освен оштетените куќи во реконструкцијата ќе влезе и обновата на електричната мрежа која се обновува во трите региони (Арачиново, Тетово и Куманово), а со 500.000 евра ќе се обнови и дел од водоводот во Кумановскиот регион.

 

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2002 [1 април -  7 април]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 9/2002 [25 март - 31 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 8/2002 [18 март - 24 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 7/2002 [11 март - 17 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 6/2002 [4 март - 10 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 5/2002 [28 февруари - 3 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 4/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 3/2002 [11 февруари - 13 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 2/2002 [4 февруати - 10 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 1/2002 [28 јануари - 3 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 25/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News