Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 21/2001

22 - 28 октомври 2001 година

Скопје, 29ти октомври 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Црвениот крст на Македонија еднаш месечно ќе го објавува бројот на ВРЛ.
Последната информација укажува на бројка од 53,797 ВРЛ.

Бројот на бегалци кои се враќаат од Косово.
Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 16,000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 60,000 лица.

Хуманитарна акција

На 26 октомври се одржа манифестацијата “Дом за сите”, подготвена од децата од раселените подрачја. На манифестацијата настапиле 150 деца што биле раселени за време на кризата во Македонија. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна


Хуманитарната организација Ел хилал на 22, 26 и 28 октомври дистрибуираше хуманитарна помош од 43 тона основна храна и хигиенски производи за селата Ваксинце, Хасан бег и раселените семејства сместени во Тетово.

Класје на добрината од 22 до 28 октомври дистрибуираше семејни пакети за 120 семејства во Скопје. Еден пакет содржи по 3 килограми брашно, масло, шеќер, ориз, макарони, 10 сапуни, 5 билјани и памперси.

Тимови на ICRC/МКЦК на 23 октомври го посетија селото Гошинце во Скопска Црна Гора каде околу 200 лица кои се вратиле во нивните домови имаат потреба од помош.

Здравство

ICRC/МКЦК дава медицинска помош во локалните амбуланти во Липковскиот регион.

WHO/СЗО продолжува да дава здравствени услуги за ВРЛ во Куманово, и да дистрибуира бесплатни лекови за аптеките во Скопје. СЗО за прв пат дистрибуираше лекови во Тетово.

Засолништа

IRC продолжува со проценката на оштетените куќи во Липково, Оризаре, Лојане и Ваксинце.

Организацијата Children's AId Direct врши проценка на куќите во Матејче, каде исто така започна и со дистрибуција на градежен материјал.

На 23 октомври UNHCR дистрибуираше пакети за повратници (состав) за 180 семејства во Доброште, во Пршовце за 60 семејства, во Орашје за 40 семејства и во Дреновец за 6 семејства. На 24 октомври девет камиона на UNHCR полни со градежен материјал дистрибуираа помош за селата Липково, Ваксинце и Арачиново.
На 23 октомври UNHCR ја започна автобуската линија од Тетово за Селце, кој ќе сообраќа два пати на ден.

МЦМС на 24 и 27 октомври дистрибуираше 7,500 ќерамиди за поправка на 110 оштетени покриви во селото Радуша. На 24 октомври дистрибуира и градежен материјал за целосна поправка на сите шест куќи во селата Беловиште, Рогачево од општина Вратница и Пршовце (1) од општина Теарце.

На 26 октомври конвој со раселени лица, етнички Албанци и етнички Македонци, од селото Опае ги посетија нивните домови по шест месеци. Околу пеесетина од нив останаа во нивните домови каде што за тоа постојат услови за живеење.

Водоснабдување и санитација

UNHCR обезбедува два-три цистерни со вода на ден за селото Љуботен, за да се покрие недостатокот од вода додека не се најде решение за подолг период.

Училишта и образование

Француската агенција Солидарите ги замени сите прозорци и изврши поправки на помалите оштетувања на училиштето во Непроштено.

УНИЦЕФ има подготвено список на училишта кои во моментот не функционираат како резултат на оштетувања за време на конфликтот. Околу 35 училишта имаат потреба од брза рехабилитација: некои треба да бидат потполно реконструирани, додека за другите треба поправка на мали оштетувања.

Хуманитарно деминирање

Екипите за деминирање продолжуваат со чистење на теренот во тетовскиот регион.
ICRC/МКЦК дистрибуира лифлети за да се информира јавноста од опасноста од мини и неексплодирани средства во кризните региони.

Заштита и човекови права

Нема нови активности во овој период.

Психосоцијални активности

Невладината организација “Спасете ги децата” во соработка со Американскиот комитет за бегалци спроведува нов проект за раселените деца од кризните подрачја, кои претстојуваат во колективните центри “Пелагонија”, “Ранка Милановиќ” и “Т.С. Сениќ”. За децата од овие колективни центри ќе се организираат групни посети на градските кина, театрите, како и на културните манифестации. Со проектот се опфатени децата од тетовскиот и скопскиот регион кои претстојуваат во центрите и ќе трае шест недели.

Посткризна рехабилитација

Амбасадорот на Европската унија во РМ, Хозе Пинто Тешеира, ги посети раселените лица од Кумановско-липковсклиот регион сместени во колективниот центар во Долно Коњаре. По тој повод на 100 жители им беше доделена хуманитарна помош во добиточна храна за добиток.

Екипи на Електростопанство на Македонија во текот на минатата недела вршат санација и поправка на оштетената електрична мрежа во кризните региони.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

Меѓународните организации и претставници на државите-донатори учеснички на Втората регионална конференција на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа во Букурешт, за реализација на проектите од Пактот на Македонија и одредија 60 милиони евра.

Координација

Четиринаесетти состанок на НХК.
Раководителот на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика го потенцирашо проблемот со огревно дрво за ВРЛ сместени во семејства и нафта за тие во колективните центри, бидејќи зимата се доближува. Исто така проблем претставува топлата облека за деца. Претставникот на UNHCR информираше дека неговата организација ќе обезбеди дрва за огрев за семејствата каде се сместени ВРЛ. Заедно со УНИЦЕФ ќе се обезбедува дрва за огрев за некои училишта во селата од кризните региони. Претставник на USAID/OFDA ја промовираше програмата за засолништа. Со програмата ќе бидат помогнати 1800 семјества во Кумановскиот и Тетовскиот регион. На почетокот ќе бидат обезбедени дрва за огрев по 4-5 м2. Германскиот црвен крст ќе помогне во поправките на куќите од 1 и 2 категорија во Слупчане и Ропајце.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News