Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 24/2001

12 ноември - 18 ноември 2001 година

Скопје, 19ти ноември 2001



ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица

Црвениот крст на Македонија еднаш месечно ќе го објавува бројот на ВРЛ. Последната информација укажува на бројка од 53,797 ВРЛ.

Бројот на бегалци кои се враќаат од Косово. Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 12,000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 64,000 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна

Хуманитарната организација Ел хилал за потребите на жителите од скопските и кумановските села дистрибуираше прехранбени и непрехранбени производи. На 14 ноември огранокот на Ел хилал од Прилеп дистрибуираше 2,5 тони со храна и хигиенски прозиводи во Арачиново, додека огранокот од Гостивар, 15 тона помош за жителите на општина Липково. На 15 ноември дистрибуирани се 15 тона помош во основна храна и хигиенски производи во селото Ваксинце.

Интерсос продолжува со дистрибуција на основна храна за 4,300 лица.

МПДЛ дистрибуира основна храна за бегалците и за 1,000 семејства домаќини кои ги засолниле.


Здравство

Американскиот црвен крст продолжува со здравствената едукација на ВРЛ во колективните центри и семејствата домаќини во Скопје и Куманово.

Здравствените екипи на ИРЦ даваат примарна здравствена услуга на ВРЛ во Куманово и повратниците во Арачиново.


Засолништа

УНХЦР на 14 ноември дистрибуира пакети за повратници во кумановскиот регион, во Ваксинце 80 пакети, Опаје 72 и Ропајце 50.

Каритас - Германија на 13 ноември дистрибуираше 3 кутии со долна облека и 30 кутии со нова облека за раселените лица сместени во колективниот центар Олимписко село, каде моментално се наоѓаат околу 360 ВРЛ. На 13-14 ноември беа дистрибуирани 60 кутии со нова облека и 5 кутии со употребена облека за раселените лица од Арачиново, кои се сместени во семејства домаќини.

МЦМС на 16 ноември дистрибуираше градежен материјал за жителите на Матејче.


Водоснабдување и санитација

Нема нови активности во овој период.

Училишта и образование

Кооперационе италијана започна со рехабилитација на училишната зграда во Арачиново.
Според УНИЦЕФ потребни се 260,000 долари за доопремување со училишен мебел во училиштата во кризните региони, кој е уништен за време на конфликтот.


Хуманитарно деминирање

Екипите за деминирање во село Опае пронајдоа и уништија 11 тромблонски мини и гранати.

Активностите не се спроведуваа во регионот на Тетово поради настаната состојба од 11 ноември.


Заштита и човекови права

Нема нови активности во овој период.

Психосоцијални активности

Safe the childhood спроведува психосоцијална подршка преку телефон 24 часа дневно (тел. (0)2 228 999).

Посткризна рехабилитација

Во кумановскиот регион екипи на Електродистрибуција работат на поправка на електричната мрежа, каде веќе шест месеци селата од овој регион се без електрична енергија.

УНХЦР одобри 17 проекти од QIPs програмата.

ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

Министерот за финансии Никола Груевски изјави дека кон средината на декември се очекува одржувањето на донаторската конференција за Македонија. На конференцијата се очекува Македонија да добие меѓу 65 и 90 милиони долари, поголемиот дел како грантови.

Меѓународниот монетарен фонд побара од македонската Влада намалување на Буџетот за 2001 година за нови 600 милиони денари или за околу 9 милиони долари.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News