Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 19/2001

8 - 14 октомври 2001 година

Скопје, 15ти октомври 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Мало зголемување на бројот на ВРЛ.

Во Македонија, според Црвениот крст на Македонија, бројот на внатрешно раселените лица (ВРЛ) изнесува 53,797 лица. Од нив, 3,547 се сместени во колективните центри.

Бројот на бегалци кои се враќаат од Косово.
Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 25,000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 57,000 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна

Ел хилал продолжува со дистрибуција на помош во храна и хигиенски производи во подрачјата погодени со воени дејствија. Минатата недела дистрибуирале 75 тона помош за Селце и Липково, 7,4 тона за Дреновец и 16,5 тона помош за Дворце и Радуша.

Хуманитарната организација Милосрдие изврши дистрибуција на пакети со храна за колективните центри, и тоа Олипмиско село 96 пакети, Пелагонија 140, Стив Наумов 230, Ранка Милановиќ 34, Томе Сениќ 52, Партениј Зографски 46, 25 мај 30, Здравко Цветковски 47 и Меѓаши 14 пакети.

МЦМС дистрибуираше 10 тона сточна храна за селта Отља и Матејче.

Здравство

Со логистичка поддршка на Ел хилал, медицински екипи од Скопје извршиле проценка на здравствените објекти во Грушино, Арачиново, Студеничани и Батинци.

Со логистичка поддршка на МЦМС исто така е завршена проценката во Липковскиот регион.

Засолништа

По извршената проценка на оштетените куќи во Скопско, Кумановско и Тетовско, повеќе организации искажаа подготвеност да учествуваат во поправката на куќите. Меѓународен комитет за спас/International Rescue Committee (IRC) ќе врши поправки во Кумановско (6 села) и Тетовско (Лисец и Гајре); Засолниште сега интернационал/Shelter Now International (SNI) во Арачиново, Орланци, Мојанци, Грушино и Љуботен; Мовимондо во општина Теарце (Теарце, Лешок и некои други села; Директна помош за децата/Children's Aid Direct (CHAD) во Матејче (категорија 2 и 3) и Опае; Mercy Corps во градот Тетово и селото Селце; Данскиот совет за бегалци/Danish Refugee Council (DRC) во Шипковица; Германскиот црвен крст во Ропалце и Слупчане, како и АДРА во Тетовскиот регион. МЦМС ќе работи во Вратница и на потегот од Теарце кон Вратница, во Отља, Матејче (категорија 1), и Радуша, додека во Лопате деновиве заврши дистрибуцијата на градежни материјали и за втората група од 10 корисници (вкупно 18).

УНИЦЕФ е во тек со проценката на зимски потреби за раселените деца од 0-2 години. Проценката е дека околу 15,000 деца ќе бидат опфатени со дистрибуцијата на зимска облека.

СДР продолжува со верификација на списокот на корисиници на проектот “готовина за семејства домаќини” и се надеваат дека првата исплата ќе биде на крајот на месецот.

Водоснабдување и санитација

Нема нови актовности во овој период.

Училишта и образование

На последниот координативен состанок на УНИЦЕФ, беа утврдени можностите за поправка на оштетените училишта во кризните региони. Во првата фаза ќе бидат рехабилитирани десет училишта (вкупно 12 објекти), додека во втората фаза девет (13 објекти). Најголем дел од поправките во училиштата ќе ги извршува Солидаритес со средства од ЕЦХО, додека во поправките ќе бидат вклучени Католички служби за помош/Catholic Relief Services-CRS, World Vision и Македонскиот центар за меѓународна соработка-МЦМС. МЦМС ќе врши поправки на училиштата во Матејче и Слатино, а ќе изврши проценка на штетите и во училиштето во Радуша.
Учениците, етнички албанци, од трите средни училишта во Куманово на 12 и 13 октовмри почнаа со самоорганизирана настава во основните училишта “Наим Фрашери” и “Бајрам Шабани”. Тие од безбедносни причини бараа наставата да ја следат одвоено од останатите ученици.

Хуманитарно деминирање

Се очекува да пристигнат два тима со 35 лица од Босна, кои ќе започнат со деминирање на патиштата во регионот на Куманово и Тетово.

Заштита и човекови права

На 15 октомври во Скопје ќе се одржи дводневен семинар на тема “Слободата на изразувањето во демократското општество и улогата на медиумите и судовите: Имплементација на членот 10 од Европската конвенција за човекови права”. Семинарот го организираат Здружението на судиите на Република Македонија – Центар за континуирана едукација и Советот на Европа – Генералната дирекција за човекови права, оддел за медиуми и Информативната канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Психосоцијални активности

Меѓаши, САЖМ, ООЖМ и РОЖМ "Даја" континуирано работат на психосоцијалната поддршка на раселените деца и жени.

Посткризна рехабилитација

УНХЦР подготвува помош за жителите од Непроштено за обновување на добиточниот фонд што беше уништен за време на воените дејствија.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

Нема нови активности во овој период.

Координација

Дванаесети состанок на НВО хуманитарна координација.
Организациите поднесоа извештаи за спроведените активности во минатата недела. Претставникот на Месечина забележа дека барањата на НВО хуманитарна координација не се доследно пренесени на состанокот на НХК. Исто така го истакна проблемот со Горно Реканските села, за кои е неопходна помош во храна и хигиенски средства. Пристапот до овие села сеуште е забранет. Претставникот на Натира истакна дека населението од Липковскиот регион инсистираат да се вратат во своите домови. Како заклучоци беа подвлечени иницирање средба со УНХЦР, каде би се појасниле можностите во врска со конкурсот за проекти со брзо влијание. Како и прием на член од регионалното координативно тело од Тетово, кој ќе учествува во работата на НВО хуманитарна координација.



Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News