Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 15/2001

10-16 септември 2001 година

Скопје, 17 септември 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Вкупен број на ВРЛ.
Во Македонија, според Македонскиот црвен крст, бројот на внатрешно раселените лица (ВРЛ) изнесува 75,176 лица. Од нив, 3,912 се сместени во колективните центри. Македонскиот црвен крст привремено не врши регистрација на ВРЛ.

Зголемен бројот на бегалците кои се враќаат од Косово. Според податоци од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 31,250 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 5,000 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна


WFP – Светската организација за храна во соработка со AAH – Акција против глад, минатата недела изврши проценка на потребите за храна во скопксиот и тетовскиот регион. Тие ги посетија селата Арачиново, Страчинце, Доброште и Вратница.

Ел хилал дистрибуираше помош во храна, хигиенски артикли за Радуша (3,7 тона), Битола (10 тона брашно), и тетовските села Рогле, Церово и Селце (6 тона).
МЦМС на 14 септември достави 8 тона основни прехранбени намирници (брашно, зејтин, шеќер и сол) за 130 семејства во селата Урвиче и Јеловјане.

Здравство

Нема нови активности во овој период.

Засолништа

На 12 септември е одржан состанок меѓу УНХЦР и НВО кои се подготвени да започнат со поправки на оштетните објекти, (Македонски центар за меѓународна соработка, Засолниште сега интернационал, Меѓународниот комитет за помош, Мерси корпс интернационал и Германскиот црвен крст), за согласување на методологијата за поправки.

Водоснабдување и санитација

Нема нови активности во оваа област.

Училишта и образование

Наставата во основните училишта не започна во Непроштено, Лешок и во Теарце. Во некои основни училишта во Тетово, родителите и учениците, етнички Македонци, на пример од основното училиште “Братство-Миѓени”, од безбедносни причини не се согласуваат да следат настава во просториите на училиштето и како алтернатива ја нудат детската градинка кај Спортскиот центар.

Учениците, етнички Албанци, од гимназијата “Гоце Делчев” во Куманово доставиле барање во училиштето каде се наведува дека не се чуствуваат безбедни да посетуваат настава заедно со учениците од македонска националност. Тие барале наставата да се одржувба во зградата на Работничкиот универзитет “Професор Мијалковиќ”.

Класје на добрината обезбеди 1.000 училишни чанти и 4.000 тетратки за раселените деца.

Хуманитарно деминирање

Експертските екипи од силите на НАТО во Македонија на 12 септември почнаа да ги уништуваат мините на потегот од железничката пруга кај Ратае кон Лешок.

Заштита и човекови права

Нема такви активности во овој период.

Психосоцијални активности

Нема такви активности во овој период.

Посткризна рехабилитација

Тимот за проценување штети досега во Арачиново има проценето околу 1.300 објекти.

Проценката за другите подрачја ја презеде ИМГ (Интернатионал манагменет гроуп)/ Меѓународна група за справување, која во соработка со Министерството за транспорт и врски, започнаа со проценки во Тетовско (Теарце, Леошок и Слатина) и Кумановскиот регион (Опазе и Лопате).


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање


При посетата на шефот на македонската дипломатија, Илинка Митрева, во Велика Британија, директорот во Департментот за меѓународен развој, Сајмон Реј, соопштил дека Велика Британија ќе обезбеди 2,4 милиони фунти сопствена помош, кои ќе бидат наменети за градење доверба, реконструкција на енергетскиот систем и обнова на училиштата. Се ова зависи од успешната имплементацијата на Рамковниот договор.

Одборот на директори на Светската банка на 13 септември ја одобри „Привремената стратегија за помош на Македонија во периодот септември 2001 – јуни 2002 година, со која оваа институција и изразува поддршка на Македонија за зачувување на макроекономската и социјалната стабилност и за обнова и развој на земјата. За следните девет месеци е предвидено Светската банка да и додели на Македонија финансиски средства во износ од 50 милиони долари. Од тоа, 15 милиони долари се поддршка за буџетот и платниот биланс, исто толку за реализација на реформите во јавниот сектор, потоа, 15 милиони се кредит за реформи во образованието и 5 милиони долари се предвидени за реконструкција на објектите, разурнати од воените дејствија.

На престојната донаторска конференција, која се планира за средината на октомври оваа година, Македонија ќе бара 150 милиони долари, финансиски средства потребни за затворање на финансискиот јаз во платниот биланс, за реконструкција и обнова на земјата, како и за реализација на мировниот договор.

Координација

Осми состанок на НВО хуманитарна координација.
На состанокот присутните поднесоа кратки извештаи за нивните активности од претходната недела. На состанокот од страна на претставникот на Натира, беше истакнат проблемот со кој се соочуваат организациите при организирање конвои со хуманитарна помош. Исто така, го нагласи и проблемот на неможноста да се вратат раселените лица во липковскиот регион, во организација на Владата. Претставникот на Класје на добрината рече дека е потребно поголема помош за раселените лица кои се сместени во Скопје, како и да се побара од претставниците на Националната хуманитарна координација да се обезбедат ифорамации од Црвениот крст на Македонија за досегашната дистрибуирана помош. На состанокот е донесен заклучок претставниците на НВО хуманитарна координација да остварат контакти со надлежните органи за овозможување услови за организирање конвој на раселените лица до нивните домови во липковскиот регион
.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9Септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 Август - 2 Септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 Јули - 05 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 Јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 Јуни]

Back to News