Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 5/2001

09 јули - 15 јули 2001 година

Скопје, 16 јули 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Се зголемува бројот на ВРЛ.
Во Македонија, според Македонскиот црвен крст, бројот на внатрешно раселени лица (ВРЛ) изнесува 38,300 лица. Од нив, 1,297 се сместени во колективните центри. (таб.1)

Раселените лица (сите етнички македонци) од скопското село Брњарци почнаа да се враќат во своите домови. Куќите во селото, кое има околу 400 жители, не се многу оштетени од воените дејствија во Арачиново.

Бегалци од Косово се враќаат во Македонија.
Се зголемува бројот на бегалците кои се враќаат од Косово. До сега се вратени 11.180 бегалци (етнички албанци). УНХЦР планира организирано враќање на бегалците од Косово кои немаат документи за идентификација. Подготвените списоци ќе се верифицираат во надлежното министертсво, а потоа лицата на организиран начин ќе се враќаат во Македонија.

Жителите на Арачиново се уште не можат да се вратат во нивните домови.
Според изјавите на раселените етнички македонци до сега по еден член од семејството можеа да ги посетат нивните домови. Според кажувањата на жителите етнички албанци полицијата ги пушта во селото само етничките македонци, додека тие треба да се обратат со допис до Координативното тело за справување со кризата за да им се дозоли тоа.

Влијание на човечките животи

Подрачја опфатени со воени дејства.
Од почетокот на судирите меѓу екстремистите и македонските сили за безбедност досега со воени дејствија беа опфатени селата од скопскиот, кумановскиот и тетовскиот регион.

Во регионот на Скопје и скопска Црна Гора со војни дејствија беа опфатени селата Танушевци, Брест, Гушинце, Малина мала, Лукаре, Арачиново, Мојанце, Грушино, Орланци, Брњарци и Радуша.

Во регионот на Тетово селата Селце, Лавце, Вејце, Бродец, Бозовце, Вешала, Гајре, Лисец, Шипковица, Ѓермо, Дреновец, Брезно, Јелошник, Варвара, Отуње, Сетоеле и Једоарце.

Во Куманово селата Лојане, Ваксинце, Оризаре, Слупчане, Отља, Липково, Лопате, Опаје, Матејче, Ропалце, Никуштак, Виштица, Извор и Умин Дол.

Состојба во Липково.
Во општина Липково која е под контрола на есктремистите во моментот се наоѓаат околу 14 илјади жители. Само во селото Липково се наоѓаат околу 7 илјади лица, овој број варира бидејќи жителите од околните села (Оризаре, Слупчане, Ваксинце, Отља и Матејче) постојано се движат. Тие единствено живеат од хуманитарната помош што им ја носат локалните НВО. Во селото Липково нема систем за водоснабдување, туку постојат бунари од каде се снабдуваат со вода. Селото има електрична енергија и воопшто не е погодено од воените дејствија.

Предизвикани штети

Засега нема службен извештај од Координативното тело при Владата на Македонија за проценката на штетите од судирите во Арачиново.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна


Дистрибуција за ВРЛ.
Хуманитарна помош од 950 пакети (со прехрамбени продукти и средства за хигиена) од Меѓународниот комитет на црвениот крст беше донирана за раселените лица од кризните подрачја, кои се сместени по домовите во Чичино село, Здравко Цветковски, Ранка Милановиќ, Сениќ, Партеније Зографски, Димитар Влахов и Стив Наумов. Инаку МКЦК врши дистрибуција на пакети со основни прехранбени продукти и тоа во првите два месеци од регистрацијата. Понатаму помошта треба да ја преземе друга агенција. Се најавува дека за 18,000 ВРЛ дистрибуцијата ќе ја врши италијанската организација Интерсос, финансирана од ЕЦХО.

Конвојот за Шипковица чека дозвола.
Конвојот со хуманитарна помош за селата од општина Шипковица, организиран од страна на Меѓународниот црвен крст, хуманитарните организации Ел Хилал, Класје на добрината идр. Се уште не добија одобрение од Министерството за внатрешни за да продрат во оваа област. Инаку во овие села се наоѓаат околу пет илјади жители, кои имаат потреба од хуманитарна помош поради ограничениот пристап кој трае два месеци.

Конвој со помош до општината Липково.
На 12 јули во општина Липково влезе конвој со хуманитарна помош, каде се наоѓаат околу 14 илјади жители (етнички албанци). Конвојот беше организиран од хуманитарните организации Натира (поддржана од АЦТ/МЦМС), Јета, Мајка Тереза, Класје на добрината, Мерхамет, Сојуз на жената Албанка и Флора. Помошта се состоеше од 18 камиони со 40 тона храна што е доволно за 2-3 недели. Помошта ќе им се подели на жителите во селата Оризаре, Липково, Отља, Слупчане, Ваксинце и др.

Помош за иселените етнички македонци.
Со посредство на Македонската православна црква во Тетово на 12 јули од Германија пристигнаа 600 пакети хуманитарна помош за жителите (етнички македонци) од селата Сетоле, Отуње, Јадоарце, Варвара, Брезно и Јелошник. Станува збор за 2.500 жители кои се иселија под притисок на екстремистите. Акцијата ја организираа неколку македонски црковни општини, здруженија и поединци.

Здравство

Се уште не важи одлуката на Владата на РМ за бесплатна набавка на лекови за раселените лица.

Засолништа

Не се отворени нови колективни центри за раселените лица.

Владата донесе одлука за финансирање на ВРЛ во колективните центри во износ од 400 МКД дневно за ВРЛ (5,64 УСД). Не е познато дали средствата се доволни за покривање на трошоците (и дали воопшто ќе бидат исплатени) и дали ќе постојат потреби за поддршка од други агенции.

Водоснабдување и санитација

МЦМС продолжува со активности за обезбедување на алтернативен извор на вода за Медицинскиот центар во Куманово. По првата неуспешна проба, втората проба покажа дека изворот е употреблив.

Училишта и образование


Во делот на училишта и образование досега нема никакви активности.

Хуманитарно деминирање

Нема такви активности во овој период.

Заштита и човековите права

На иницијатива на МЦМС во тек е подготовката на брошурата за "Информативна и правна поддршка на внатрешно раселени лица". Во врска со ова собираат информации од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) кои се надлежни за ВРЛ.

Психолошка помош

Нема такви активности во вој период.

Посткризна рехабилитација

Службата за комунална хигиена во Арачиново досега собрала околу 120 мрши од пцовисан добиток. Животните се закопуваат во специјални јами. Постои голема можност да се појават заразни болести во кризните подрачја каде што мршите не се отстранети.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

Нов финасиски пакет.
Европската Унија работи на дополнителен финансиски пакет од 50 милиони евра за Македонија за поддршка на политичкиот договор што се очекува да биде постигнат во најскоро време. Овие 50 милиони евра се додаваат на веќе ветените 42 милиони евра за оваа година

Средствата од ЕЦХО распределени. Буџетот од 3.15 милиони Евра на ЕЦХО е веќе распределен. Интерсос е еден од корисниците и ќе обезбедува основен прехранбен пакет за 18,000 ВРЛ следните шест месеци.

Координација

Министерство за труд и социјална политика со логистичка поддршка на МЦМС на 11 јули организираше координативна средба за формирање на Национално хуманитарно координативно тело, по иницијативата на претседателот на Републиката, Борис Трајковски. На состанокот присуствуваа претставници од Кабинетот на Претседателот, министерство за труд и социјална политика, меѓународни владини организации, меѓународни невладини организации, домашни невладини организации и преставници од движењето на Црвениот крст. Присутните на состанокот се договориле да членството на НХК биде намалена, заради поефикасност на работата, да се обезбедат повеќе информации од Координативното тело на Владата за справување со кризата и се одлучи НХК да биде централно тело кој ќе ги координира активностите на сите горенаведени организации и институции. Следната средба е закажана за 19 јули оваа година.

Back to News