Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 04/2002

ИЗВЕШТАЈ ЗА СИТУАЦИЈАТА БР. 4/2002

18 февруари - 24 февруари

 

ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица
Според најновата регистрација, во моментот бројот на ВРЛ сместени во семејства домаќини изнесува 13,432, додека ВРЛ сместени во колективните центри е 2,871. Ова е вкупниот број на ВРЛ кои имаат евидентен лист од Црвениот крст.

Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 10,000 бегалци (етнички Албанци).


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна
Огранокот на Ел хилал од Струга на 18 февруари дистрибуира 50 тони помош во храна, хигиенски производи и облека за населението од општина Липково. Огранокот на Ел хилал од Гостивар дистрибуира 20 тона храна и хигиенски производи за селата Ропаљце и Отља. На 20 февруари Ел хилал за 50 жители од Битола дистрибуира пакети со храна и хигиенски производи.
Црвениот крст на град Тетово заврши со февруарската дистрибуција на пакети со прехранбени и хигиенски производи за 3.690 семејства од овој град.

Хуманитарната организација „Мајка Тереза“ од Струга дистрибуира 18 тони храна и хигиенски производи за населението од општина Липково. Помошта состоела 10 тони брашно, 300 кг компири, 1800 кг млеко во прав, 300 литри зејтин, 400 кг шеќер, 330 ќебиња, 10.000 парчиња сапун и 200 парчиња шампон.

МКЦК во текот на рфевруари дистрибуира помош во храна за 2.871 ВРЛ сместени во колективни центри, како и за 4.801 микро-раселени лица во Скопје и Тетово.

 Здравство
ЕЦХО го комплетираше списокот на амбулантите кои се рехабилитирани.

Засолништа
УНХЦР дистрибуира 200 пакети за повратници во селото Вејце.
УНХЦР потпишал поддоговор со ИРЦ и ДРЦ за брза проценка на селата, што ќе покрива околу 600 куќи од 1 и 2 категорија во регионот на Тетово, Куманово и Арачиново.

Инфраструктура
УНХЦР обезбеди 3 милиони долари за Проекти за брза имплементација за оваа година. Проектите не може да траат повеќе од три месеци.

Земјоделство
Шпанската отганизација MPDL досега дистриубираше сточна храна во 19 села во скопско за 1598 корисници, а во кумановско за 70 села за 4.460 корисници. Сите корисници добиле по 200 кг пченка во зрно и по 25 кг соја.

Училишта и образование
UNICEF опремува и е во процес на дистрибуција на мебел за основните училишта во регионите опфатени со кризата, како и за училишта кои имаат потреба од тоа.Досега дистрибуцијата е завршена во училиштата во Коњаре, Шемшево, Опае, Грушино, Лопате, Липковица, Шипковица, Бродец, Љубанци и училиштата во Скопје:„Патрение Зографски“, „Лирија“, и „25 Мај“. Со дистрибуција ќе бидат опремени 145 основни училишта со 9.200 столчиње, 4.300 клупи, 380 табли за пишување и 360 печки.

Психосоцијални активности
Нема нови познати активности во овој период.

Хуманитарно деминирање
Во почетокот на март специјални тимови ќе почнат со деминирање во кризните региони. Деминирањето ќе го водат Меѓународната организација “Интернатионал труст фоунд” (ИТФ) и Канцеларијата за отстранување мини на Обединетите нации.

Наменските сили лисици/ТФФ идентификувале три нови опасни региони. Тоа се патот до Танушевци, патот кон Лука Маало и патот што води кон Думановце.

 
ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање
Претсед   Македонската Влада го проследила списокот на потребите што треба да се покријат со средства од престојната донаторска конференција во Брисел. Македонија ќе побара 228 милиони долари од донаторите, од кои 165 милиони од донаторите, од кои 165 милиони се бараат за покривање на платниот биланс и минусот на буџетската сметка, 40 милиони за реконструкција и 23 за спроведување на Охридскиот договор.

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 3/2002 [11 февруари - 13 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 2/2002 [4 февруати - 10 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 1/2002 [28 јануари - 3 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 25/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News