Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 13/2001

27 август - 2 септември 2001 година

Скопје, 3 септември 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Вкупен број на ВРЛ.
Во Македонија, според Македонскиот црвен крст, бројот на внатрешно раселените лица (ВРЛ) изнесува 74.524 лица. Од нив, 3.829 се сместени во колективните центри.

Зголемен бројот на бегалците кои се враќаат од Косово.
Според податоци од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 45.000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија до сега се вратени околу 36.000 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна


Помош од УНХЦР за раселените лица од Љуботен. На 29 август, во населбата Чаир, УНХЦР делеше хуманитарна помош за 43 раселени лица од скопското село Љуботен. Помошта се состоеше од ќебиња, душеци, хигиенски артикли и кујнски прибор.

Огранокот на Класје на добрината од Скопје започна со дистрибуција на помош во храна за месец август, за раселените лица од кризните региони, кои се сместени во семејства домаќини во Скопје.

На 27 август НВО Натира од Куманово, почна со дистрибуција на брашно за 1000 семејства (25кг за 1 семејство).

На 31 август ИЦРЦ/МКЦК дистрибуираше помош за жителите на општина Теарце (Непроштено и Слатино) и општина Липково. Помошта се состоеше во семејни и индивидуални пакети со храна, пченично брашно и комплети за бебиња.

Здравство

Тим на ИРЦ/Меѓународниот Црвен Крст го посети Арачиново минатата недела, каде стручни лица направија проценка на штетите во амбулантата. Потребни се мали реконструкции. УНИЦЕФ донираше опрема, како и комплети за докториите и медицинските сестри. Се очекува екипата да започне со работа оваа недела.
WHO/Светска здравствена организација планира да направи проценка на здравствени капацитети во регионите во кој е можен пристапот, а подоцна во селата погодени со конфликтот.

Засолништа

Македонската влада и хуманитарните агенции, на 22 август почнаа со проценка на оштетените куќи во село Арачиново. Досега се проценети околу 300 куќи во Арачиново, 20 куќи во Лопате и училиштето во Брњарци.

Водоснабдување и санитација

Во село Арачиново, МЦМС инсталираше 5 резервоари (еден резервоар има зафатнина од 20.000 литри) за технолошка вода. Дотурот на водата и натаму ќе ја врши Комунална хигиена, но се очекува значително растеретување на механизацијата.

Училишта и образование

Владата на Република Македонија, одлучи учебната година да започне на 10 септември, наместо на 1 септември.

Хуманитарно деминирање

Армијата на Република Македонија соопшти дека во кризните тетовски, кумановско-липковски и скопски регион, се поставени околу 2.000 нагазни и противтенковски мини. Како опасни миниски полиња спаѓаат магистрала Тетово-Јажинце, сите приоди кон тетовските села, падините на Шипковица; дел од автопатот Тетово-Гостивар и теренот околу Рамно кај караулата во Танушевци и приодите кон селата Слупчане, Опае, Оризаре и Ваксинце. Амбасадата на САД, на Владата на Македонија и предложи. нивни екпсерти да се ангажираат во деминирањето на овие области.
На 1 и 2 септември, специјализираните сили на НАТО почнаа со деминирање и обележување на минските полиња на патот Лешок-Жилче, кој се наоѓа крај патот Тетово-Јажинце.

Заштита и човекови права

МЦМС, заедно со други локални НВО почна со дистрибуција на брошурата “Информативна и правна поддршка на внатрешно раселени лица”.

Институтот за социолошки и политичко правни истражувања ги објави преводите на македонски и албански јазик на “Раководни начела за внатрешното раселување”, (издадени од UN OCHA).

Психосоцијални активности

УНИЦЕФ врши активности во летните центри за справување со стресови во регионите со поголем број на ВРЛ, како во Скопје и Тетово. Три летни центри работат во Куманово. Тие нудат спортски активности и рекреација, психосоцијални консултации, здравствена едукација, грижа и развој на раното детство, активности за опасност од мини и др.

Посткризна рехабилитација

Владата на РМ, УНХЦР и ИМГ ги усогласуваат Стратегијата за реконструкција на објекти, како и форматите за проценка на оштетувањата.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

Холандија прифати да биде домаќин на можната донаторска конференција за Македонија, која треба да се одржи во средината на октомври оваа година.

Координација

Шести состанок на НВО хуманитарна координација.
На 28 август е одржан состанокот на НВО хуманитарна координација, каде беа одредени локациите за одржување на обуки за заштита од мини, и тоа во колективните центри во Скопје, просториите на „Меѓаши“, две основни училишта и три приватни куќи во Куманово, Просториите на „Даја“ во Куманово, просториите на „Месечина“ во Гостивар, просториите на Класје на добрината во Скопје и основното училиште „Никола Вапцаров“ во Скопје.

Исто така беше информирано од страна на МЦМС дека обуката за раководење со итни операции ќе се одржи од 5-9 септември во Скопје и ќе се изведува на англиски јазик.

На состанокот беше кажано дека реконструкцијата и изградбата на објектите, по проценката, паралелно ќе започнат со поправка на овјектите од различни категории.

Исто така во тимот за проценки на штети во с.Лопате, каде треба да започне со проценката деновиве, има претставници од локалната власт. Во врска со започнувањето на новата училишна година, раселените деца ќе можат да ја следат наставата во местата каде тие се сместени.

Седми состанок на НХК.
На средбата, од страна на претседавачот беше даден осврт за минатонеделните активности. Беше информирано дека секојдневно се организираат конвои со раселени лица за посета на Теарце, Лешок и Непроштено. Исто така беше потенцирано дека се зголемува бројот на ВРЛ во колективните центри, поради причината дека семејствата домаќини не добиваат доволна помош.

Претставникот на Министерството за образование и култура кажа дека би требало да се реализира ветената помош во учебници, но треба да се помогнат сите деца, а не само децата погодени од конфликтот.

Претставникот на ИЦРЦ/МКЦК информираше за активностите за ослободување на киднапираните лица.

На состанокот, од страна на странските организации беше потенцирано неопходноста од деблокирање на граничниот премин Табановце, за што побараа итна акција од страна на Владата.

На состанокот беа потенцирани некои последователни активности: ИЦРЦ/МКЦК заедно со УНИЦЕФ ќе направат програма за информирање на населението од опасност од мини; WFP/Светска организација за храна заедно со други организации ќе започне со проценка на потребите за храна; ECHO наскоро ќе започне со дистрибуција на хигиенски пакети за ВРЛ сместени во семејства домаќини.



Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 Јули - 05 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 Јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 Јуни]

Back to News