Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 23/2001

5 ноември - 11 ноември 2001 година

Скопје, 12ти ноември 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Црвениот крст на Македонија еднаш месечно ќе го објавува бројот на ВРЛ. Последната информација укажува на бројка од 53,797 ВРЛ.

Бројот на бегалци кои се враќаат од Косово. Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 14,000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 62,000 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна

ICRC/МКЦК заврши со последната дистрибуција што опфаќала осум илјади корисници во село Арачиново. Од почетокот на октомври помогнати се 82,000 лица во кризните региони.

WFP/SOH ја заврши проценката за потребите на храна, финансирана од ECHO а спроведена од AAH/Акција против гладот со поддршка на SOH.

Шпанската хуманитарна организација MPDL во текот на 6 и 7 ноември вршеше дистрибуција на пакети со свежа храна, донација од ECHO, за колективните центри во Катланово и Шуто Оризари. Пакетите содржат млеко, конзервирано месо, рибји конзерви, компот, сирење и кромид. Во Катланово се дистрибуирани 540 хуманитарни пакети, додека во Шуто Оризари 1220. За Заедницата на Србите и Македонците во Македонија, преку организацијата “Македонија” се дистрибуирани 600 пакети за ВРЛ и 150 пакети за семејствата домаќини.

Здравство

WHO/СЗО продолжува со снабдување на бесплатни лекови за ВРЛ во три аптеки во Скопје, и за медицинските центри во Куманово и Тетово.

МФЦК/МЦК продолжуваат со дистрибуција на хигиенски производи за семејства домаќини, додека Данскиот комитет за бегалци дистрибуира хигиенски производи во колективните центри.

IRC ќе изврши мала реконструкција на амбулантата во Арачиново.

IOMзаврши со проценка на потребите за здравствената грижа.

Засолништа

УНХЦР на 5 ноември дистрибуираше 230 пакети за повратници за жителите на село Опаје. Пакетите содржат ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства. Исто така дистрибуирани се пакети за повратници во општина Шипковица: во Лисец за 50 семејства, Гајре 15, во соработка со Ел хилал во Бозовце за 50 и во Вешала за 30 семејства.

Хуманитарната организација АДРА врши проценка на штетите во селата Сетоле, Једоарце и Отуле.

Германскиот Каритас дистрибуираше облека и обуви за колективните центри: Шуто Оризари, Пелагонија, Олимписко Село, Чичино Село, Катланово и Сениќ.

OXFAM обезбеди облека за 600 деца од општина Липково, која се дистрибуира преку Асоцијацијата на жената Албанка.

На 8 ноември МЦМС во Матејче дистрибуираше пет илјади ќерамиди за 55 корисници. Исто така се дистрибуирани греди, цемент, блокови, надворешни врати и прозорци.

Водоснабдување и санитација

Нема нови активности во овој период.

Училишта и образование

УНИЦЕФ информираше дека на 77 училишта им е потребна рехабилитација. Од нив, 5 се комплетирани, 28 ќе бидат рехабилитирани со средства веќе одобрени од донатори и седум ќе бидат рехабилитирани со средства ветени од донатори, додека 37 остануваат непокриени. Исто така УНИЦЕФ информира дека во дванаесет училишта не се одвива наставата, или поради тоа што учениците се раселени или поради оштетувања на училишната зграда.

МЦМС заврши со поправки на прозорците во шест училници во училиштето во Матејче, со што започна наставата.

Хуманитарно деминирање

Во кризните региони продолжуваат активностите за деминирање на теренот. Во тетовскиот регион од мини е чистен теренот во селата Лешок и Теарце, како и се контролира пругата Тетово-Радуша, а во кумановскиот регион се работеше во селото Опае.

ICRC/МКЦК продолжува со активностите за индформирање од опасноста од мини и неексплодирани средства. Активности се реализирале во Шипковица и Теарце.

Заштита и човекови права

Нема нови активности во овој период.

Психосоцијални активности

Нема нови активности во овој период.

Посткризна рехабилитација

CARE дистрибуираше 300 тони семе за пченица во регионот на Тетово.

CRIC дистрибуираше храна за животни за 300 земјоделци, со средства од ECHO.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање


Според информации од Светската банка, доколку уставните измени се изгласаат на 12 ноември, донаторската конференција за Македонија би можела да се одржи меѓу 15 – 20 декември оваа година.

Германското Министерство за надворешни работи од име на Сојузната влада минатата недела стави на располагање дополнителни 1,5 милион германски марки за итни хуманитарни мерки. Од оваа сума, УНХЦР ќе добие 1 милион марки за обнова на оштетените куќи, а 500.000 марки се доделуваат на МКЦК за набавка на прехранбени производи, хигиенски пакети и пакети за бебиња за раселените лица и за вратените бегалци.



Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News