Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 17/2001

24 - 30 септември 2001 година

Скопје, 1 октомври 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Битно намален бројот на ВРЛ.
Во Македонија, според ICRC/МКЦК, бројот на внатрешно раселените лица (ВРЛ) изнесува 41,212 лица. Од нив, 3,595 се сместени во колективните центри. Намалувањето на бројот на ВРЛ се дожли на смирувањето на ситуацијата во Тетово и останатите кризни подрачја.

Се повеќе бегалци се враќаат од Косово.
Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 26,100 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 55, 700 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна


Ел хилал изврши дистрибуција на 20 тона прехранбени производи и хигиенски артикли за општина Липково.

МЦМС за селата Луковица, Урвич, Јеловјане Јегуновце, Слатино и Лешок дистрибуира вкупно 8,7 тона брашно, 8,5 тона сточна храна, 600 килограми шеќер, 600 литри зејтин, 300 кг сол и хигиенски артикли.

Здравство

WHO/Светска здравствена организација и Министерството за здравство подготвуваат листа за проценка на штетите на здравстевните објекти во кризните подрачја.

Засолништа

На 25 септември УНХЦР достави 203 семејни хуманитарни пакети за раселените лица од Лешок и Слатино. Пакетите содржат ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства
На 25 септември, УНХЦР исто така преку Ел хилал изврши дистрибуција на 20 семејни пакети за Лојане и 50 за Ваксинце.

Водоснабдување и санитација

Нема нови активности во овој период.

Училишта и образование

По 18 дневен бојкот на наставата, околу 600 средношколци Албанци се вратија во училиштата во Куманово.

Учениците од паралелките на македонски јазик, од основното училиште “Братство-Миѓени” во Тетово, се уште наставата ја одржуваат во дворот на училиштето.
Наставата сe уште не е започната во училиштата во селата Урвич, Ново Село и Јеловјане, затоа што наставниците не можат да стигнат до своите работни места.

Хуманитарно деминирање

ICRC/МКЦК на 24 септември вршеше предавања за претпазливост од мини и други нагазни експлозивни средства во општините: Теарце, Вратница, Џепчиште и селата: Радуша, Арачиново, Лопате и Опае.

Екипа за деминирање на Интерсос почна со преглед на теренот од можни поставени мини и неексплодирани средства во село Непроштено.

Заштита и човекови права

Нема такви активности во овој период.

Психосоцијални активности

Меѓаши, САЖМ, ООЖМ и РОЖМ "Даја" работат на психосоцијалната поддршка на раселените деца и жени.

Посткризна рехабилитација

Експертскиот тим за проценка на штети, составен од претставници на Министерството за транспорт и врски во соработка со ИМГ, од 24 септември почна да спроведува активности во Липково, Слупчане, Тетово, Вејце, Лавце и Селце.

Досега е извршена проценка на 1.660 оштетени објекти, од кои околу 70% се оштетувања од прва и втора категорија, 20% се од трета категорија, а 10% се целосно уништени. До крајот на септември се планира да бидат завршени најприоритетните проценки, за да можат да се извршат подготовките за донаторската конференција, која треба да се одржи на 15 октомври во Брисел.

УНХЦР во соработка со Европска унија и други независни агенции за помош до крајот на годината планира да реконструира околу 1,500 куќи во кризните региони. УНХЦР ќе ги поправа помалку оштетените куќи, додека ЕУ ќе врши поправка главно на пооштетени објекти.

Градење мерки на доверба

На 26 септември во село Непроштено, под покровителство на Советот на општина Теарце, се сретнаа претставници од македонското и албанското население, каде тие разговараа на политички теми. Тие разговараа за заедничко создавање услови за враќање на раселените жители, нивната безбедност и идниот соживот во селото.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

На 26 септември во Скопје присуствуваше делегација на Министерството за надворешни работи на Италија, која имаше средба со министерот за труд и социјална политика, Бедредин Ибраими. Целта на посетата е конкретизирање на можностите за насочување на помошта на италијанската влада за Македонија во вредност од 4 милиони германски марки за ублажување на дел од штетите предизвикани од кризата.

ФАО/Меѓународна организација за храна ќе го помогне проектот за обезбедување семенска пченица и вештачко ѓубре за 55 илјади лица кои ќе добијат по 150 килограми семенска пченица и по 150 килограми вештачко ѓубре. Вредноста на проектот изнесува 2,5 милиони германски марки. Реализацијата на проектот е како резултат врз проценките и анализите направени врз состојбите во кризните региони, направени од страна на Министерството за земјоделство.

Германија ја зголеми итната помош за Македонија на седум милиони германски марки. Дополнителните два милиони марки ќе бидат наменети за надминување на последиците од кризата во земјата. Еден милион и 800 илјади германски марки ќе се одобрат веднаш, а со нив ќе се финансираат конкретни мерки за помош на раселените лица и за попрвака на оштетените куќи во кризните регони.

Координација

Десетти состанок на НВО хуманитарната координација.
Присутните информираа за активностите во минатата недела. Претставникот на Меѓаши побара информација од Црвениот крст на Македонија во врска со одлуката за престанок на регистрација на ВРЛ по 11.09.2001 година. На состанокот беше истакнат проблемот со снабдување со учебници за раселените ученици. Присутните се согласија дека барањето на УНИЦЕФ до локалните НВО за бројот на раселените деца во и од кризните региони е задоцнето и не може да се помогне. По расправата беа донесени следните заклучоци: на 01.10.2001 да се одржи дополнителен состанок, на кој би се разгледале дополнителните активности кои треба да ги преземе НВО хуманитарната кординација, како заедничка акција кон олеснување и подобрување на состојбата во која се наоѓаат раселените лица; формирање координативно тело во Тетово од овој регион; да се опомене по последен пат Милосрдие, со која би се дефинирало нивното учество во НВО хуманитарната кординација; и да се одржи состанок на кој би учествувале организациите кои дистрибуираат хуманитарна помош во подрачјата со ограничен пристап и би се координирале за соодветна поделба на помошта.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News