Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 14/2001

3 - 9 септември 2001 година

Скопје, 10 септември 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Вкупен број на ВРЛ.
Во Македонија, според Македонскиот црвен крст, бројот на внатрешно раселените лица (ВРЛ) изнесува 76.026 лица. Од нив, 3.913 се сместени во колективните центри.

Зголемен бројот на бегалците кои се враќаат од Косово.
Според податоци од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 34.000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија до сега се вратени околу 47.771 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна


Конвој за Вратница и Орашје.
МЦМС и Кооперационе италијана-канцеларија за итни интервенции при италијанската амбасада во Скопје, организираа конвој со хуманитарна помош за Вратница и Орашје. Помошта се состоеше од прехрамбени артикли, зеленчук, сточна храна, хигиенски продукти, храна за бебиња и памперси. Исто така МЦМС преку својот партнер Натира достави помош за населението во општина Липково.

Ел Хилал достави помош во храна и хигиенски артикли до Липково, Ѓермо, Непроштено и Љуботен.

Здравство

СЗО оспособи една просторија во амбулантата во Арачиново, во која мобилниот лекарски тим од клиниката во Гази Баба секојдневно дава лекарска помош.
УНИЦЕФ и СЗО продолжува со давање подршка во лекови за трите аптеки во Скопје за потребите на ВРЛ.

Засолништа

УНХЦР врши поправки на крововите кои прокиснувале во колективните центри во Куманово, а во тек се проценски (ИРЦ) на потребите за други поправки (вклучително и парно греење).

Водоснабдување и санитација

Во село Арачиново, Комунална хигиена продолжува да доставува вода во четирите поставени резервоари за потребите на населението.

Училишта и образование

На 10 септември почна новата училишна година.
Учениците – раселени лица, училиштето ќе го продолжат во местата каде што престојуваат. Координативното тело за справување со кризи за учениците-студенти од тетовските села ќе обезбеди организиран превоз од Јажинце до Тетово и Скопје.

Во село Брњарци МЦМС ја заврши поправката на основното училиште.

Солидарите почна со подготовките за реконструкција на старото училиште во Арачиново. Една од трите згради на училиштето ќе биде обновена до крајот на неделата, втората за 2-3 недели, а за последната ќе треба 1,5 – 2 месеци.

Хуманитарно деминирање

Во Македонија пристигна специјална единица – минери, составена од 60 војници на Алијансата, оспособена за деактивирање на мински полиња.

Во Скопје пристигна експерт од ОН - оделот за мини, кој информираше дека степенот на опасност од мини е ниска. Најголема опасност постои од неексплодирани експлозивни средства во 20-30 села, кои се наоѓаат во кризните региони, но смета дека овој проблем може лесно да се реши.

ИЦРЦ/МКЦК ја промовираше својата програма за претпазливост на населението од неескплодирани воени средства, кои според експертска проценка се најголемата закана за цивилното население, кое живее во селата кои беа директно погодени од конфликтот.

Заштита и човекови права

Нема такви активности во овој период.

Психосоцијални активности

Психосоцијалната работна група на УНИЦЕФ бара партнери од локалните невладини организации за реализирање на планираните активности.

Посткризна рехабилитација

Тимот за проценување штети до сега во Арачиново има проценето околу 600 објекти.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање


Во Македонија престојуваше министерот за развој и соработка на Кралството Холандија Евелин Херфкенс, каде информираше дека Холандија ќе ја зголеми финансиската помош за Македонија од 23 на 46 милиони евра, за оваа година и за следните две години.

Европската Унија и додели на Македонија 42,5 милиони евра во форма на грантови за разни намени, кои средства се во склоп на КАРДС програмата. Исто така Кристофер Патен најави дополнителен грант од 50 милиони евра како макроекономска помош на Македонија, чие добивање е условено со успешен исход на преговорите со Меѓународниот монетарен фонд. Исто така Европската Унија ќе додели и 30 милиони евра за реконструкција и рехабилитација на енергетсикот систем во кризните подрачја, компензација на трошоците на семејствата домаќини, за покривање на трошоците на студентите што не можеле да се сместат во студентските домови, како и за реконструкција на оштетените домови во кризните подрачја.

Координација

Седми состанок на НВО хуманитарна координација.
Состанокот беше одржан на 4 септември, каде организациите изнесоа извештаји за нивната работа во претходната недела. На состанокот беше одлучено МЦМС и Ел Хилал да бидат постојани претставници во работата на НХК. Се одлучи бројот на членките во НВО хуманитарна координација да не се зголеми. Треба да се подобри работата на регионалното координативно тело во Куманово. Исто така да се преиспитат условите за формирање регионална координација во Тетово. На состанокот беше речено да се контактира со УНИЦЕФ во врска со учебниците, бидејќи голем број на организации го нудат истото. Така што се постави прашање за можно снабдување на учениците со облека, обувки, чанти и др. Исто така беше истакнат проблемот со учениците од кумановскиот регион, бидејќи училиштата во Куманово немаат капацитет да примат нови ученици. Треба да се контактираат надлежни министерства за можно отстапување на една од градинките во Скопје за згрижување на специфични групи раселени лица (мајки со мали бебиња), кои во моментот живеат во несоодветни услови. Како заклучок исто така беше донесен потребат на НВО хуманитарна координација заедно со локалните власти да дејствуваат на враќање на довербата меѓу луѓето, со посебен осврт на враќање во своите домови на лицата кои се помалку бројни во една средина.

Осми состанок на Национална хуманитарна координација.
На почетокот на состанокот, одржан на 6 септември, претставникот на Министерството за труд и социјална политика даде краток осврт на минатонеделните активности. Тој рече дека во соработка со ИОМ е организиран транспорт на внатрешно раселените лица во Куманово, а се планира истото да се стори и за лицата во Скопје и Тетово. Претставник на Министерството за тренспорт и врски извести дека е подготвен прашалникот за проценка на состојбата со водоснабдувањето и отстранување на отпадните води и цврстиот отпад. Од страната на ИЦРЦ/МКЦК се прават обиди да се договорат со хуманитарните организации да направт проценка на потребите на внатрешно раселените лица во колективните центри, семејствата-домаќини како и за повратниците. Претставникот на Македонскиот црвен крст најави дека привремено ќе го запрат регистрирањето на нови внатрешни раселени лица во Скопје и Тетово, поради можно дуплирање на списоците, за што ќе се направи проверка на сите регистрирани лица. Како потреби беше нагласено обезбедувањето на зимска облека за внатрешно раселените лица, како и деа се зголеми помошта во храна за раселените лица сместени во семејства домаќини. Исто така хуманитарните организации беа замолени да достават хуманитарна помош за селата Глоѓе, Селце и Пршоје. Претставникот на Ветеринарната управа побара помош од организациите во смисла на сточна храна и средтсва за обновување на сточниот фонд.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 Август - 2 Септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 Јули - 05 Август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 Јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 Јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 Јуни]

Back to News