Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 25/2001

19 ноември - 25 ноември 2001 година

Скопје, 26ти ноември 2001



ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Црвениот крст на Македонија еднаш месечно ќе го објавува бројот на ВРЛ. Последната информација укажува на бројка од 53,797 ВРЛ.

Нема измени на бројот на бегалците кои се враќаат од Косово.


Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 12,000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 64,000 лица.

Социјална состојба


Како последица на нарушената безбедносна состојба во северо-западниот дел на земјата, околу 700 вработени од тетовскиот крај останаа без работа. Скоро сите се работници во фабрики и угостителски објекти во кризното подрачје.

ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна


Хуманитарната организација Ел хилал дистрибуира 12 тона помош во основна храна и хигиенски производи за Липково и 5 тона за семејствата во Тетово.

WFP информира дека 45,000 корисници ќе добијат помош во храна во текот на ноември. ИнтерСос и Action Against Hunger ги покриваат потребите на ВРЛ кои не се регистрирани од страна на IFRC/МФЦК. IFRC продолжува да дистрибуира помош во храна за колективните центри.

Здравство

Нема нови активности во овој период.

Засолништа

УНХЦР информира дека инфраструктурните поправки во колективните центри се извршени.

УНДП се обврза да финансира поправка на системот за греење во еден колективен систем.

IFRC/МФЦК, УНИЦЕФ, Каритас-Германија, DRC/Дански совет за бегалци и World Vision дистрибуираа зимска облека за ВРЛ сместени во семејства домаќини.

МЦМС на 21 и 22 ноември дистрибуира градежен материјал за Радуша. На 23 ноември во Матејче заврши дистрибуцијата на градежен материјал за 172 куќи од прва категорија (дистрибуирано е стакло, вар, прозорци, врати и ламперија). На 24 ноември дистрибуирано е градежен материјал за оштетените куќи од прва и втора категорија. Вкупно беа опфатени 14 куќи. За поправка на оштетените објекти беа дистрибуирани ќерамиди, стакла, прозорци, врати, ламперија и др.

Водоснабдување и санитација

Нема нови активности во овој период.

Училишта и образование

Од 19 ноември околу 700 ученици од училиштето во Арачиново не ја следат наставата. Учениците досега учеа во шатори, но по влошувањето на временските услови тоа е невозможно. Училишната зграда сеуште не е реконструирана.

На 20 ноември во Тетово беше отворен Универзитетот на Југоисточна Европа. Ова е првиот приватен универзитет во земјата. Наставата ќе се одвива на три јазика: македонски, албански и англиски.

УНИЦЕФ информира за статусот на училиштата во кризните региони: од 78 училишта оштетени за време на конфликтот, 10% се рехабилитирани, 51% се поправаат, 5% можат да бидат поправени со обврска од донатори, додека за 44% сеуште се бараат средства за рехабилитација. УНИЦЕФ продолжува да дистрибуира книги и училишен прибор за сите училишта каде пристапот сеуште не е возможен.

Хуманитарно деминирање

Тимовите за откривање и отстранување на мини и други експлозивни направи, на 19 ноември почнаа да ги спроведуваат активностите на патниот правец Слупчане-Алашевце (кумановско), како и во тунелот на патниот правец Орашје – Јегуновце (тетовско).

ICRC/МКЦК досега имале 50 презентации од Програмата за опасност од мини за жителите во кризните подрачја во Тетово и Куманово. Исто така е организирана презентација во основното училиште во Ратае како и за наставниците во селото Јегуновце.

Заштита и човекови права


Нема нови активности во овој период.

Психосоцијални активности

Филолошкиот факултет од Скопје организираше семинар за наставници, педагози, психололзи и директори на кој тие се подготвуваат за соочување со стресната ситуација и намалување на стресот, и за да им помогнат на децата да ги надминат трауматичните искуства.

Safe childhood/Спасете го детството има седум мобилни тима на теренот кои работат во колективните центри и семејствата домаќини.

Посткризна рехабилитација

Европската комисија ќе и додели на Македонија помош од 12 милиони евра за обнова на инфраструктурата и станбените објекти, оштетени за време на воените дејствија. Предвидено е 4,5 милиони евра да бидат наменети за обновување на електричната мрежа на 100 илјади корисници во Тетовско, Кумановско и Арачиново. Со доделените средства ќе бидат обновени 500 куќи, со што ќе се овозможи враќање на 3.500 раселени лица.

ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање


Министерот за финансии, Никола Груевски, на 22 ноември, по средбата со претставници од Европската Унија, од ММФ и од САД, изјавил дека донаторската конференција за Македонија се очекува да се одржи на 14 или 20 декември. Средствата ќе ги обезбедуваат Евопската Унија, и владите на САД и Холандија. На оваа донаторска конференција се очекува да се добијат околу 90 милиони евра.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News