Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 01/2002

ИЗВЕШТАЈ ЗА СИТУАЦИЈАТА БР. 2/2002

28 јануари - 3 февруари 2002 година

 

ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица
Според најновата ре-регистрација, во моментот бројот на ВРЛ сместени во смејства домаќини изнесува 13,432, додека ВРЛ сместени во колективните центри е 2,871. Ова е вкупниот број на ВРЛ кои имаат евидентен лист од Црвениот крст.

Нема измени на бројот на бегалците кои се враќаат од Косово. Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 12,000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 64,000 лица.

ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна
ИЦРЦ/МКЦК дистрибуира помош во храна за 4,800 микро-раселени лица во Скопје и Тетово. Пакетот на МКЦК содржи 12 кг. брашно, 1 кг. грав, 1 кг. шеќер, 1 кг. ориз, 1 литар масло за јадење, 0,25 кг. сол, 1 кг. макарони, 0,1 кг. квасец и 0,25 кг. сардини.

ААХ дистрибуира храна за околу 14,700 лица во селата од кризните региони.

Интерсос дистрибуира помош за 13,500 ВРЛ сместени во семејства домаќини. Помошта е составена од 20 кг. брашно, 2 кг. ориз, 2 кг. шеќер, 2 литри масло за јадење и 2 кг. макарони.

Ел хилал за потребите на населението во општина Липково, на 28 јануари дистрибуира 10 тони храна за Липково и на 31 јануари 10 тони за Слупчане.

Здравство
Нема нови активности во вој период.

Засолништа
Комитетот за поправки и реконструкција ги подготвува нацрт процедурите за реконструкција на оштетените куќи од 3 и 4 категорија. Според новите информации од УНХЦР за завршените работи околу поправките на оштетувањата на куќите од 1 и 2 категорија, напредокот на поправките според агенциите-донатори: УНХЦР има завршено 100% од работите, Владата на Германија 64%, УСАИД/ПРМ 76% и Владата на Данска 100%.

Месечина во соработка со Европска перспектива од Грција дистрибуира санитарни материјали за 20 семејства каде беа сместени раселени лица.

Инфраструктура
Специјалниот советник на САД за Југоисточна Европа, амбасадорот Џејмс Холмс, претсојуваше во Тетово, каде имаше средба со градоначалникот Муртезан Исмаили, при што донираше помош во висина од 83.000 долари од Агенцијата за меѓународен развој на Владата на САД - УСАИД. Во моментот се изведува дупчење за добивање подземна вода за снабдување на Тетово, каде рестрикциите траат по 12 часа дневно. Со овој проект треба да се изградат две пумпни станици на два извора во Тетово.

Европската агенција за реконструкција се вклучи во поправката на електроенергетската мрежа во различни региони, за што се одвоени 10,5 милиони евра. Потпишани се договори со Електростопанство на Македонија и со италијанската компанија „ЕНЕЛ“ , која е задолжена за контрола на целиот процес. Во рамките на оваа програма завршени работите за обновување на енергетската мрежа во Тетово, како и во околните места, а 80% од домаќинствата во Арачиново повторно добија електрична енергија.

Земјоделство
АЦТЕД дистрибуира пченка во зрно и сојно брашно во тетовскиот, Гостиварскиот и Мавровскиот регион. Со проектот се опфатени сите корисници на животни. Во тетовскиот и Гостиварскиот регион се опфатени околу 13.000 корисници. Во регионот на Тетово секој корисник добива по 200 кг. пченка во зрно и 20 кг. сојно брашно.

Училишта и образование
Според изведените работи околу рехабилитацијата на училиштата во кризните региони, досега се извршени поправки во 36 училишта, додека остануваат да се завршат работите уште во 35 училишта.

УНИЦЕФ ја започна втората фаза на дистрибуција на училишни сетови. Вкупно ќе бидат опфатени 92 училишта во кризните региони, како и училиштата кои примиле голем број на ученици – ВРЛ.

Психосоцијални активности
Семејниот центар во Куманово е затворен, но психосоцијалните центри во Скопје – Шуто Оризари и Тетово продолжуваат со работа. СОС линијата за психосоцијална поддршка сеуште функционира.

 

ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

На состанокот на Советот на министрите во Брисел, Светската банка и Европската унија го утврдија терминот за донаторската конференција за Македонија, за 12 март во Брисел. Еврокомесарот за надворешна политика Крис Патен информирал дека Македонија ги исполнила трите услови за организирање на донаторската конференција. Македонија на донаторската конференција ќе побара 173 милиони долари, додека според неофицијални најави од Брисел, донаторите се подготвени да обезбедат 90 милиони долари.

Европската агенција за реконструкција (ЕАР) во наредниве неколку месеци ќе вложи 4,5 милиони евра за обнова на околу 800 куќи во кризните региони. За реализација на проектот за реконструкција на индивидуалните објекти, ЕАР ги ангажираше странските невладини организации како Мовимондо, Директна помош за децата (ЦАД) и грчката организација Европски перспективи. Германската организација „ПРОМПТ“ ќе врши контрола на градежните материјали заради запазување на одредените стандарди, а ќе ја контролира и самата изградба.

Координација
17 состанок на НВО хуманитарна координација. Со состанокот претседаваше претставникот на САЖМ. Организациите информираа за нивните активности, но потенцираа дека интезитетот е многу помал. Сега се подготвуваат планови за наредниот период. На состанокот беше присутен и претставникот на Меѓународниот совет на невладини организации. Тој информираше дека во февруари оваа година ќе се одржи донаторска конференција на меѓународните невладини организации.

Ахмед Јашаревски, Дром, рече дека еден од поголемите проблеми во Куманово е сеуште нерешениот случај на средношколците (Албанци), кои наставата ја следат во основните училишта. Бајрам Сулејмани, Натура, забележа дека и покрај успешното нормализирање на состојбата во липковскиот регион, се продлабочува социјалниот јаз помеѓу жителите. Потребата од основни животни артикли се зголемува, наспроти намалената дистрибуција на храна во регионот.

 

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 25/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News