Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 05/2002

ИЗВЕШТАЈ ЗА СИТУАЦИЈАТА БР. 5/2002

25 февруари - 3 март 2002 година

ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица
Според најновата регистрација, во моментот бројот на ВРЛ сместени во семејства домаќини изнесува 14.159, додека ВРЛ сместени во колективните центри е 2,870. Ова е вкупниот број на ВРЛ кои имаат евидентен лист од Црвениот крст.

Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 10,000 бегалци (етнички Албанци).

ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна
Редовно се одвива дистрибуцијата на храна за ВРЛ (Интерсос) и повратници (ААХ) преку Црвен крст на Македонија.

Здравство
Светската здравствена организација одлучи да ги затвори две од трите привремени аптеки кои почнаа со работа во август минатата година, каде се дистрибуираа лекови за ВРЛ. Тоа е поради фактот што бројот на ВРЛ во Скопје е многу мал. Ќе остане отворена само аптеката која е сместена во здравствениот дом во Бит Пазар.

Хандикеп интернационал спроведува итен проект, дистрибуција на ортопедски помагала, за лицата со посебни потреби. Проектот ќе трае три месеци и финансиски ќе биде поддржан од УНХЦР.

Американскиот црвен крст го завршува проектот за здравствена едукација на ВРЛ во колективните центри и семејства домаќини.

Солидарите ги заврши активностите околу реконструкцијата на амбулантите во Матејче, Никуштак и Слупчане.

Засолништа
Европската агенција за реконструкција од 1 април годинава ќе обезбеди месечен надомест од 75 евра за 2.800 семејства, кај кои се згрижени раселените лица и за уште 600 семејства, кои згрижеле бегалци од Косово. Исплатата ќе се реализира на секои три месеци.

Инфраструктура
Во селото Побожје во општина Чучер Сандево почна изградбата на водоводот. Новиот резервоар ќе има зафатнина од 200 мі, а веќе се поаставени новата пумпна станица и пумпите во селото. Донатор на овој проект е УСАИД.

Европската агенција за реконструкција го презеде раководењето со главните програми за помош од ЕУ за Македонија. Приоритет на Агенцијата ќе биде реализацијата на Програмата на ЕУ за итна помош, вредна 26,5 милиони евра, наменети за реставрирање на електричната мрежа и реконструкција на домаќинствата во областите погодени од воениот конфликт.

Земјоделство
МПДЛ продолжува со дистрибуција на сточна храна во регионот на Куманово и Скопје, додека АЦТЕД во Тетовско.

Училишта и образование
ИМГ потпишале договор со Италијанска кооперација за рехабилитирање на училиштата: старата зграда во Матејче, новата зграда во Арачиново, двете згради во Слупчане.

ЕЦХО заврши со рехабилитација на училиштето во Порој.

УНИЦЕФ ќе обезбеди контејнери за училиштето во Никуштак.

Хуманитарно деминирање
Нема нови активности во овој период.


 
ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање
На 12 март во Брисел треба да се одржи донаторската конференција за Македонија.

 

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 4/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 3/2002 [11 февруари - 13 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 2/2002 [4 февруати - 10 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 1/2002 [28 јануари - 3 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 25/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News