Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 06/2002

ИЗВЕШТАЈ ЗА СИТУАЦИЈАТА БР. 6/2002

4 март -10 март 2002 година

ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица
Според најновата регистрација, во моментот бројот на ВРЛ сместени во семејства домаќини изнесува 14.159, додека ВРЛ сместени во колективните центри е 2,870. Ова е вкупниот број на ВРЛ кои имаат евидентен лист од Црвениот крст.

Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 10,000 бегалци (етнички Албанци).


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна
МКЦК/ICRC почна со втората дистрибуција на пакети со храна за 3,500 корисници од програмата за "микро-раселени". Дистрибуцијата се одвива во Скопје и Тетово. Во тек е дистрибуција на храна и за ВРЛ сместени во колективните центри.

Здравство
Наменските сили "Лисици"/ТФФ ќе спроведува два пати во недела здравствени услуги за жителите на село Радуша.

Засолништа
Директна помош за децата/CHAD ги суспендира на недодредено активностите околу реконструкцијата на оштетените куќи во Матејче, липковско. Активностите се запрени по физички напад на еден од работниците на CHAD.

УНХЦР ја комплетираше брзата проценка на 24 села во кризните региони. Во тек е социјална и техничка проценка на 700 куќи од 1 и 2 категорија во овие села.

Инфраструктура
Нивото на водата во хидроакумулациите Глажња и Липковксо Езеро е намален. Изградбата на двата алтернативни извори, кои се предвидени за дотур ќе почнат на 15 овој месец. За изградбата на бунарот во селото Проевце се обезбедни средтсва од Владата на Италија, во висина од 850.000 долари. Бунарите во населбата Бедиње и селото Ржановце ги финансира Европската агенција за реконструкција и Велика Британија, за што се предвидени околу 400.000 долари.

Земјоделство
Јапонија и донираше на Македонија неповратна помош во висина од 12 милиони долари. Грантот се однесува на на пет проекти од земјоделието, од кои четири се завршени, а петитот проект е во тек, каде помошта се состои во земјоделска механизација и вештачко ѓубриво.

ФАО инофмрира дека првата фаза од дистрибуција на сточна храна за 19,000 семејства е комплетирана во Скопје, Тетово и Куманово.

Училишта и образование
УНИЦЕФ дистрибуира училишен инвентар за училиштата во кризните региони, како во Лешок 10 столчиња, пет клупи и две црни табли; во Теарце 130 столчиња, 65 клупи и 13 црни табли; во Лопате 120 столчиња, 60 клупи, пет табли и десет печки.

Хуманитарно деминирање
Нема нови активности во овој период.

ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање
Република Македонија на донаторската конференција која треба да се одржи на 12 март оваа годиа во Брисел, ќе побара 256 милиони долари, од кои 185 за платниот дефицит и за покривање на буџетскиот дефицит, 45 милиони за реконструкција на штетите настанати од воените дејствија и 25 милиони долари за имплементација на рамковниот договор.

САД обезбедија донација од 125 милиони долари наменети за Годишната програма на УНХЦР. Од 14 милиони резервирани за Балканот, Македонија ќе добие 760 илјади долари за помош на веќе 20.000 бегалци и внатрешно раселени лица.

 

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 5/2002 [28 февруари - 3 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 4/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 3/2002 [11 февруари - 13 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 2/2002 [4 февруати - 10 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 1/2002 [28 јануари - 3 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 25/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News