Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 07/2002

ИЗВЕШТАЈ ЗА СИТУАЦИЈАТА БР. 7/2002

11 март - 17 март 2002 година

 

ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица
Според најновата регистрација, во моментот бројот на ВРЛ сместени во семејства домаќини изнесува 14.159, додека ВРЛ сместени во колективните центри е 2,870. Ова е вкупниот број на ВРЛ кои имаат евидентен лист од Црвениот крст.

Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 10,000 бегалци (етнички Албанци).


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна
МКЦК изврши дистрибуција на хуманитарни пакети за 520 лица во селата Малина Мала и Брест. Помошта се состоеше од брашно, прехранбени и хигиенски артикли и беби-пакети.
Ел хилал, ограноците од Гостивар и Велес, донираа 5 тони брашно за раселениоте лица од Скопска Црна Гора, поточно 8 тона за жителите од регионот на Липково.

 Здравство
Американскиот црвен крст го завршува проектот за здравствена едукација за ВРЛ во колективните центри.

МФЦК/ИФРЦ го спроведува проектот за примарна здравствена едукација во три амбуланти: колективниот центар во Шуто Оризари, амбулантата во Шуто Оризари и колективниот центар во Катланово.

Засолништа
УНХЦР ја привршува проценката на штетите на околу 600-700 куќи во 18 села од кризните региони, по што треба да започне дистрибуцијата на градежен материјал за нивна поправка. Оштетените куќи се од 1 и 2 категорија. Буџетот за нивна поправка е околу 800 илјади долари.

Инфраструктура
УНДП планира изградба на алтернативен извор за водоснабдување на Медицинскиот центар во Куманово. Исто така се планираат додатни извори на вода во градот Тетово, како и во општините Јегуновце и Вратница.

Земјоделство
АЦТЕД продолжува со дистрибуција на сточна храна (пченка во зрно и соја) во Тетовскиот регион.

Училишта и образование
УНИЦЕФ очекува одговор од Министерството за образование и наука за спроведување на проект за толеранција во три општини: Тетово, Куманово и Скопје.

Според најновите информации од УНИЦЕФ, на 19 училишта им е потребна рехабилитација.

Хуманитарно деминирање
Нема нови активности во овој период

 
ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање
Република Македонија на донаторскта конференција во Брисел, која се одржа на 12 март, доби 307 милиони евра. Од вкупната донирана сума околу 173 милиони евра се наменети за поддршка на платниот биланс, 85 за реконструкција на објектите оштетени за време на војната и 49 за примена на рамковниот договор од Охрид. Донаторите навестиле уште 271 милиони евра за проекти за економски развој.

 

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 6/2002 [4 март - 10 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 5/2002 [28 февруари - 3 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 4/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 3/2002 [11 февруари - 13 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 2/2002 [4 февруати - 10 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 1/2002 [28 јануари - 3 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 25/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News