Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 26/2001

26 ноември - 2 декември 2001 година

Скопје, 3ти декември 2001



ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Црвениот крст на Македонија (ЦКМ) еднаш месечно ќе го објавува бројот на ВРЛ. Последната информација укажува на бројка од 53,797 ВРЛ. Во тек е пререгистрацијата на ВРЛ од страна на ЦКМ и сеуште нема понови информации околу бројките на ВРЛ.

Нема измени на бројот на бегалците кои се враќаат од Косово. Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 12,000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 64,000 лица.

Социјална состојба

Во октомври оваа година, според Заводот за вработување се евидентирани 354,864 невработени лица, од кои 36,638 лица користат паричен надомест, а 216,867 од невработените го остваруваат правото на здравствена заштита. Стапката на невработеност достига 39.1 отсто.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна


Хуманитарната организација Ел хилал дистрибуираше пакети со прехранбени артикли за раселените лица. За селата Малино, Танушевци и Брест се поделени по 100 пакети, за Мојанце 180, и за Лавце 200 пакети. На 29 ноември дистрибуира 17 тони помош во храна (брашно, ориз, сол, шеќер, макарони, зејтин) и хигиенски производи за жителите од општина Липково.

Натира од Куманово дистрибуира 625 килограми брашно за 12 семејства во селото Пресница и за 13 семејства на ВРЛ од Куманово.

Здравство

Претставници на WHO/СЗО ја посетиле амбулантата во Радуша, чија зграда е оштетена од воените дејствија. Директорот на поликлиниката во Ѓорче Петров е подготвен да прати лекар двапати неделно. Селаните се спремни да помогнат во рехабилитацијата но им се потребни материјали.

АРЦ/Американскиот црвен крст продолжува со едукативните активности за ВРЛ во колективните центри и семејствата домаќини.

Екипите на ИРЦ обезбедуваат здравствена грижа за ВРЛ во Куманово и повратниците во Арачиново. Во Арачиново се прегледуваат околу 70 пацинети на ден. ИРЦ врши реконструирачки работи во амбулантата во Арачиново.

Засолништа

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе обезбеди поправка и инсталалција на системи за греење во пет колективни центри, каде што се сместени внатрешно раселените лица. Греење ќе им се обезбеди на колективните центри Олимписко село и Ранка Милановиќ во Скопје, студентскиот дом во Долно Коњаре и Кристал во Куманово и колективниот центар во Дојран.

Натира од Куманово дистрибуира 170 пакети со зимска облека за семејствата од селата Ропајце, Виштица, Слупчане, Матејче како и од Куманово.

Грчката хуманитарна и развојна невладина организација Европска перспектива со средства на грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), почна да го спроведува проектот “Мали поправки на куќите на семејствата домаќини”. Проектот ќе се спроведува во неколку града низ Македонија, како Скопје, Куманово, Гостивар, Прилеп и Велес. Вкупно ќе бидат опфатени 94 семејства кои згрижиле внатрешно раселени лица. Корисниците се етнички Македонци, Албанци и Роми. Исто така со средства на МНР на Грција ќе започне проектот за поправки на оштетените куќи за време на воените дејствија во Арачиново, скопско. Во тек е фазата на проценка на оштетувањата. Поправки ќе бидат извршени вкупно на 20 куќи од втора категорија и неколку од трета категорија.

Во соработка со ДРЦ/Дански совет за бегалци, Ел хилал врши дистрибуција на зимска облека за ВРЛ сместени во Тетово, како и за жителите на селото Гајре и населбата Дреновец. Вкупно ќе бидат дистрибуирани 1157 кутии.

МЦМС од 27 до 30 ноември вршеше дистрибуција на градежен материјал за поправка на куќите од прва и втора категорија во селото Отља. Дистрибуирани се 24,400 ќерамиди, 7,920 керамички блока, 480 вреќи цемент (24000 кг), 330 вреќи усјемал (16,500 кг), 43 прозори, 20 надворешни врати, 1250 парчиња летви, 657 греди, 1704 парчиња даска. Во Радуша исто така продолжува доставувањето на градежен материјал, каде во изминатата недела се дистрибуирани 18,190 ќерамиди, 2,230 парчиња летви, 65 вреќи цемент ( 3,250 кг), 480 блока, 832 м2 дрвена ламперија и 590 пластична ламперија. Со тоа се извршени околу 80% од потребните испораки.

Водоснабдување и санитација

Нема нови активности во овој период.

Училишта и образование

World Vision ги завршил работите околу рехабилитацијата на училиштето во Опае.
Германскиот контигент на силите на КФОР ги заврши поправките на училиштата во Непроштено, Вратница и Жилче.

ДРЦ/данскиот совет за бегалци врши поправки на училиштето во Шипковица.

Хуманитарно деминирање

За потребите на македонските тимови за деминирање, САД и додели на Македонија опрема вредна 1,5 милиони американски долари. Помошта е доволна да се опремат четири екипи за деминирање и се состои од 19 возила, комуникациски хардвер, канцелариска опрема и компјутери.

Шесте деминирачки тима, кои во Македонија работат од почетокот на октомври, досега пронашле околу педесет неексплодирани направи, од кои најголем број се гранати и “золји”, како и по една противпешадиска и противтенковска мина.
Екипите за деминирање продолжуваат со откривање и отстранување на мини и други експлозивни средства во селата Слупчане и Опае, како и на железничката пруга Јажинце-Тетово.

Заштита и човекови права

Нема нови активности во овој период.

Психосоцијални активности

СОС Куманово во училиштето во Липково ќе почнат да ги организираат активностите за психосоцијална поддршка за жителите од оваа општина. Психосоцијалната поддршка се реализира во колективните центри во Куманово.
Организацијата За среќно семејство организира работилници за деца од различна
возраст во Тетово и Брвеница.

АРЦ почна со организирање на работилници за градење на доверба во кризните региони. АРЦ печатеше 3,500 лифлети за информации за ВРЛ на македонски јазик и 2,000 на албански јазик.

Посткризна рехабилитација

Организацијата за храна и земјоделство при ОН – ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, земјоделските здруженија од Македонија, како и хуманитарните организации “Care” и “Acted” почнаа со дистрибуција на хуманитарна помош во добиточна храна наменета за 18.000 земјоделци од Куманово, Тетово, Гостивар, северниот дел на Скопје, како и подрачјата погодени од сушата. Вредноста на проектот изнесува 1,3 милиони долари и се реализира со финансиска поддршка на Холандската и Норвешката влада.
Организацијата CARE за 1500 семејства од липковско дистрибуираше по 150 килограми пшенична семка и по 150 килограми вештачко ѓубриво.

УНХЦР за жителите од Непроштено дистрибуираа дрва за огрев. Така за 172 смејства се доделени 345 кубици дрва. За секое семејство по два метри кубици.
МЦМС од 27 до 30 ноември дистрибуира 96,700 килограми сточна храна за жителите на селата во кризните региони. Во кумановскиот регион, дистрибуирани се 128 вреќи во Ново Село, 162 во Умин Дол, 190 во Љубодраг, 500 во Матејче и 121 во Отља. Во тетовскиот регион, 63 вреќи во Лешок, 127 во Непроштено, 252 во Теарце, 77 во Пршовце, 111 во Глоѓе и 203 во Доброште. Секое семејство добива по една вреќа сточна храна (50 кг).


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање


За време на престојот во Брисел на претседателот на РМ, Борис Трајковски, добил уверување дека донаторската конференција би можела да се одржи на 20 или 21 декември оваа година. Европската комисија најавува сума од 68 милиони евра, а Светската банка најверојатно уште толку за во идната година.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News