Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 20/2001

15 - 21 октомври 2001 година

Скопје, 22ри октомври 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Црвениот крст на Македонија еднаш месечно ќе го објавува бројот на ВРЛ.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна


Ел хилал дистрибуираше 60 тона помош во храна и хигиенски производи за селата Липково, Ваксинце, Слупчане и во Куманово.

Здравство

Нема нови активности во овој период.

Засолништа

Една екипа на Македонскиот центар за меѓународна соработка со два архитекти на 17 октомври беше во посета на селата во Тетовско, каде извршија проценка на оштетените куќи и училишта. Извршена е проценка на училиштата во Слатино, Глоѓи и Нераште, како и куќите од 1 и 2 категорија во Беловиште, Рогачево и Првце.
Исто така започна проценката на оштетените објекти во Матејче, каде МЦМС треба да врши поправки на 180 куќи од 1 категорија.

На 16 октомври за прв пат започна автобуската линија од Липково до Куманово. Превозот е во организација на УНХЦР и сообраќа два пати дневно.

УНХЦР на 17 октомври дистрибуираше 300 пакети со алатки за жителите на селата од општина Боговиње. Пакетите содржат ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства.

Ел хилал дистрибуираше 190 пакети од УНХЦР за повратниците во Отља, Оризаре и Никуштак.

Водоснабдување и санитација

Нема нови актовности во овој период.

Училишта и образование

Солидарите со средства од ЕЦХО врши рехабилитација на училиштето во Отља и во Непроштено.

Хуманитарно деминирање

На подачјето на Тетово, во регионите на општините Џепчиште, Теарце, Вратница и Јегуновце, на 16 октомври почна пребарувањето и деминирањето на патните правци и населените места. Расчистувањето на теренот ќе го вршат две екипи составена од педесетина експерти од Босна и Словенија.

Заштита и човекови права

Нема нови активности во овој период.

Психосоцијални активности

Нема нови активности во овој период.

Посткризна рехабилитација

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации обезбеди дистрибуција на првите пратки со зимска семенска пченица и вештачко ѓубриво, помош наменета за македонските земјоделци од подрачјата погодени со веони дејства и суша. Проектот кој треба да започне утре е во соработка со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, земјоделските здруженија од Македонија и хуманитарните организации “Care” и “Acted”.

Организацијата за храна и земјоделие при ОН обезбеди 1,375,000 илјади долари за реализација на проектот. ФАО ќе учествува со 400,000 долари, додека остатокот од 975,000 долари ги обезбеди американската Влада, односно агенцијата “ОФДА”. Помошта е наменета за 13,600 земјоделски семејства од Куманово, Тетово, Гостивар, северниот дел на Скопје, како и за подрачјата погодени од суша. Овие семејства ќе добијат по 150 килограми семенска пченица и исто толку килограми вештачко ѓубриво.

МЦМС дистрибуираше 24 тона вештачко ѓубриво за селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање


На 16 октомври Владата на РМ го прифати предлогот за донесување закон за изменување на Законот за данок на финансиски трансаксии. Овој закон влезе во примена за да се надоместат сосотојбите на буџетскиот дефицит, предизвикани од нарушената безбедносно-политичка состојба во земјата. Овој закон ќе се применува до 31 декември 2002 година.

Координација

Тринаесети состанок на НВО хуманитарна координација.
На состанокот присуствуваше и консултант за проекти со брзо дејство од УНХЦР, кој на претставниците на НВО хуманитарна координација им ја појаснуваше целта на проектот како и критериумите, постапката и рокот за аплицирање. Претставникот на УНХЦР одговараше на прашањата на присутните. Организациите поднесоа кратки извештаи за нивната работа во изминатата недела. Претставникот на СОЖМ истакна дека учениците кои се сместени во колективните центри сеуште немаат добиено учебници. Претставникот на Даја истакна дека раселените средношколци немаат учебници, не се покриени патните трошоци за учениците и студентите кои патуваат за Скопје, како и дека две недели раселените лица се должни да плаќаат здравствени услуги. На состанокот се покренати неколку прашања како: враќање на довербата; бесплатен превоз за раселените ученици; обезбедување топла облека и обувки за раселените лица; учебници и школски прибор за раселените ученици, бидејќи голем дел од раселените ученици сеуште не добиле учебници, потребно е да се побара објаснување од УНИЦЕФ и да се забрза целата постапка.



Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News