Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 11/2001

13 август - 19 август 2001 година

Скопје, 20 август 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица

Удвоен бројот на ВРЛ во последните две недели.
Во Македонија, според Македонскиот црвен крст, бројот на внатрешно раселените лица (ВРЛ) изнесува 64,397 лица. Од нив, 3.735 се сместени во колективните центри. (прилог 1)

Непроменет бројот на бегалците во Косово.
Според податоци од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 51.000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија до сега се вратени околу 27.000 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна

Помош за раселените лица.
Конвој на Ел хилал за Шипковица. На 14 август, по четиримесечна изолација, конвојот на Ел хилал со хуманитарна помош, состоен од пет камиона (48 тони) основна храна и лекови стигна во општина Шипковица. Помошта е намената за селата Шипковица, Лисец, Гајре, Бозовце и Вешала, каде во моментот се наоѓаат околу пет илјади жители, етнички Албанци.

Конвој на МКЦК/ИЦРЦ за Вратница, Јажинце и Шипковица. На 15 август, МКЦК/ИЦРЦ достави помош за Вратница и Јажинце во основни прехрамбени продукти (24. т брашно, зејтин, квасец), додека за Шипковица подели 900 семејни пакети, 80 бебешки пакети и 21.6 т брашно.

МЦМС достави основна храна за потребите на заедничките кујни во колективните центри “25 Мај” и “1 Мај” во Скопје и за К.Ц. Негорски бањи во Гевгелија.

Здравство

Се разгледува можноста за отварање на амбуланти и аптеки во други градови на земјата (досега има такви во Скопје и Куманово), каде ВРЛ бо можеле да користат бесплатни здравствени услуги и лекови.

САЖМ организира бесплатни лекарски прегледи за раселените жени и деца кои се сместени во семејствата домаќини во Скопје.

Засолништа

ИРЦ/УНХЦР извршија проценка на објекти каде би можеле да сместат до 75.000 илјади ВРЛ. Во моментот тече проценката на 40 објекти, концентрирани воглавно во Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Објектите се поделени во три групи и тоа: веднаш вселиви, објекти кои потребуваат помали интервенции и објекти кои потребуваат поголеми интервенции.

На состанокот на НХК одржан на 16 август е потенциран проблемот со сместувањето на 2.532 ВРЛ кои се сместени во седум средношколски и студентски интернати кои се употребуваа како колективни центри, бидејќи за помалку од 15 дена треба да започне новата училишна година.

На средбата на УНХЦР договорена е постапката за преценување на оштетените објекти. Проценките ќе ги вршат стручни екипи со учество по еден член од министерството за транспорт и врски, еден член од општината и еден член од донаторот или НВО. По барање на УНХЦР, МЦМС одреди четири архитекти кои ќе учествуваат обуката за проценките.

Водоснабдување и санитација

Се очекува пробно да биде пуштена пумпната станица за потребите на Медицинскиот центар во Куманово.

Училишта и образование

Поради актуелната политичко-безбедносна ситуација во земјата, неизвесно е почетокот на новата школска година во кризните подрачја и за ВРЛ. Почетокот зависи од ситуацијата на теренот, обновувањето на оние училишни објекти кои настрадале во кризните подрачја зафатени со борбени дејствија.

Хуманитарно деминирање

УНИЦЕФ, ICRC и МЦМС имаа средба на која е разгледана можноста за заедничко делување за јакнење на свеста кај ВРЛ за опасност од мини. Заклучено е дека не е потребна масовна капмања, туку директен пристап до ВРЛ (повеќе обука и лифлети). Проценка на ICRC е дека главна опасност не претставуваат анти персоналните мини, туку неексплодираната муниција – UXO. ICRC и УНИЦЕФ ќе ја усогласуваат содржината на лифлетот и ги рагледуваат можностите за обука на тренери, додека МЦМС преку својата локална координација ќе ги утврди локацииите (колективни центри, училишта, месни заедници) за одржувањето на кратки обуки за ВРЛ за опасност од мини.

Заштита и човекови права

Нема такви активности во овој период.

Психосоцијални активности

Течат стандардните активности на женските НВО за психосоцијална помош на ВРЛ во колективните центри и нивните информативни центри.

Посткризна рехабилитација

По еднонеделна пауза УНХЦР/МЦМС ја продолжува прекинатата дистрибуција на пластичните церади во скопското село Арачиново.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

АРЦ – АЦБ (Американски центар за бегалци) одржа презентација за локалните НВО, членки НВО координација, за можностите за финансирање на активности за справување со кризи.

СДР (Swiss disaster relief) ќе започне со исплата на 50 германски марки месечно за семејствата фомаќини, каде ВРЛ се сместени кај нив повеќе од два месеца. Со овој проект ќе се помогнат семејствата домаќини во регионите на Тетово, Куманово и Скопје.

Координација

Четврт состанок на НВО хуманитарна координација.
На состанокот е информирано дека Интерсос ќе врши дистрибуција на пакети во следните шест месеци за сите регистрирани ВРЛ во третиот месец од нивното раселување. Заради преклопување на дистрибуција на храна која се дава од локалните организации, потребно е организациите кои дистрибуираат хуманитарна помош во поголеми количини да присуствуваат на секторските состаноци за храна на SPH (WFP), за да се има целосен увид во помошта која се дистрибуира до колективните центри и семјествата домаќини. На состанокот е донесен заклучок сите организации кои водат списоци за раселените лица потребно е да ги мотивираат регистрираните лица да се пријават во Црвениот крст од каде би добивале хуманитарен пакет еднаш месечно. Исто така организациите да достават предлог за можни локации, каде во соработка со УНИЦЕФ, МКЦК и МЦМС, би се одржала обука за заштита од мини и експлозивни средства.

Пети состанок на НХК.
Присутните поднеле извештај за активностите на организациите во текот на минатата недела. Од претставникот на ЕЦХО е побарана информација за воспоставување на електрична енергија во село Арачиново. Како проблеми се истакнати почетокот на новата учебна година; отворањето на амбулантата во Арачиново за повратниците; дислоцирање на изумрениот добиток од кризните региони. Заклучено е да сите организации до центарот за справување со кризи треба да доставуваат планови за хуманитарна помош која ја дистрибуираат во кризните подрачја, најдоцна до четврток.

Back to News