Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 18/2001

1 - 7 октомври 2001 година

Скопје, 8ми октомври 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Битно намален бројот на ВРЛ
.
Во Македонија, според МЦК, бројот на внатрешно раселените лица (ВРЛ) изнесува 44,531 лица. Од нив, 3,547 се сместени во колективните центри.



ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна


Турската црвена полумесечина во соработка со ICRC/МКЦК и Црвениот крст на Македонија донираше прехранбени производи за 1,000 раселени семејства од кризните региони во вредност од 25,000 американски долари.

Ел хилал дистрибуираше околу 70 тони храна и хигиенски производи за селата Ваксинце, Матејче, Оризаре, Виштица, Бродец, Селце и општина Чаир.
Натира дистрибуираше 2 тона брашно за жителите на Ваксинце.

WFP изведува проценка за потребите на храна за целото погодено население (ВРЛ во колективни центри, ВРЛ во семејства домаќини, повратници, население кое останало цело време во кризните региони).

Здравство

На 3 октомври во организација на Министерството за здравство и Светската здравствена организација/WHO беше одржана работилница за брза проценка на Медицинските центри и Здравствените домови во конфликтините подрачја.

Проценката се врши во Тетовско, Скопско и Кумановско. Околу 13 тимови треба да проценат 98 објекти. Со логистичка поддршка на МЦМС една екипа на Медицнискиот центар од Куманово изврши проценка во селата од Липковскиот регион (Никуштак, Липково, Слупчане, Матејче,Отља и Лојане).

Американскиот црвен крст/ARC спроведува здравствена едукација за ВРЛ во колективните центри и семејствата домаќини во регионот на Скопје и Куманово.

Засолништа

На 3 октомври во Министерството за транспорт и врски се формираше Комитет за поправка и реконструкција, кој го сочинуваат претставници од Министерството за транспорт и врски, Европска Унија, Амбасадата на САД, УНХЦР, IMG и агенциите кои ќе ги спроведуваат активностите: МЦМС, IRC, SNI, Mercy Corps и Мовимондо.

Извршена е начелна расепределба на подрачјата за улога на агенциите за поправка на објекти во Тетовско, Кумановско и Скопско.

УНХЦР е подготвен да ја започне дистрибуцијата на градежни материјали за поправка на куќите преку спроведувачките партнери: IRC, МЦМС, SNI, Mercy Corps. Во Куманово УНХЦР има отворено магацин за градежните материјали.

На 4 октомври еврокомесарот за надворешни работи Крис Патен потпиша договор со Children's Aid Direct за реконструкција на оштетените куќи во кризните подрачја во Македонија. Со оваа програма ќе бидат опфатени околу илјада оштетени куќи во Арачиново, Тетово и Куманово.

Водоснабдување и санитација

Нема нови активности во овој период.

Училишта и образование

На 3 октомври учениците Албанци од средното училиште “Гоце Делчев” од Куманово повторно ја прекинаа наставата. Како пренесува весникот на албански јазик “Факти”, тие ја прекинале наставата поради необезбедување на превоз за учениците од регионот на Липково, како и наставата за нив да се одвива во една зграда. На 4 октомври, учениците Македонци, ја прекинале наставата и барале за учениците Албанци да има посебен влез во училиштето.

УНИЦЕФ ја заврши дистрибуцијата на училишни материјали и учебници, со која биле опфатени вбкупно 26,500 деца.

УНИЦЕФ продолжува со брза проценка на штетите на училиштата и досега успеале за 14 училишта на кои им е потребно реновирање, и е расподелена на агенциите ECHO/Solidarites, CRS, World Vision, МЦМС.

Хуманитарно деминирање

ICRC/МКЦК ја спроведува кампањата за информирање на населението за опасноста од мини и неексплодирани експлозивни средства во конфликтните региони, колективните центри и семејствата домаќини каде се сместени ВРЛ.

Заштита и човекови права

Нема такви активности во овој период.

Психосоцијални активности

Во Тетово, УНИЦЕФ во соработка со Нансен центарот и локалната НВО Мулти-култура отворил семеен центар.

Посткризна рехабилитација

Европската Унија и Електростопанство на Македонија потпишаа договор за донација на 10,5 милиони евра, кои ќе бидат наменети за санација на штетите на електроенергетската инфраструктура, што беа предизвикани од воените дејствија во кризните подрачја.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

При заминувањето на Хавиер Солана и Крис Патен од Македонија, тие беа разочарани од напредокот со уставните проемни и изјавија дека ќе биде одложена донаторската конференција за Македонија на 15 октомври. Таа можеби ќе се одржи подоцна или следната година.

Координација

Единаесетти состанок на НВО хуманитарната координација.
Присутните на организациите поднесуваа извештаи за активностите во изминатата недела. Претставникот на ООЖМ ги истакна несоодветните услови во кои живеат штотуку прододените жени со бебиња. Од Месечина го истакнаа проблемот на соработката помеѓу странските и домашните организации, како и протокот на информации кој е минимален. Проболем претставува и запоставеноста на жителите од Тетовските населби, Колтук, Дреновец и Поток, за кои е неопходна помош во храна и хигиенски средства, како и помош за Горно Реканските села. Претставникот на Натира рече дека луѓето од Липковскиот регион самоиницијативно се враќаат во своите домови. Како предлози произлегоа дека од страна на Координативното тело за справување со кризи да се организира конвој за раселени лица од Горно Реканскиот регион, како и со логистичка поддршка на МЦМС, претставниците на НВО хуманитарна координација да ги посетат тетовскиот и липковскиот регион.

Дванаесетти сосотанок на Национална Хуманитарна Координација.
На почетокот на состанокот организациите поднесоа извештаи за нивната работа. Претставникот на OCHA информираше дека УНХЦР започнал со набавка на огревни дрва, зимска облека и долна облека. IRC продолжува со реновирање на колективните центри во Куманово. Претставникот на DFID инфомираше дека се одобрени средства за поддршка на хуманитарни активности во регионите погодени од конфликтот. ECHO продолжува преку своите импмлементирачки партнери со дистрибуција на хигиенски пакети за семејствата кои примиле ВРЛ. Swiss Disaster Relief информираше дека ќе започне имплементацијата на проектот пари за засолниште. Овој проект е ретроактивен и ќе ги покрие сите семејства кои примиле ВРЛ во периодот мај-август 2001.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News