Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 2/2001

За неделата што завршува на 24 јуни 2001 година


Раселени лица

Од почетокот на кризата во Македонија до сега раселени се повеќе од 80.000 лица. Според податоците на УНХЦР, до сега, во Косово се регистрирани 50.000 бегалци од Македонија. Бројот на бегалците значително е зголемен по заземањето на селото Арачиново од страна на милитантните екстремисти.

Во Македонија бројот на внатрешно раселени лица изнесува 32.000


Проблем со водата

Куманово

Една од добрите вести оваа недела беше отворањето на вентилите на Липковското езеро од кое Куманово се снабдува со вода. Вентилите се отворени на 17 јуни, а водата се очекува да протече за десет дена. До тогаш, цистерните ќе бидат единствениот извор за снабдување на градот со вода. (На 25 јуни 2001 година кумановчани повторно добија вода од градскиот водовод)

Тетово

Состојбата со вода во Тетово сеуште е иста. Причината за намалувањето на водата во Тетово е намалувањетона електрична енергија на Попова Шапка поради што е оневозможено работењето на системот на четирите мали хидроцентрали и на цевководот. Во моментот, тетовчани имаат доток од 200 литри во секунда што е доволно за минималните потреби на градот. Поради тоа, во Тетово се прават рестрикции за да можат да добијат вода жителите во повисоките реони од градот.

Останати ефекти

Од 1 јули 2001 година па до крајот на годината ќе биде воведен нов данок за финансиски трансакции со кој ќе се покрива минусот во државниот буџет. Државниот буџет има минус од 200 милиони долари предизвикан од безбедносната криза во земјата. Министерот за финансии, Никола Груевски, за тнр. воен данок согласност добил од Меѓународниот монетарен фонд. Стапката на данокот ќе биде 0,5%, а ќе се однесува на сите финансиски трансакции на правните лица, транферите на физичките и правните лица но не и на финансиските трансакции на физичките лица.

Курсот на германската марка сеуште е висок. Приватните менувачници и банките не продаваат туку само откупуваат германски марки.


Одговор на МЦМС

Тековни активности

МЦМС дистрибуираше хуманитарна помош за внатрешно раселените лица. Дистрибуирани се пакети со храна и хигиенски пакети за 70 семејства раселени од селото Арачиново во општината Илинден. Овие семејства добија и по едно ќе бе и по една вреќа брашно (25 кгр.)

Втората дистрибуција е направена во тнр. колективни центри, всушност ученички домови и јавни институции во кои се сместени околу 800 раселени лица. Дистрибуирана е храна и хигиенски производи како и опрема за социјализација (телевизори, радија и сл.) во висина од околу 2.000.000 МКД.

МЦМС започна со активности во секторот на водоснабдувањето во Куманово. Со овие активности ќе се обезбеди итно водоснадбување на Медицинскиот центар - Куманово.

Освен тоа, ќе се овозможи и понатамошно долгорочно резервно и независно водоснабдување на медицинскиот центар со доволни количини здрава вода за пиење. Тоа ќе овозможи во иднина при вакви кризни ситуации центарот да функционира независно и дополнително да овозможува вода за пиење покрај за пациентите и за локалното население.

Овај проект е значаен и поради тоа што ќе се овозможи постојана количина на квалитетна вода, посебно за центарот за дијализа, кој е единствен од овој тип во источниот дел на Македонија.

Активноста опфаќа изградба на експлоатационен бунар и пумпна станица заедно со сета потребна електромашинска и санитарна опрема. За ова, МЦМС ќе донира повеќе од 2.000.000 МКД

Координација

Кај претседателот Трајковски, на 22 јуни 2001 година се одржа средба на повеќе невладини организации меѓу кои, МЦМС, УНХЦР, ИЦРЦ, МКЦ и Министерството за труд и социјална политика. Договорено е да се формира телот за координација со кое ќе раководи Министерството за труд и социјална политика.

Во МЦМС, на 22 јуни 2001 година, беше одржан состанок на АЦТ. На состанокот е заклучено: МЦМС да продолжи да ги информира партнерите за актуелната состојба и потребите од неа; да направи уп дате на контингенци планот и доколку смета дека е потребно, во координација со АЦТ и ЊЦЦ координаторите, да покрене апел.

На 22 јуни 2001 година беше одржан уште еден координативен состанок на кој присуствуваше МЦМС, а со кој раководеше УНИЦЕФ. На состанокот беше направено резиме на досега спроведените активности. Претставниците на домашните и меѓународните организации се договорија како ќе ги покријат потребите на раселените лица во наредниот период.

Back to News