Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 03/2002

ИЗВЕШТАЈ ЗА СИТУАЦИЈАТА БР. 03/2002

11 февруари - 13 февруари 2002 година

 

ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица
Според најновата регистрација, во моментот бројот на ВРЛ сместени во смејства домаќини изнесува 13,432, додека ВРЛ сместени во колективните центри е 2,871. Ова е вкупниот број на ВРЛ кои имаат евидентен лист од Црвениот крст.
Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 10,000 бегалци (етнички Албанци).


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна
Хуманитарната организација „Милосрдие“ дистрибуира хуманитарна помош во прехранбени производи на раселените лица од кризните региони и на жителите од ридско-планинаските населби кои за време на снежните врнежи беа отсечени подолго време.

Ел хилал во текот на минатата недела дистрибуира 5 тона помош во прехранбени и хигиенски производи во Радуша на 16 февруари, 10 тони во Оризаре на 17 февруари и 50 тони за Липково на 17 февруари.
Црвениот крст на град Скопје од 11 февруари па до 22 фервуари почна со дистрибуција на хуманитарна помош за раселените лица сместени по семејства домаќини.

МЦМС во минатата недела дистрибуира 150 тони портокали во скопскиот, тетовскиот и кумановскиот регион. Дистрибуирани се протокали за ВРЛ преку Црвениот крст, во колективни центри, социјални установи, преку локални организации е извршена дистрибуција за ВРЛ сместени во семејства домаќини како и за повратниците во кризните региони.

Здравство
АРЦ продолжува со здравствена образовната програма. При крај е програмата во Куманово, но ќе се почне со активности во Дојран.

ТФФ/Наменските сили „Лисици“ спроведуваат два здравствени проекти, воведување постојана здравствена грижа во Вејце во соработка со Медицинскиот центар во Тетово и реконструкција на амбулантата во Липково во соработка со Интерсос.

Засолништа
УНХЦР досега има извршено поправки на околу 4.000 куќи, додека во соработка со ЕАР до крајот на мај оваа година во план е поправка на уште 750 оштетени куќи во кризните региони.

Хуманитарната организација АДРА, со финансиска поддршка на германската влада, ќе почне со активности за обновување на 127 разурнати и уништени куќи на етнички Македонци во тетовските села Сетоле, Отуње и Једоарце.

ИМГ ќе врши проценка на инфраструктурата и оштетените куќи во кризните региони.

Инфраструктура
Амбасадата на Франција во Македонија обезбеди 1 милион француски франци за месната заедница од село Теарце. Овие средства, меѓу другото, ќе бидат користени за решавање на проблемот со водоснабдување во ова село.

На 14 февруари заврши програмата за рехабилитација на електричната мрежа во село Арачиново. Електрична енергија е обезбедена за 2.000 домаќинства. Оваа програма е финансирана од ЕУ.

Земјоделство
Хуманитарната организација АЦТЕД, преку програмата на ФАО, за 158 семејства од мавровскиот регион дистрибуира 131 тони пченка и 17 тони соја. За 12.720 корисници од Тетовско и Гостиварско обезбедни се 2.500 тони пченка и 318 тони соја брашно.

МПДЛ во рамките на проектот финансиран преку ФАО за дистрибуција на сточна храна, во кризните подрачја изврши дистрибуција на сточна храна за вкупно 4.159 корисници од скопските и кумановските села. Во скопско со проектот се опфатени 24 села, додека во кумановско се опфатени околу 120 села.

Училишта и образование
УНИЦЕФ ќе започне со дистрибуција на мебел за училиштата во кризните региони.

Психосоцијални активности
Нема нови познати активности во овој период.


 ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање
Владата на Кралството Холандија, во наредните две години, во два гранта, ќе одвои за Република македонија 46 милиони евра, покрај оние 25 милиони евра што веќе пристигнаа во земјава во декември минатата година.

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 2/2002 [4 февруати - 10 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 1/2002 [28 јануари - 3 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 25/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News