Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр.08/2002

ИЗВЕШТАЈ ЗА СИТУАЦИЈАТА БР. 08/2002

18 - 24 маrt 2002 година

ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица
Според најновата регистрација, во моментот бројот на ВРЛ сместени во семејства домаќини изнесува 16.827.

Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 8,000 бегалци (етнички Албанци).


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна
Општинската организација на Црвениот крст од Охрид на 123 внатрешно раселени лица сместени во овој град им подели хуманитарна помош за првите два месеца од оваа година. Помошта се состои од пакети со храна, хигиенски средства и брашно.

На 20 март започна дистрибуцијата на хуманитарна помош од страна на Црвениот крст на Тетово за раселените лица од Тетовско. Со оваа помош ќе бидат помогнати 3.690 лица. Пакетите со прехранбени артикли ги осигура Интерсос, хигиенските пакети Американскиот Црвен крст, додека пакети со храна за бебињата до 18 месеци Данскиот Црвен крст.

МКЦК/ИЦРЦ информира дека со втората дистрибуција за "микро раселени" се опфатени околу 3,753 лица, од кои 3,556 во тетово и 197 во Скопје. Мартовската дистрибуиција за колективните центри, 2,870 лица е комплетирана.

Здравство
Обезбедувањето на медицинска опрема за реконструираните амбуланти во регионот на Липково е во тек. Потпишан е договор со Американскиот Црвен крст за дистрибуција на опермата.

Инфраструктура
Европска перспектива започна со дистрибуција на градежни материјали за оштетените куќи во Арачиново и Орланци. Во Арачиново се идентификувани 40 куќи од прва категорија, 100 од втора, 116 од трета и 5 од четврта категорија. Во Орланци 5 куќи од прва категорија, 20 од втора и 9 од трета категорија.
За околу 500 до 600 куќи од 3 и 4 категорија не се обезбедени фондови за реконструкција. Хуманитарната коориднација ова го произнеле на донаторската конференција во Брисел, а писма се испратени до амбасадите.

Земјоделство
Светската организација за земјоделство/ФАО продолжува со планирање и спроведување на активностите во секторот на земјоделството и сточната храна. Дистрибуцијата е заврПшена во регионот на Куманово каде се дистрибуирани 1,000 тони сточна храна. Се очекува програмата за сточна храна да покрие околу 24,000 корисници.

Училишта и образование
УНИЦЕФ е при крај со дистрибуцијата на училишен мебел и печки за 142 училишта. Се уште се потребни средства за рехабилитација на 17 училишни згради во кризните региони.

Хуманитарно деминирање
Кон крајот на јуни Интернатионал Труст Фоунд планира да донесе три екипи за деминирање во Македонија

МКЦК/ИЦРЦ ќе ја промовираат пролетната кампања за опасност од мини, која ќе вклучува видео и радио клипови

 
ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање
Европската комисија и Светската банка ги објавија износите на поединечните донации на Донаторската конференција за Македонија во Брисел. Најголем поединечен донатор е Холандија, со околу 60 милиони евра, потоа следуваат САД со 44,47 милиони, Германија со 13,44 милиони и Јапонија со 10,10 милиони евра. Од земјите од ЕУ ветени се вкупно 101,78 милиони евра. Европската комисија како институција донираше 104 милиони евра, а Светската банка 33,67 милиони.

Како помош за економски развој на Македонија преку финансирање на проекти, донаторите ветиле 273,94 милиони евра. Најмногу понуди Германија - 50 милиони евра, САД ветија 40,89 милиони евра, Европската комисија 24,5 милиони, а Грција 14,67 милиони евра. Европската банка за обнова и развој ќе финансира проекти во износ од 55 милиони евра, а Светската банка 22,45 милиони евра.

 

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2002 [8 април - 14 април]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2002 [1 април -  7 април]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 9/2002 [25 март - 31 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 8/2002 [18 март - 24 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 7/2002 [11 март - 17 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 6/2002 [4 март - 10 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 5/2002 [28 февруари - 3 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 4/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 3/2002 [11 февруари - 13 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 2/2002 [4 февруати - 10 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 1/2002 [28 јануари - 3 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 25/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News