Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 9/2001

6 август - 8 август 2001 година

Скопје, 8 август 2001

Безбедносна ситуација

Влошување на безбедносната состојба со сериозни инциденти.

Препукување во Тетово.
На 6 август, според полициски и армиски извори, екстремистите од Непроштено и Џепчиште ги нападнале пунктовите на безбедносните сили кај село Ратае, како и пунктот кај стадионот. Додека според медиумите на албански јазик и кажувањата на жителите, етнички Албанци, од село Порој и Џепчиште, безбедносните сили го прекршиле примирјето, гранатирајќи ги селата Непроштено и Слатино од позициите во Жилче и Ратае.

Нападнат хуманитарен конвој.

МЦМС на 7 август организираше хуманитарен конвој со храна за општините Вратница (населено со етнички Македонци) и Јажинце (населено со етнички Албанци), кои веќе месец дена се отсечени од Тетово. На враќање од Вратница, некаде во близина на селото Одри е стрелано врз конвојот, каде еден куршум го погоди еден од камионите.

Во полициска рација убиени пет екстремисти.

На 7 август во населбата Гази Баба во Скопје, според полициски звештаји при една организирана рација на една куќа, од страна на специјалните сили на полицијата се убиени пет екстремисти, додека пет се уапсени. Петте убиени се државјани на Република Албанија. Весникот на албански јазик Факти, пишува дека петте етнички Албанци се убиени додека спијат и дека не пружиле отпор.

Нападнат воено-полициски конвој во заседа – десет погинати.

На 8 август, во близина на Скопје, кај Групчин, од страна на екстремистите, е нападнат конвојот со возила на македонската војска и полиција. При нападот се убиени 10 припадници на безбедносните сили, додека три се потешко ранети.
Пукотници во Тетово. На 8 август околу 13 часот во градот Тетово почнало да се слушаат пукотници. Неофицијално, во градот се забележани голем број на екстремисти низ улиците.

Безбедносната состојба може понатаму да се влошува.

Ова може да доведе до прекин на политичките разговори во Охрид кои требаа да завршат во текот на денот, а договорот да се потпише на 10 август (петок) во присуство на високиот претставник на Европската унија Хавиер Солана и генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон.

Back to News