Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 22/2001

29 октомври - 4 ноември 2001 година

Скопје, 5ти ноември 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Црвениот крст на Македонија еднаш месечно ќе го објавува бројот на ВРЛ.
Последната информација укажува на бројка од 53,797 ВРЛ.

Бројот на бегалци кои се враќаат од Косово.

Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 14,000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 62,000 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна

Огранокот на Ел хилал од Гостивар на 1 ноември дистрибуираше 10 тона со основна храна за жителите на село Виштица.

„Месечина“ за раселените лица од горнореканскиот регион дистрибуира 100 пакети со хуманитарна помош (прехранбени и хигиенски производи).
ИЦРЦ/МКЦК дистрибуираше прехранбени пакети за 18,000 лица, од кои 11,400 се за ВРЛ сместени во семејства домаќини, 2,800 ВРЛ во колективни центри и 3,800 за повратници и лица во кризните региони.

Здравство

Американскиот црвен крст/ARC врши здравствена едукација на ВРЛ во семејствата домаќини и колективните центри. Здравствената едукација е завршена во два колективни центри во Скопје, Стив Наумов и Пелагонија. Активностите од оваа програма ќе почнат да се извршуваат и во Тетово.

Хендикеп интернационал заврши до дистрибуција на 100,000 пелени за ВРЛ и повратниците.

АРТ интернационал е во процес на собирање на информации за ВРЛ со хронични болести, на возраст над 60 години и од 0-12 години. Овие лица ќе бидат вакцинирани со вакцина против грипот. Активностите ќе бидат координирани со Министерството за здравство.

ААР од Јапонија спроведува здравствена примарна грижа за бегалците, ВРЛ и социјалните случаи во Куманово, Скопје и Тетово.

Засолништа

Хуманитарната организација Ел хилал, на 1 ноември, вршеше дистрибуција на помош за жителите на Липково, составена од 650 јоргани, 600 ќебиња како и зимска облека. Исто така дистрибуирани се 150 пакети за повратници (ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства) за жителите на Селце, тетовско.

УНХЦР на 30 ноември дистрибуира пакети за повратници, 30 во Јажинце и 40 во Одри. Во соработка со канцеларијата на претседателот на Општина Тетово, на 2 ноември, дистрибуира 300 пакети за повратници за населбите Купеник и Дреновец. Дистрибуирани се исто така 100 пакети во Глоѓи, 95 во Непроштено и 11 во Лешок, за етнички Албанци и етнички Македонци.

Водоснабдување и санитација

УНИЦЕФ објави дека повеќето проекти за поправка или рехабилитација на системите за водовод и санитација ќе бидат имплементирани идната година, кога безбедносната состојба ќе биде подобра и опасноста од мини ќе биде редуцирана.

Училишта и образование

МЦМС започна со поправка на училиштето во село Матејче, која ќе се спроведе во соработка со Кооперационе италијана.

УНИЦЕФ дистрибуираше училишни книги за раселените деца, 15,000 за етнички Албанци и 5,000 за етнички Македонци.

Хуманитарно деминирање

Активностите околу откривањето и отстранувањето на мини и други експлозивни направи во село Лавце, според ITF успешно се звршени. Принципот на нивната работа е да се проверат сите објекти и дворови во селото, но засега тие не издаваат документи за извршено деминирање.

ICRC/МКЦК спроведуваше активности од опасност од мини, особено во Липково, Куманово, Шипковица и Теарце.

Заштита и човекови права

Нема нови активности во овој период.

Психосоцијални активности

Меѓународната федерација на црвениот крст/IFRC и Македонскиот црвен крст основаа инфо центар за психосоцијална поддршка на ВРЛ.

Посткризна рехабилитација

Екипи на “Електростопанство на Македонија” на 29 октомври вршеа увид на електричните мрежи во 16 села во општина Липково и регистрирање на оштетените далноводи и прекинати кабли. За да може да профункционира електричната мрежа и да се создадат нормални услови за живеење во овие села, се вршеше и нивна поправка и санација.

Координативното тело за справување со кризи, по направените проценки на стручните тимови, го презентираше Акциониот план за реконструкција на оштетените објекти во кризните региони, како и штетите во стопанството. Од проценките утврдено е дека вкупните штети изнесуваат 75 милиони евра, од кои 12 милиони евра се однесуваат на оштетувањата во енергетскиот систем, 3,06 милиони евра на патиштата и на железнишкиот сообраќај, 0,43 милиони евра на водоводната мрежа и 62 милиони евра на штетите направени врз градежните објекти.

На 2 ноември почна да сообраќа автобусот на УНХЦР во релација Куманово-Ваксинце-Лојане. Автобусот ќе сообраќа два пати на ден.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија ја предупредиле Македонија, дека ако не се имплементира Рамковниот договор, нема да се реализира ветуваната помош од 23 милиони долари. Причина за ова е дека на 20 ноември завршува буџетската година во Холандија и по тој датум веќе не постои можност за префрлање на средства. Бидејќи средствата се одобрени за оваа година, тие не можат да и бидат доделени на Македонија дополнително, идната година.

Координација

Четиринаесетти состанок на НВО хуманитарна координација.
На состанокот присутните поднесуваа извештај за извршените активности во минатата недела. Како проблем е истакната состојбата на раселените лица од горнореканскиот регион. Тие досега два пати организирале конвој со посета на нивните домови, со поддршка на ОБСЕ. Исто така се потенцираше за поголемо внимание на семејствата кои имаат прифатено раселени лица и лицата кои се вратени во нивните домови, да им се помогне со парични средства, како и да се реализира што поскоро најавата од УНХЦР за помош од огревно дрво. Претставникот на организацијата Даја напомена дека раселените лица сместени во Чичино село живеат во крајно несоодветни услови. Како заклучоци беа донесени:да се проследи барање до владиното Координативно тело за организиран конвој за ВРЛ од Горна река; и да се иницира заедничка посткризна активност, каде НВО хуманитарна координација треба да преземе акција која ќе биде насочена кон потребите на ВРЛ, за нормализирање и враќање во секојдневниот живот.

Петнаесетти состанок на НХК.
Присутните организации информираа за спроведените активности. Претставникот на Министерството за труд и социјална политика, од одделението за бегалци, констатираше дека претставници на некои министерства и меѓународни организации не присуствуваат на овие состаноци. Исто така го потенцираше проблемот со греењето во колективниот центар Олимписко село. Од СЗО/ЊХО беше информирано дека проценката на состојбата на здравствените установи со Министерството за здравство е финализирана. УНИЦЕФ информираше дека првата фаза од дистрибуцијата на учебниците е комплетирана, а втората се очекува да заврши за две недели. Извештајот од УНИЦЕФ за психо-социјалната проценка на ВРЛ е завршена. Претставникот на ФАО информираше дека дистрибуцијата на вештачко ѓубриво во Св.Николе и Тетово е започнато. Како прашања и проблеми се истакнати обезбедувањето на дрва за греење за семејствата каде се сместени ВРЛ и нафта за колективните центри; обезбедување на топла облека и за лицата сместени во семејства; и МЦ Куманово одбивал да прими ВРЛ, уредно регистрирани при Македонскиот црвен крст.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News