Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 8/2001

30 јули - 5 август 2001 година

Скопје, 6 август 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица

Зголемен бројот на ВРЛ.
Во Македонија, според Македонскиот црвен крст, бројот на внатрешно раселените лица (ВРЛ) изнесува 47,424 лица. Од нив, 2,946 се сместени во колективните центри.

Натира има регистрирано зголемен број раселени лица кои се враќаат во Куманово од Скопје и Косово.

До 30 јули, според податоците на регионалната координација во Гостивар, се регистрирани 960 лица или 218 семејства, од кои 90% се Роми.

Се намалува бројот на бегалците кои се враќаат од Косово во Македонија. Досега од Косово во Македонија, според УНХЦР, се вратени околу 22,957 илјади бегалци, етнички Албанци, додека во Косово се наоѓаат околу 55,000 илјади лица.

Влијание на човечките животи

Во општините Липково, Вратница и Шипковица, во зоните со ограничен пристап, се наоѓаат 14,000, 4,500, односно 3,000 лица.

Хуманитарен конвој
На 31 јули Координативното тело за справување со кризата, во соработка со претставниците на меѓународната заедница, организира хуманитарен конвој кон тетовските села Лешок, Непроштено и Теарце. Со конвојот беа и 500 жители на овие села, кои ги посетија нивните домови. Конвојот влезе и во селото Вратница, а и патот беше безбеден и прооден. Конвојот за Опае одложен. Околу 300 жители на селото Опае во кумановскиот крај, во организација на градоначалникот на Куманово Слободан Ковачевски, требаше да ги посетат своите домови. Македонските безбедносни сили го одложија конвојот поради безбедносни ризици.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна

Помош за општина Вратница.
По 15 дена изолација, на 31 јули, заедно со конвојот кој беше организиран за раселените лица од Лешок, Непроштено и Теарце, за селата Вратница, Беловиште, Старо Село се дистрибуираше и храна за жителите.

Помош за раселените лица.
Меѓународниот комитет на црвениот крст, заедно со општинскиот Црвен крст на Тетово, од 06 до 21 август, ќе ја врши третата дистрибуција на помош за ВРЛ кои се регистрирани во мај и јуни.

МЦМС дистрибуираше храна за новопристигнатите ВРЛ во колективниот центар во Дојран.

Хуманитарен конвој за општина Липково.
По девет дена чекање дозвола, Ел хилал успеа да достави 62 тони храна за жителите на општина Липково. Исто така, помош достави и организацијата Мајка Тереза. МЦМС, преку Натира, се придружи на конвојот на 1 август и дистрибуира 18 тона храна и 10 тона сточна храна.

“Класје на добрината” дистрибуира помош во храна и хигиенски средства за 700 семејства во Куманово и за 1780 семејства во Скопје. Во Тетово е поделена помош од 12 тони храна.

Здравство

Сите раселени лица од кризните региони, со картичката што ја добиле при пријавувањето во Црвениот крст, можат да добијат бесплатна медицинска помош во сите амбуланти и болници во земјава.

Светската здравствена организација, во соработка со Министерството за Здравство и УНИЦЕФ, во три аптеки во Скопје, за ВРЛ почна да дели бесплатни лекови. Аптеките се наоѓаат во поликлиниките Ченто, Бит-пазар и Ѓорче Петров. Веќе подолго време во Куманово постои таков пункт. СЗО редовно доставуваат лекарства до медицинскиот центар во Тетово.

“Милосрдие” за општина Вратница подели медицински препарати.
Класје на добрината и САЖМ организираат бесплатни прегледи за раселените лица.

Засолништа

Во Дојран е отворен нов колективен центар каде се сместени 109 лица од тетовските села. Отворен е и комплексот Олимписко Село, за 230 лица.

За семејствата во село Арачиново, на кои им се оштетени куќите, МЦМС подели 1,050 пластични церади, по 100 душеци, кујнски пакети, канистри со вода и хигиенски пакет, сите обезбедени од страна на УНХЦР.

Водоснабдување и санитација

Штабот за цивилна заштита ја заврши поправката на оштетениот водовод во село Отља, каде веќе неколку месеци жителите се соочуваат со недостиг на вода.
Комунална хигиена – Скопје, врши редовно снабдување на населението во село Арачиново со вода за пиење. Секој ден се дистрибуираат 42 тона вода. Во селото, исто така, постојат три селски чешми.

Ел хилал, во соработка со МЦМС, обезбеди 15 тони минерална вода за Арачиново, во првите три дена од враќањето на раселените лица.

Во Тетово останува проблемот со водоснабдување.

Некои населби дури 24 часа немаат вода. ОЏФАМ поставил мобилни резервоари со вкупна зафатнина од 90 м^3;. Трите мобилни резервоари се монтирани во одделни населби, но нема можности секогаш да бидат во функција, бидејќи општината не е во можност константно да ги полни истите. Општината бара да се поддржи градскиот водовод со алтернативни бунари. Според странските агенции ова е структурно прашање и нема поддршка за планот на општината. МЦМС ја разгледува можноста за изградба на еден бунар/пумпна станица. Во соработка со ЈКП Тетово, локацијата ќе биде дополнително утврдена.

Училишта и образование

Во овој период нема такви активности.

Хуманитарно деминирање

Во село Арачиново, една недела по влегувањето на жителите, се уште не се отстранети сите неексплодирани гранати. Секој ден се пронаоѓаат околу десетина гранати.

МЦМС огласи во дневните весници Дневник, Вечер, Утрински весник и Факти информации за опасноста од мини и експолизивни средства.

Заштита и човекови права

Брошурата за "Информативна и правна поддршка на внатрешно раселени лица" со иницијатива на МЦМС е завршена и е дадена на рецензија.

Психосоцијални активности

УНИЦЕФ обезбедува психосоцијална поддршка за раселените деца во Скопје, Куманово и Тетово и во сите колективни центри каде се сместени ВРЛ.
СОЖМ, САЖМ, ООЖМ, РОЖМ “Даја” и Меѓаши продолжуваат со работата за психосоцијална поддршка на деца и жени.

Првата детска амбасада во светот “Меѓаши” од 8 до 17 август ќе организира летување во Охрид за 47 деца од различен етнички состав, од кризните подрачја, сместени во колективните центри.

Информации

Во Просториите на СОЖМ е отворен информативен центар, во кој може да се добијат сите информации во врска со ВРЛ.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

Хрватската влада додели помош за раселените лица во вредност од еден милион германски марки.

Координација

Состанок на НВО хуманитарна координација.
На 1 август беше одржана четвртата средба на НВО хуманитарна координација, каде беа изнесени извештаи за хуманитарните активности од изминатата недела. На средбата беа донесени неколку заклучоци, како иницирање состанок со координативното тело на Владата, каде би се дискутирало за прашањата: забрзана постапка за обезбедување лични документи за ВРЛ; пристап на населението кон приватните имоти за да се ожнее и собере житото и да се обезбеди адекватно сместување за раселените лица во Гостивар. Исто така, се заклучи да се одреди состанок со Интерсос, за составот на хуманитарните пакети; истакнување на проблемот со нееднаквиот третман на ВРЛ и зајакнување на информативната поддршка за ВРЛ.

Back to News