Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 02/2002

ИЗВЕШТАЈ ЗА СИТУАЦИЈАТА БР. 2/2002

4 февруари - –10 февруари 2002 година

 

ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица
Според најновата ре-регистрација, во моментот бројот на ВРЛ сместени во смејства домаќини изнесува 13,432, додека ВРЛ сместени во колективните центри е 2,871. Ова е вкупниот број на ВРЛ кои имаат евидентен лист од Црвениот крст.

Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 12,000 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 64,000 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна
На 8 февруари хуманитарната организација Ел хилал дистрибуира 15 тона храна и хигиенски производи за жителите од кумановското село Оризаре.

 Здравство
Со донација од ЕЦХО и Солидарите во процес е реконструкција на амбулантата во Липково.

Католичките служби за помош/ЦРС ги реконструира новите делови на амбулантата во Радуша. Еден лекар од здравствениот дом во Ѓорче Петров два пати во неделата оди во посета во Радуша.

ИРЦ продолжува со пружање на примарна здравствена грижа за ВРЛ во Куманово и Арачиново. Дневно на преглед доаѓаат околу 70 пациенти.

Засолништа
УНХЦР во изминатата недела изврши дистрибуција на дрво за огрев за населението во кризните региони, како и за раселените лица од Танушевци кои се сместени во семејства домаќини. УНХЦР дистрибуира 160 м³ дрво за огрев во Оризаре, 174 м³ во Ропаљце, 274 м³ во Грушино, како и 122 м³ за жителите од Танушевци, кои се привремено сместени во семејства домаќини. Со дрво за огрев се помогнати вкупно 365 семејства.

Европска перспектива со донација од Министерството за надворешни работи на Грција, ги заврши двата започнати проекти. Едниот е дистрибуција на градежен материјал за 94 семејства домаќини низ земјава, а другиот е градежен материјал за 11 семејства во Арачиново.

Досега Европска перспектива, со донација од Европската агенција за реконструкција (ЕАР), има извршено социјална проценка на 600 куќи и техничка проценка на околу 180 куќи. Од пред неколку дена започна дистрибуцијата на градежен материјал за куќите со оштетеност од 1,2 и 3 категорија во скопското село Арачиново.

ИМГ ќе реконструира 756 куќи. Веќе се идентификувани 540 корисници, додека 220 остануваат да бидат идентификувани. Веќе се комплетирани 250 социјални проценки.

Инфраструктура
Активностите на Европската агенција за реконструкција во Куманово се фокусираат во можна реализација на дренажна шема.

Земјоделство
Шпанската организација МПДЛ во текот на минатата недела почна со дистрибуција на сточна храна (пченка во зрно и соја) во кризните региони. Во тек е постапката за финализирање на списоците на корисниците на Министерството за земјоделство и водостопанство во координација со Светската организација за земјоделство (ФАО).

Досега се подготвени списоците за општина Липково и другите села од кумановскиот регион, каде во тек е дистрибуцијата на околу 400 тони сточна храна. Секое семејство ќе добие по 25 кг. соја и 200 кг. пченка во зрно.

Училишта и образование
УНИЦЕФ ја заврши дистрибуцијата на училишни комплети за учениците во кризните региони, како и ВРЛ учениците сместени во колективните центри и семејства домаќини. На 28,000 деца им беа подарени учебници, а 24,000 добија училишни чанти и училишен материјал.

ЦРС ја заврши рехабилитацијата на училиштата во Лопате и “25 Мај” во Скопје.

Училиштето во Брест е исчистено од мини и неексплодирани направи, но е многу оштетен за време на конфликтот. Во моментот во Брест се наоѓаат 24 ученици.

Психосоцијални активности
Нема нови познати активности во овој период.

Хуманитарно деминирање
Приоритетниот список за деминирање и пребарување на можните мински полиња ќе биде подготвен од страна на Владата. Претставници од Македонија ќе бидат испратени во Словенија за да го следат курсот за мини.

Канцеларијата за мини во соработка со ИЦРЦ/МКЦК планира собирање на информации во сомнителните погранични линии во областа на Дебар и Гостивар.

 ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање
Претседателот Трајковски на 4 февруари имаше средба со претседателот на ЕБРД Жан Лимиер, каде тој истакнал дека Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и натаму ќе ја поддржува Македонија, а реализацијата на проектите кои ги финансира оваа институција ќе продолжат со исто темпо.

На 6 февруари во Вашингтон претседателот Трајковски, за време на неговата посета на САД, имаше средба и со администраторот на Американската владина агенција за меѓународен развој (УСАИД) Ендрју Нациос. Претседателот Трајковски ја потенцирал потребата од соодветна поддршка на Агенцијата во имплементацијата на Рамковниот договор и Законот за локална самоуправа, како и за обезбедување техничка помош во процесот на децентрализирање и реформите на локалната власт.

 

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 1/2002 [28 јануари - 3 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 25/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News