Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 09/2002

ИЗВЕШТАЈ ЗА СИТУАЦИЈАТА БР. 9/2002

25 март - 31 март
 

ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица
Според најновата регистрација, во моментот бројот на ВРЛ сместени во семејства домаќини изнесува 14.159, додека ВРЛ сместени во колективните центри е 2,870. Ова е вкупниот број на ВРЛ кои имаат евидентен лист од Црвениот крст.

Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 10,000 бегалци (етнички Албанци).


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна
МКЦК во текот на март дистрибуира хуманитарна помош за 2.927 ВРЛ сместени во колективни центри. Од Зимската програма за микро раселени помош добиле 3.337 лица во Тетово и 197 во Скопје. Исто така е извршена тримесечна дистрибуција за селата Малина Мала, Брест, Гошинце, Лукаре, Ранковце, Пресница, Стрима, Алашевце и Руница, каде е дистрибуирана помош за 733 корисници.

 Здравство
СЗО ја заврши целата потребна документација за снабдување со основна опрема реконструираните амбуланти во Липковскиот регион.

СЗО подготвија договор со Американскиот Црвен крст за обзбедување на персонел за мобилните тимови кои ќе ги покриваат рехабилитираните амбуланти од страна на Солидарите во регионот на Липково.

Наменските сили лисици/ТФФ испорачале опрема за амбулантата во Вејце.

Инфраструктура
Според програмата за засолништа на УНХЦР за 2002 година, проценката на 614 куќи од 1 и 2 категорија е комплетирана. Дистрибуцијата на градежните материјали е веќе започната. Комплетирањето на првата фаза се очекува да заврши кон крајот на април, додека втората фаза се очекува да трае од мај до септември, со оваа програма. Ќе се поправаат сите куќи од категорија 1 и 2 оштетувани за време на конфликтот.

Земјоделство
За оваа година, италијанската влада има обезбедено 442,500 долари за семиња и ѓубриво, со што ќе се покријат околу 6,000 земјоделци во тетовскиот регион. Од данската влада се очекува да се обезбедат 500,000 долари за семе за компир и пченка.

Училишта и образование
УНИЦЕФ ја заврши дистрибуцијата на учил

Психосоцијални активности
УНХЦР продолжува да спроведува проекти со брзо влијание. Два проекта се одобрени во регионот на Куманово со психосоцијален фокус.

Волонтери на "Безбедно детство" посетуваат ВРЛ сместени во колективни центри во Скопје.

Хуманитарно деминирање
Според проценките на УНМАС, главниот ризик може да се елиминира во период од шест месеци интензивна работа. Хендикеп интернационал и ЦАРЕ работеле заедно со УНМАС за да планираат брзо вклучување на додатните тимови на ЕОД (Еџплосиве Орднанце Диспосал) штом ќе се обезбедат потребните средства. Околу 2.5 милиони долари се потребни за минимум 12 деминирачки екипи. Меѓународните НВО ќе ги поддржуваат новите обучени тимови на цивилна заштита за да се зголеми капацитетот на теренот.

 
ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање
Нема нови инфромации во изминатиот период.

 

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 8/2002 [18 март - 24 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 7/2002 [11 март - 17 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 6/2002 [4 март - 10 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 5/2002 [28 февруари - 3 март]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 4/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 3/2002 [11 февруари - 13 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 2/2002 [4 февруати - 10 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 1/2002 [28 јануари - 3 февруари]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 25/2001 [19 - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 24/2001 [12 - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 23/2001 [5 - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 22/2001 [29 - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 20/2001 [15 - 21октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News