Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 16/2001

17-23 септември 2001 година

Скопје, 24 септември 2001


ХУМАНИТАРНА СОСТОЈБА

Раселени лица


Вкупен број на ВРЛ.
Во Македонија, според ICRC/МКЦК, бројот на внатрешно раселените лица (ВРЛ) изнесува 70,497 лица. Од нив, 3,589 се сместени во колективните центри.

Се повеќе бегалци се враќаат од Косово.
Според податоците од УНХЦР во Косово се наоѓаат околу 27,411 бегалци (етнички Албанци), додека во Македонија досега се вратени околу 54,413 лица.


ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР

Храна

Хуманитарната организација Ел хилал дистрибуира воглавно основни прехранбени артикли и хигиенски материјал за населението во кризните региони, како и во Арачиново и Брњарци. Во Радуша се однесени 10 тона храна, во Липково 20 тона, во Ѓермо 4 тона, Арачиново 11 тона и Брњарци 3 тона.

ICRC/МКЦК на 18 септември дистрибуира пакети со храна и брашно за 160 семејства во општина Шипковица.

На 20 септември УНХЦР дистрибуира 50 каети со прехранбени артикли, ќебиња и шатори за 50 семејства од село Љуботен.

МЦМС на 20 септември дистрибуира помош во храна за жителите на селата Ратае и Жилче. Помошта се состоеше од 3,374 кг брашно, 810 литри зејтин, 540 кг шеќер и 270 кг сол.

Здравство

Нема нови активности во овој период.

Засолништа

МЦМС, на 19 септември, достави два камиона со градежен материјал за поправки на осум куќи, од вкупно дваесет, со мали оштетувања во село Лопате. Исто така, на 21 септември беше доставен градежен материјал за поправки и на 12 куќи во Брњарци.

Водоснабдување и санитација

МЦМС постави по еден пластичен резервоар за вода (20.000 литри зафатнина) за Орланци и Арачиново.

Училишта и образование

Во општина Липково и нивните подрачни единици, во ниту едно од шесте основни училишта не е почната новата учебна година, каде наставата треба да ја следат околу четири илјади ученици. Според претседателот на Штабот за цивилна заштита во Липково се преземаат мерки училиштата во липковските села да започнат со редовна настава некаде околу први октомври. Учениците, Македонци и Албанци, од липковското село Опае наставата ја следат во соседното село Лопате, што спаѓа во општина Куманово.

“Солидарите” продолжува со реконструкција на училиштето во Арачиново. Работите треба да завршат за десет дена.

Добротворна акција.
На 23 септември во Скопје, здружението на граѓани “АРТ-форум” организира добротворна акција за собирање училишни материјали и зимска облека за децата од раселените подрачја.

Хуманитарно деминирање

Министерството за одбрана и Министертсвото за внатрешни работи го завршија чистењето на теренот во реонот на селата Танушевци, Рибница, Грејка и Нивиште.

Заштита и човекови права

Нема такви активности во овој период.

Психосоцијални активности

Нема такви активности во овој период.

Посткризна рехабилитација

Тимот за проценување на штети заврши со проценките во Арачиново, каде беа проценети 1.500 куќи. Претходно беа проценети штетите на 20 куќи во Лопате, 12 во Брњарци и 23 куќи во Мојанце.

Според првичната проценка на стручните тимови извршена во Теарце и Лешок, составена од повеќе стручни лица од повеќе министерства и од локалната самоуправа, во овие две села вкупно се оштетени 200 објекти. Причинетата штета се проценува на околу 15 милиони германски марки. Европската унија најави започнување поправки на оштетените куќи во воие две села.

УНХЦР од 21 септември почна со организирање автобуска линија за раселените лица до селата северно од Тетово, кон граничниот премин Јажинце. Превозот е организиран по барање на македонската Влада. Автобусите ќе собраќаат три пати дневно.


ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Финансирање

За време на средбата на шефот на македонската дипломатија, Илинка Митрева, со државбниот министер на германија, Кристофер Цепел, во Македонија, беше истакната неопходноста од итна меѓународна заедница за доставување економска помош за надминување на материјалните последици од кризата, во правецв нма реконструкција на разурнатите домови и инфрастуктурата, како и за безбедното враќање на раселените лица и бегалците во нивните домови. Германскиот државен министер за надворешни работи најави дека Германија од буџетот на сојузното министерство ќе стави на располагање итна помош во висина од пет милиони марки за Македонија.

На 18 септември во посета на Македонија престојуваа министрите за надворешни работи и за одбрана на Република Италија, Ренато Руџеро и Антонио Мартино. Италијанската влада реши да и да даде на Македонија итна финансиска помош во висина од осум милијарди лири, која ќе се додаде на веќе испратените три милијарди. Шефот на италијанската дипломатија истакна дека Италија е подготвена да учествува на донаторската конференција што ќе се одржи на 15 октомври.
Јапонската влада додели милион долари помош за раселните лица во Македонија. Помошта ќе биде дистрибуирана преку УНХЦР и ИЦРЦ/МКЦК.

Координација

Деветти состанок на НВО хуманитарната координација.
На почетокот на состанокот присутните организации поднесоа извештај за активностите во претходната недела. Претставникот на Меѓаши имаше забелешка во врска со најавеното снабдување на раселените ученици во основното образование со бесплатни учебници и дека постапката се одвива многу бавно. Претставникот на организацијата ДРОМ го нагласи проблемот со кој се соочуваат организациите во Куманово, во врска со враќањето на бегалците од Косово. Беше информирано дека поголемиот дел од раселените лица од Тетово, кои беа сместени во Гостивар, се вратени во нивните домови, но потребно е да се отпочне што е можно поскоро со проценка на штетите и реконструкција на објектите, за тие да не се раселат повторно.

На состанокот беа донесени и следните заклучоци: изготвување акредитивни картички за сите учесници на ова координативно тело за да се олесни движењето; група од 3 до 5 члена на НВО хуманитарната координација да подготви план и програма со која би се презеле поконкретни заеднички чекори во остварувањето на хуманитарните активности; да се достави барање до Министерството за транспорт и врски за ослободување на службените возила на организациите од плаќање патарина; посета на колективни центри каде ќе се идентификуваат потребите на раселените лица; да се формира лоби-група која ќе врши притисок до сите институции и организации, како и директна помош за раселените лица; да се направат контакти со странските НВО и донатори; да се организира дополнителна средба на координативното тело во која би се разговарало за сите дополнителни потреби и проблеми на организациите и раселените лица; и да се преземаат активности во врска со помошта и враќањето на довербата на ВРЛ.

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата во Македонија бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News