Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  МЦМС Извештај за ситуацијата бр. 1/2001

За неделата што завршува на 10 јуни 2001 година

Позадина на итноста


Раселени лица


Од почетокот на кризата во Македонија до сега раселени се повеќе од 40.000 лица. Според податоците на УНХЦР, до сега, во Косово се регистрирани 30.000 бегалци од Македонија. Бројот на бегалците значително се зголемува последните денови, што се поврзува со заземањето на селото Арачиново од страна на милитантни екстремистите. Така, во саботата се регистрирани 4.466 бегалци кои ја поминале границата со Косово, а во неделата до пладне тој број е 1.000. Според УНХЦР бројот на лица кои ја напуштаат Македонија и заминуваат во Косово не се намалува.

Пеесетина жители на Арачиново, етнички Македонци, во неделата побараа прием кај претседателот Борис Трајковски. Според нив, претседателот им ветил дека ќе бидат сместени со семејствата додека да се разреши кризата.

Од граничните области со скопско Арачиново се иселуваат и етничките Албанци и етничките Македонци.

Раселувањето продолжува и од останатите населени места од околината на Арачиново.
Црвениот крст на Македонија досега регистрирал 20.399 раселени лица, од нив 14.859 се од кумановските села, 2.450 се од Скопска Црна Гора, а 2.261 се од тетовските села.


Проблем со водата

Куманово

Жителите на Куманово веќе пет дена немаат вода.
Причината за тоа се затворените вентили на Липковското Еезеро, главниот и единствен напојувач на градот со вода. Безбедносните сили не можат да пријдат и да ги отворат вентилите, тие се контролирани од милитантни екстремистите. Градот добива вода од цистерни. Најголем број на болни од кумановската болница се префрлаат во Скопје, а забрането е и производството на храна во рестораните.

Тетово

Некои делови на Тетово како и повеќатниците останаа без вода за пиење.
Причината за тоа е намалувањетона електрична енергија на Попова Шапка поради што е оневозможено работењето на системот на четирите мали хидроцентрали и на цевководот. За отстранување на дефектот на далноводот што ги напојувал овие хидроцентрали е потребно повеќе од 15 дена. Во моментот, тетовчани имаат доток од 200 литри во секунда што е доволно за минималните потреби на градот.

Останати ефекти


Приближувањето на кризата кон главниот град на државата предизвика паника кај граѓаните. Ова се манифестира во зголемената потрошувачка на основните прехрамбени продукти, брашно, шеќер, масло као и минерална вода.
Милитантни екстремисти По објавувањето на ултиматумот пред бензинските пумпи се направија непрегледни колони од граѓани.

Курсот на германската марка се искачи до неверојатни 36 МКД за една марка (курсот на Народна банка на Македонија е 31.25МКД за една марка) но и покрај тоа приватните менувачници и банките не продаваат туку само откупуваат германски марки.


Одговор на МЦМС

Претходни активности

На почетокот на кризата МЦМС и уште пет други НВО во Македонија ја потпишаа заедничката Изјава за ненасилно решавање на конфликтите. Изјавата ја потпишаа и други НВО.

МЦМС објави повеќе документи кои се однесуваат на Македонија и надминувањето на состојба во која се најде. Документите се објавене во интегрална форма за да се постигне поголема транспарентност во информирањето на граѓаните.

Кон крајот на март и почетокот на април 2001 година МЦМС организираше дистрибуција на храна и хигиенски пакети за 3000 семејства во Тетово, Куманово, Скопје и уште во неколку места во кои имаше раселени лица. Дистрибуцијата се вршеше со локални партнери.

Тековни активности

Во моментов се прави идентификација и се испитуваат можностите за помош на раселените лица кои не добиваат никаква помош, но се испитуваат и можностите за помош во надминувањето на проблемот со водата во Куманово и во Тетово.

Back to News