Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Позадина на  итноста бр. 04/2002

ПОЗАТИНА НА ИТНОСТА БР. 04/2002

18 февруари - 24 февруари 2002 година

 

 

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Продолжѕва Планот за враќање на полицијата во кризните региони со мали потешкотии
На 18 февруари по неколкудневната блокада од месното населиние, полицијата влезе во гостиварските села Форино, Чегране и Корито. На 20 февруари мешаните етнички патроли требаа да влезат во 15 нови села во Тетовско и Гостиварско, но беа спречени од месното албанско население.

Проблематично враќањето на раселените лица од Арачиново.
Раселените лица од Арачиново, етнички Македонци, не искажуваат желба да се вратат во нивните домови, особено по инцидентот што се случи во ова село, кога животот го загуби еден нивен соселанец од поставена рачна бомба. Тие бараат од Владата на Македонија локација за изградба на привремени живеалишта. Градоначалникот на општина Арачиново, Решат Ферати, изјавил дека во селото е безбедно за живеење, но не може да предвиди што може да се случи.

Притворени пет етнички Албанци, од кои двајца ослободени.
На 20 февруари, во една населба во Скопје, екипи на МВР уапсиле пет етнички Албанци. Според МВР, уапсените подолго време подготвувале напади со бомби во Скопје. При апсењето полицијата открила и запленила оружје и муниција. Меѓу уапсените се наоѓа и еден шестнаесетгодишник. Според изјавите на ослободените, пренесени од весникот на албански јазик „Факти“, во нивните домови не било најдено оружје како што велат во полицијата.

Продолжен мандатот на мисијата „Килибарна лисица“ и на пратеникот на ЕУ Ален ле Роа.
На 18 февруари во Брисел, во седиштето на НАТО, беше одржан состанок каде се одлучи за продолжувањето на мандатот на мисијата на НАТО во Македонија „Килибарна лисица“, која ќе биде продолжена за три месеци, поточно до 26 јуни оваа година, со можност за уште три месеци по јуни. Германија прифати да продолжи со раководење со мисијата во овој период. Исто така беше продолжен мандатот за уште четири месеци на европскиот пратеник во земјава Ален ле Роа.

 

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 03/2002 [11 февруари - 17 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 02/2002 [4 февруари - 10 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News