Позадина на  итноста бр. 01/2002

ПОЗАТИНА НА ИТНОСТА БР. 01/2002

28 јануари - 3 февруари 2002 година

 

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Планот за враќање на полицијата се спроведува со мали потешкотии и задоцнувања.
По преговорите меѓу претставниците на меѓународната заедница во земјава и локалните авторитети од селото Матејче, мешаните полициски патроли влегоа во ова село. Шестчлената патрола беше во придружба на мониторинг мисијата на ОБСЕ, НАТО и на Европската унија.

При последната посета на амбасадорот Клаус Волерс во Радуша, како главна причина за недозволување на полицијата да влезе во селото се посочуваа четирите затворени жители кои не се опфатени со помилувањето. Управата за безбедност и контраразузнавање се произнела дека тие лица не треба да бидат помилувани, бидејќи сториле тешки кривични дела.

На 30 јануари по препорака на меѓународните набљудувачи беше одложено влегувањето на полициските патроли во селата Отља, Липково и Оризаре. Одлагањето на спроведувањето на планот на Координативното тело за справување со кризи во овие три села беше поради врачените судски покани на десетина жители за издржување казна затвор. Поради безбедносни причини мешаните полициски патроли не влегоа во населбата Теќе во Тетово. На 1 јануари по објавувањето на веста дека ќе се подготвува закон за амнестија, населението го овозможи враќањето на мешаните етнички полициски патроли.

Нови инциденти од непознати сторители.
На 28 јануари, во населбата Чаир е фрлена рачна бомба во дворот на еден етнички Албанец. Причинета е само материјална штета. Причините за експлозијата се уште се непознати.
На 2 февруари во кумановските села Опае и Ропаљце, се опожарени две куќи на етнички Македонци. Во овие села мешаните етнички полициски патроли имаат пристап 24 часа.

Извештај на Комисијата за киднапирани и исчезнати.
По двомесечна истрага на Комисијата за киднапирани и исчезнати лица констатирала дека дванаесетте цивили од тетовско биле киднапирани од припадници на ОНА. Извештајот се темелина наодот на теренот и интервјуа со семејствата на киднапираните.

Почнува вториот курс за идните полицајци.
Од 11 февруари треба да започне вториот курс за полицајците, каде ќе бидат вклучени 250 курсисти, од кои најголем дел се етнички Албанци 150, 50 етнички Македонци и 50 припадници на другите националности. Курсот го спроведуваат претставници на ОБСЕ.

Можно продолжување на мандатот на НАТО во Македонија.
Командантот на мисијата „Килибарна лисица“, германскиот генерал Хајнц Георг Кеерл, изјавил дека мисијата на НАТО во Македонија ќе биде продолжена за да се зацврсти примирјето во кризните региони во земјава. Најверојатно дека ќе има нова мисија на НАТО во Македонија слична на „Килибарна лисица“, чиј мандат истекува на 27 март.

Предвремени избори во септември.
Според претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, најповолен месец за одржување на предвремените избори е 8 септември, на што би претходело распуштање на Собранието на 7 јули. До тогаш би требало да се донесат приоритетните закони и да се направат амандмански интервенции во постојните, во согласност со Рамковниот договор.

Нови иницијативи околу амнестијата.
Претставниците на Европската унија, НАТО и на ОБСЕ во земјава бараат законот за амнестија на поранешните припадници на ОНА да се најде во Собранието. Овие организации веќе работат на содржината на неговата последна верзија.

На состанокот на Координативното тело за справување со кризи, одржан на 31 јануари, со кој претседава премиерот Љубчо Георгиевски, е заклучено Министерството за правда да биде задолжено да подготви закон за амнестија. Предлагач на законот во Собранието ќе биде Владата на РМ.

 


Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together