26 ноември - 2 декември 2001 година

Скопје, 26ти ноември 2001

ПОЗАДИНА НА ИТНОСТА

Безбедносна состојба

Малтретирани цивили.
Според медиумите на македонски јазик, на 26 ноември во Тетово, од страна на униформирани вооружени лица биле грабнати и претепани неколку цивили, кои подоцна биле пуштени. На 27 ноември биле ограбени и претепани четворица цивили во тетовската населба Дреновец.

Експлозија во Тетово.
На 27 ноември во Тетово, експлозивна направа била фрлена врз куќа на етнички Македонец. Повредени нема, само е причинета материјална штета.

Нападнат армиски пункт.
На 27 ноември непознати лица од возило фрлиле рачна граната, врз пункт на македонската армија во Тетово. Според информации од Центарот за справување со кризи, на 29 ноември биле нападнати полициските пунктови Јегуновце, Рамниште, Рамно и Извор.

Прекинати работите околу ексхумацијата на киднапираните цивили.
Откопувањето и пребарувањето на јамата на депонијата во тетовското село Џепчиште е завршена и засега тимот за ексхумација нема да работи на нова локација. Според претставници од Институтот за судска медицина во Скопје, во јамата меѓу селата Џепчиште и Требош се пронајдени делови од човечки тела и коски.

Автобус на УНХЦР налета на мина.
Н а 30 ноември автобус на УНХЦР со осум ученици и тројца возрасни, кој сообраќал на линија Скопје-Радуша, налетал на мина, при што никој не бил повреден.
Ранет цивил. На 1 декември, на излез од Тетово, неколку униформирани лица стрелале кон возило што превезувало леб за село Брвеница. При нападот е лесно ранет возачот на возилото.


Политичка состојба

Доставен списокот со лицата кои треба да бидат помилувани од претседателот на државата.
На 26 ноември министерот за правда Иџет Мемети, до Кабинетот на претседателот на државата Борис Трајковски, го достави списокот со имиња на 88 поранешни припадници на ОНА, кои се надеваат да бидат помилувани, односно да бидат ослободени од кривично гонење или од издржување на затворска казна.
Повлечен предлогот за предвремени избори. На 26 ноември Собранието на РМ ја почна расправата по предлогот на нејзиниот претседател Стојан Андов за предвремени избори. На 27 ноември предлогот беше повлечен од претседателот на Собранието.

Прифатен предлогот за донесување закон за локална самоуправа.
На состанокот на Владата на РМ, одржан на 27 ноември, бил прифатен предлогот за донесување закон за локална самоуправа.

Седница на Собранието за избор на судии.
На 28 ноември почна 93 состанок на Собранието за избор и реизбор на судии и претседатели на судови. Состанокот беше прекинат под притисок на ДПА и ПДП, кои не се согласија со предложениот список, бидејќи на него немаше ниту еден Албанец. На 29 ноември беше одложено продолжението на оваа седница.

Составена новата Влада.
На 29 ноември, премиерот на РМ, Љубчо Георгиевски, го соопшти новиот состав на Владата, кој е седми по ред. Новата Влада е составена од министри на ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ПДП, Либерална партија, Нова демократија и од ВМРО-вистинска.
Поддржан предлогот на претседателот за продолжување на мандатот на „Килибарна лисица“. Советот за безбедност на Република Македонија, го поддржа предлогот на претседателот Трајковски, за продолжување на мандатот на мисијата на НАТО „Килибарна лисица“ и на мисиите на другите релевантни меѓународни организации.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together