1 - 7 октомври 2001 година

Скопје, 8ми октомври 2001


Безбедносна состојба

Повторни провокации.
Според сооопштение на Министерството за внатрешни работи, на 1 октомври, од страна на екстремистите се нападнати со автоматско оружје полицискиот пункт кај Жичарницата и во близина на објектот на СВР – Тетово.

Експлозија на бомба во автомобил.
На 3 октомври, пред зградата на НИП „Нова Македонија“, експлодираше едно возило при што загинал возачот, етнички Албанец, додека се ранети двајца случајни минувачи. Според полициските органи возачот бил припадник на ОНА и можно е да станува збор за подметната експлозивна направа.

Нападната бензинска пумпа.
На 5 октомври врз бензинска пумпа, сопственост на етнички Албанец од село Челопек, паднала тромблонска мина. Причинета е само материјална штета.

Каменувани автомобилите на Солана и Патен.
Околу педесетина граѓани пред Собранието на РМ со камења фралале врз возилата на Солана и Патен, при нивното пристигнување во Скопје.

Заробени македонски граничари.
Според медиумите на македонски јазик, на 5 октомври биле заробени тројца македонски граничари од војници на американскиот контигент на КФОР, на макеоднска територија, додека спречувале илегален влез на луѓе во реонот на караулата Гошинце. Тројцата граничари по тричасовно држење на Косово биле вратени назад. Мисијата на КФОР тврди дека граничарите биле заробени во длабочина од 2,5 километри на косовска територија.

Спречен можен напад врз премиерот на Македонија.
На 5 октомври, според полициско соопштение, во близина на германската амбасада, од полициска патрола било запрено возило, во кое се наоѓале двајца македонски државјани, етнички Албанци, при што било пронајден експлозив ТНТ. Инаку неколку минути подоцна требало да помине возилото на премиерот Љубчо Георгиевски. Двете лица се приведени од полицијата.


Политичка состојба

Средба на роднините на киднапираните лица со Трајковски и Андов.
На 2 октомври, роднините на киднапираните лица, етнички Македонци, имаа средба со Претстедателот на државата Борис Трајковски и претседателот на Собранието Стојан Андов. Тие им ветиле дека постапката за уставни промени нема да биде комплетирана се додека не бидат ослободени сите 14 киднапирани граѓани.

Одобрен планот за враќање на безбедносните сили во кризните региони.
На 3 октомври беше одржана седница на Советот за национална безбедност, каде што беше одобрен планот за враќање на безбедносните сили во кризните региони. На 4 октомври безбедносните сили не успеаа да влезат во селата Грушино, Орланце, Мојанце. Според медиумите, безбедносните сили не влегле во селата поради минираност на теренот. Претседавачот на ОБСЕ, Мирчеа Џоана, изјавил дека полицијата не може да влезе во кризните региони без набљудувачи на ОБСЕ и ЕУ. Мешовита полиција почна да патролита во тетовските села Шемшево, Милетино, Блаце, Волковија и Стенче.

Инцидент во Кабинетот на премиерот.
На 3 октомври се сретнаа на разговор американскиот пратеник за Македонија Џејмс Пердју и македонскиот премиер Љубчо Георгиевски. Според медиумите, Пердју рекол дека во моментов не е можно враќањето на безбедносните сили во кризните региони и дека треба да се исполнат одредени услови. Претходно би требало да следи амнестијата за бившите припадници на т.н. ОНА и дека во кризните региони, треба да се распореди етнички мешан состав на полицијата. Пердју, исто така рекол дека за време на неговата посета во Идризово, каде се обучуваат полицајците Албанци, добил поплаки дека неколку Албанки биле сексуално малтретирани од полицајци Македонци. По ова, премиерот Георгиевски го прекинал разговорот.

Официјално почна мисијата „Килибарна лисица“.
На 4 октомври официјално почна мисијата „Килибарна лисица“, која ја замени претходната мисија на НАТО во Македонија за собирање на оружјето од припадниците на т.н. ОНА „Суштинска жетва“. Новата мисија ќе има задача да обезбеди поддршка и заштита на меѓународните набљудувачи. Во мисијата на НАТО „Килибарна лисица“ ќе бидат вклучени околу 750 војници.

Притисок на Запад врз потписниците од Охрид.
На 4 окотмври во посета на Македонија пристигнаа Хавиер Солана, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Кристофер Патен, еврокомесар за надворешна политика и Мирчеа Џоана, претседавач со ОБСЕ, кои имаа средба со високите државни политичари. Тие бараат да се забрза имплементирањето на уставните промени, да не се спроведува референдумот и да се одложи влегувањето на македонските безбедносни сили во некои села без присуство од меѓународни набњудувачи, а го истакнал и прашањето за амнестијата.

Закажана седницата на Собранието за усвојување на амандманите.
Пртетседателот на Собранието, Стојан Андов, на 5 октомври информира дека третата фаза во која треба да се усвојат уставните амандмани ќе почне во вторник (9.10). Претседателот на државата, Борис Трајковски, до Собранието доставил шест амандмани, кои се однесуваат на употреба на јазикот, застапеноста на припадниците на заедниците во јавните институции, посебниот механизам за донесување закони што ги засегаат културата, образованието и друго, народниот правобранител и на локалната самоуправа.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together