13 - 19 Август 2001 година

1.1. Безбедносна состојба

Нестабилно примирје, без големи инциденти.
Инциденти во регионот на Тетово – Јажинце. Министерството за одбрана соопшти дека на 13 август, денот на потпишувањето на рамковниот документ, екстремистите во тетовско го прекршиле примирјето. Цели на нивните напади биле позициите на безбедносните сили на Попова Шапка, Беловиште и Вратница. Екстремистите стрелале од нивните позиции на повисоките реони на Шар Планина, Шипковица и во непосредна близина на Тетово, како и од Порој и Одри. Од граната во село Беловиште бил повреден еден жител, етнички Македонец. Во Лешок беа запалени три куќи на етнички Македонци. Исто така изгорела и една американско-македонска текстилна фабрика „Матекс“ во близина на Теарце, каде работеле 250 жители на околните села. Патот Тетово – Јажинце не е безбеден за патување.


Убиен полицаец.
При напад на полициски пункт, на 16 август, во близина на касарната во Тетово од снајпер е убиен еден припадник на безбедносните сили. Спротивставено информирање. Медиумите на албански јазик пишуваат дека примирјето е прекшено од македонските безбедносни сили и за инцидентите имаат спротивставени извештаи.

Измачуван свештеник.
На патот Тетово-Јажинце, православен свештеник (етнички македонец), кој служел во селата од Општина Вратница, е киднапиран и измачуван од страна на екстремистите во селото Одри. Нему му се наненеси тешки телесни поврди и е хоспитализиран во Скопје.

Борби во Радуша.
Неофицијални извори потврдуваат борби во регионот на Радуша во периодот 16 – 18 август, за кои нема информации во ниеден медиум.

Подготовки за „Неопходна жетва“.
Експерти на НАТО во Македонија. Група од 15 воени експерти на НАТО на 14 август пристигнаа во Македонија, кои ќе се обидат да го поддржат прекинот на огнот. Пред распоредувањето на силите на алијансата во Македонија, потребно е да биде склучен и технички договор со ОНА за доброволно предавање на оружјето, а процесот на разоружувањето ќе се одвива паралелно со ратификацијата на политичкиот договор во Парламентот. Во мисијата на НАТО „Неопходна жетва“ ќе бидат вклучени 3.500 војници, со мандат во рок од 30 дена да го соберат оружјето од екстремистите.

Пристигнаа првите војници од операцијата „Неопходна жетва“.
Во Скопје пристигнаа првите војници на НАТО силите кои ќе земат учество во операцијата за разоружување на екстремистите. Како претходница стигнаа 120 чешки војници, кои ќе вршат обезбедување и заштита на Штабот, кој ќе врши проценка на теренот. Исто така пристигнаа и 50 британски војници. Одложена одлуката за распоредување на силите на Алијансата во Македонија. Советот на НАТО на 17 август го одложи донесувањето на одлуката околу тоа дали да ги распореди сите 3.500 војници во соборањето на оружјето за оваа недела.

Спротиставени тврдења за девет погинати лица од Луботен.
Двајца пратеници од македонскиот Парламент, етнички Албанци, во врска со деветте погинати лица од село Луботен на 12 август, велат дека тие се убиени од страна на резервисти на полицијата од соседното село Љубанци (од каде беа два војника кои погинаа непосредно пред тоа во инцидентот со мина од 10 август). Мисијата на ОБСЕ потврдила дека се најдени одреден број на тела. Полициски извори велат дека екстремистите некогаш се пресоблекуваат во цивили. На претставниците на Основното јавно обвинителство и истражниот судија, селаните од Љуботен не им дозволиле да извршат увид и утврдување на идентитетот на убиените.

Блокиран граничниот премин со Косово.
Стотина Македонци од тетовските села Лешок, Теарце и Непроштено, организирани од Светскиот македонски конгрес (СМК), од 18 август ја држат под блокада граничниот премин кон Косово. Преминот им е дозволен само на на возилата на македонсакта армија и полиција како и на итната помош. На сите возила на меѓународни организации им е забранет влезот и излезот од Македонија. Некои раселени лица од тетовските села веќе се оградуваат од ваквиот начин на протестирање.


1.2. Политичка состојба

Потпишан мировниот договор.
Во претседателската резиденција на Водно, во Скопје, претседателот на државата Борис Трајковски и лидерите на четирите политички партии вклучени во дијалогот, го потпишаа рамковниот договор за промени во уставот. Документот го потпишаа и двата специјални претставници на САД и ЕУ, Џејмс Пердју и Франсоа Леотар. На потпишувањето присуствуваа и генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон, високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана, актуелниот председавач на Унијата, шефот на белгиската дипломатија Луи Мишел, како и председавачот на ОБСЕ Мирчеа Џоана. Потпишувањето на документот беше поздравен од сите домашни и надворешни релевантни фактори.

Потпишан договорот за разоружување на ОНА.
На 14 август во Шипковица е потпишан договор за разоружување на ОНА меѓу политичкиот лидер Али Ахмети и претставникот на НАТО Питер Фејт. ОНА се согласува да во рок од 30 дена да се демобилизира, и да го предаде оружјето и униформите на силите на НАТО или на КФОР.

Амнестија за екстремистите.
Претседателот на државата БорисТрајковски на 15 јуни објави известување за намерата за амнестија за припадниците на ОНА што доброволно ќе го предадат оружјето и што не извршиле злосторства.

Фази на спроведување на измените на Уставот.
Имплементацијата на рамковниот договор во Парламентот ќе се одвива во три фази, напоредно со разоружувањето на екстремистите од страна на НАТО. Првата фаза е да Претседателот на државата поднесе предлог (15 август) до Собранието за пристапување кон измена на Уставот, кое собраниските тела треба да ги разгледуваат во рок од 15 дена. Откако ќе биде собрано 1/3 од оружјето, претседателот на Собранието ќе свика седница (закажана за 31 август) за донесување одлука за пристапување кон измена на Уставот со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Втората фаза предвидува утврдување на нацрт амандмани, најверојатно од експерти на престедателот на државата, но откако НАТО ќе одземе 2/3 од оружјето на ОНА. Последната фаза за усвојување на амандманите ќе настапи откако претседателот на Парламентот, ќе добие потврда од шефот на државата дека е одземено целото оружје од ОНА и ќе бидат распуштени екстремистите.

МРТВ без информативните емисии на албански јазик.
Сеуште трае прекинот на програмата на информативните емисии на албански јазик на МРТВ од 8 август. Албанската редакција не прифаќа емисиите да бидат одобрени од одговорниот уредник на МТВ.


Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together