12 - 18 ноември 2001 година

Скопје, 19ти ноември 2001

ПОЗАДИНА НА ИТНОСТА

Безбедносна состојба


Презедена одговорноста за убиството на полицајците.
Албанската национална армија (АНА), ја презеде одговорноста за убиството на тројцата припадници на македонските специјални сили, кои животот го загубија на 11 ноември кај селото Требош.

Пилот-планот не се реализира во Тетовско.
По влошената безбедносна состојба во тетовско, на 12 ноември не се остваруваше пилот-планот во тетовските села Лешок и Теарце. Планот продолжува да се остварува во Опае, Лопате и Грушино.

Повлечен дел од специјалните сили во реонот на Непроштено.
На 13 ноември по сугестија на претседателот на државата Борис Трајковски, дел од специјалните полициски сили биле повлечени од потегот меѓу селата Требош и Непроштено. Тие се заменети со војници на НАТО од мисијата „Килибарна лисица“, што треба да го обезбедат теренот каде се претпоставува дека се наоѓа масовна гробница.

Нападнати полициски пунктови.
Министерството за внатрешни работи информира, дека на 14 ноември биле нападнати полициски пунктови на неколку места во кризните региони: кај село Прељубиште од правец на село Шемшово, кај село Требош од правец на Џепчиште, од правец на Нераште и Долно Орашје е пукано врз пунктот „Рамниште“. Според МВР, исто така се регистрирани истрели од правец на селата Матејче, Отља, Опае и Ваксинце.

Киднапиран припадник на резервниот состав.

На 14 ноември од страна на вооружени лица е киднапиран припадник на резервниот состав на полицијата. Со посредство на екипите на НАТО истиот ден полицаецот е ослободен.

Прекината обуката на идните полицајци, етнички Албанци.
Весникот на албански јазик „Факти“ пишува дека обуката во кампот Идризово за идни полицајци, етнички Албанци, е прекината на 12 ноември. На тој ден голем број на припадници на резервниот состав на полицијата по настаните кај Требош се вратени во Идризово, при што американските инструктори решиле да се прекине обуката поради можни провокации.

Политичка состојба

Согласност од ПДП за текстот на Преамбулата и амандманот за верските заедници.
На 12 ноември, Партијата за демократски просперитет, под притисок на меѓународната заедница, се согласи да гласа за текстот на Преамбулата и амандманот за верските заедници.

Пораки од Робертсон и Солана.
Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон, на 11 ноември ги повика сите страни во Македонија на воздржаност поради ескалирањето на ситуацијата во земјата. Со иста порака се обрати и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана, кој притоа изјавил дека усвојувањето на уставните амандмани е единствениот начин за брзо враќање на меѓусебната доверба во Македонија.

Претставници на МВР се повлекоа од Координативното тело за справување со кризи.
Како причина за повлекувањето на претставниците на МВР од Координативното тело за справување со кризи, се наведени обвинувањата адресирани до министерот за внатрешни работи, како и до ова министерство.

Уапсените кај Требош се живи.
Специјалниот пратеник од Европската Унија во Македонија, Ален Лероа, по повод информациите добиени од партиите ПДП и ДПА, дека еден од седумтте уапсени кај Требош, етнички Албанци, е мртов организира конференција за печатот. Тој изјави дека ги посетил уапсените, кои имаат лесни телесни повреди, но нивниот живот не е загрозен.

Изгласани уставните промени.
Продолжението на собраниската расправа за уставните амандмани, која беше најавена за 13 ноември, не се одржа поради смртта на еден пратеник. Седницата продолжи на 15 ноември. На 16 ноември Собранието на РМ откако ги утврди и усвои 15-те уставни амандмани, со 94 гласа „за“ и 13 „против“ ги прогласи имените на Уставот, и тие веднаш стапија во сила.

Писмо до европската тројка по повод амнестијата.
Претседателот на државата, Борис Трајковски, на 16 ноември упати писмо до Робертсон, Солана и Џоана, каде информира дека амнестијата е дополнета со уште еден правен инструмент-помилувањето. Со ова ќе бидат опфатени сите припадници на ОНА чиишто предмети се процесирани во која било фаза од постапката, а за кои министерот за правда најдоцна за една недела ќе достави список. Изјавата се однесува на поранешните припадници на ОНА, кои до 26 септември доброволно го предале оружјето, како и за тие кои до тој датум сториле кривични дела.

Одземен мандатот на пратеник на Собранието на РМ.
На 16 ноември пратениците на Собранието на РМ, со 85 гласа „за“ и три „против“, поради шестмесечно отсуство од парламентот му го одзема мандатот на пратеникот Хисни Шаќири, кој се приклучи во редовите на ОНА, во март оваа година.

Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together