17 - 23 септември 2001 година

Скопје, 24 септември 2001


Безбедносна состојба

Критична состојба во тетовскиот регион.
Според полицисики и армиски извори, на 17 септември, група од неколку стотина екстремисти го блокирале патот кај Шемешево и го минирале мостот што го поврзува Шемшево и Сириќино. Двете села, Ратае и Жилче, каде се сместени полициски и армиски сили се отсечени и не може да се достави помош во храна до овие села. Според НАТО, оружените инциденти во селата Ратае и Жилче ги испровоцирале македонските безбедносни сили. Весникот на албански јазик „Факти“ пишува дека за време на гранатирањата на селото Шемшево на 16 септември се ранети двајца жители.

Повлечен резервниот состав на полицијата во Ратае и Жилче.
Со одлука на Советот за безбедност на Република Македонија, на 20 септември, резервниот состав на полицијата е повлечен од селата Ратае и Жилче и тие се заменети со припадници на армијата и активните полициски сили. Претходно, на 18 септември, селаните етнички Македонци, го блокирале излезот од селото, со што го оневозможиле повлекувањето на резервните полициски сили, но откако беа отстранети барикадите кај Шемшево истото се случи и во Ратае и Жилче.

Она врши контрола на автопатот Тетово-Гостивар.
Медиумите на македонски јазик пишуваат дека преку ноќ, припадниците на ОНА вршат контрола на автопатот Тетово-Гостивар. Екстремистите вршат контрола на возилата, ги претресуваат патниците и наплаќаат казни.

Од подметнат експлозив уништена бензинска пумпа.
На 20 септември, од поставен експлозив беше разурната бензинската пумпа „7 браќа“, која се наоѓа на патот Скопје – Тетово. Штетите се преценуваат на 2 милиони германски марки. До 17 септември во пумпата постоеше пункт на полицијата, но беше повлечена. Нови бомбашки напади во Скопје. На 21 септември во скопска населба, каде живее мешано население, од експлозивна направа поставена до оградата на Пензионерскиот дом, биле искршени прозорците на девет автомобили. На 23 септември, во старата скопска чаршија, пред една менувачница експлодира бомба „кашикара“, која предизвика материјална штета. Оштетени се шест дуќани и два автомобила.

Нов началник на Генералштабот на АРМ.
Претседателот на државата Борис Трајковски како врховерн командант на оружените сили, за началник на Генералшабот на Армијата на Република Македонија го именуваше генерал-потполковник Методи Стамболиски, досегашен заменик-началник на Генералштабот.

Конвој со раселени лица во Матејче.
На 21 септември конвој со околу 80 жители на Матејче и околните села од липковскиот регион, претставници од локалната самоуправа, Координативното тело за справување со кризи и бројни новинари, по повод традиционалниот христијански празник „Мала Богородица“, беа во посета на манастирот „Света Богородица“ во Матејче. Безбедносната беше гарантирана од еден од командантите на ОНА.

Притворени осум лица во врска со загинувањето на британскиот војник.
Секретаријатот за внатрешни работи во Скопје откри и притвори осум лица, меѓу кои четири малолетници, за кои се сомнева дека имаат врска со загинувањето на британскиот војник на 26 август оваа година, во близина на Скопје, кога неговото возило беше каменувано.

Нападната полициска патрола.
Министерството за внатрешни работи, информира дека на 22 септември припадниците на ОНА ја нападнале полициската патрола на Секретаријатот за внатрешни работи – Гостивар на автопатот Тетово-Гостивар. Нема загинати ниту повредени. Увид на местото на настанот извршиле и претставниците на ОБСЕ и на НАТО.

Политичка состојба

Седница на Уставната комисија.
Членовите на Уставната комисија за уставни прашања, на својот состанок ги изнеле сугестиите и забелешките околу нацрт-текстот на амандманите, подготвени од стручните тимови на ова тело и на претседателот Борис Трајковски. Уставната комисија заклучи дека текстот на нацрт-амандманите е во согласност со парламентарната одлука за пристапување кон уставни промени.

Седници на Собранието на РМ.
На 17 септември се одржа седница на Собранието на Република Македонија каде требаше да се одржи расправата околу предлогот за распишување референдум на кој граѓаните би се изјасниле дали ги прифаќаат уставните измени предвидени со Рамковниот договор. Оваа расправа беше поместена во дневниот ред на седницата, бидејќи прво требаше да се прифати предлог-декларацијата за осуда на терористичките акти во САД. Пратениците од албанските партии рекоа дека ќе гласаат за декларацијата доколку во текстот не се спомне Македонија. На 18 септември во Собранието почна расправата за распишување на референдум, но беше прекината. Поради немање кворум, на 19 септември беше одложен состанокот на Собранието, каде требаше да се расправа за нацрт- амандманите за промена на Уставот. На состанокот не присуствуваа повеќето пратеници од ВРМО-ДПМНЕ, Демократска алтернатива, ВМРО-ВМРО и Нова демократија. Собраниската 83-та седница продолжи на 20 септември, но беше прекината.

Утврдени неколку нацрт-амандмани.
Собранието на својот 85 состанок утврди неколку амандмани, и тоа: амандманот 4 кој се однесува на промена на Преамбулата на Уставот на РМ, амандманот 5, кој се однесува на употребата на јазиците и амандманот 7, кој не доби доволна поддршка од 61 глас, со кој се регулира прашањето за верските заедници. На конференцијата за печатот на претседателот на Собранието одржана на 22 септември, тој најави дека е можно повторно гласање по амандманот 7 на 24 септември.

Барање за нова мисија на НАТО во Македонија.
Македонската Влада се обратила со барање до НАТО за нова мисија на Алијансата во Македонија, чија цел би била обезбедување на набљудувачите на ОБСЕ и на ЕУ. Мисијата би имала ограничен мандат и определени задачи.

Замина првата пратка со уништено оружје за Грција.
Од воениот полигон Криволак, на 17 септември, заминаа првите два камиона со уништено оружје, што припадниците на ОНА го предадоа на наменските сили од операцијата “Жетва”. Во контејнерите беа сместени делови од 1.210 парчиња уништено оружје, кои ќе бидат стопени во една железарница во близина на Атина.

Почна третата фаза од операцијата “Суштинска жетва”.
На 20 септември во Радуша беше повторно отворен пунктот за собирање оружје од припадниците на ОНА, што претставува почеток на третата фаза од операцијата “Суштинска жетва”. Портпаролот на НАТО во Македонија, Бери Џонсон, не прецизира колку оружје е собрано. Третата фаза продолжи на 23 септември во село Отља, Кумановско, каде беше собрано големо количество оружје, но нема информации за колкав број станува збор. Третиот пункт ќе биде отворен на 24 септември во регионот на Тетово.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 15/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together