8 - 14 октомври 2001 година

Скопје, 15ти октомври 2001


Безбедносна состојба

Пронајдено големо количество оружје.
Македонските сили за безбедност на 11 октомври во селото Тануше пронашле големо количество оружје и муниција складирано од припадниците на ОНА. Полицијата го пронашле оружјето во блиската шума.

Загина припадник на специјалните сили.
Еден припадник на специјалните сили „Тигри“, на 11 октомври го загуби животот во Маврово. Според првични информации се работи за несреќен случај, додека некои медиуми јавија дека е убиен од страна на екстремистите.

Искршена спомен плочата на македонски просветител.
Во Лешок, во близина на манастирскиот компклекс, како пишуваат македонските медиуми, е искршена спомен плочата над гробот на македонскиот просветител од 19 век, Кирил Пејчиновиќ. На 12 октомври била оштетена бистата на Пејчиновиќ во селото Теарце.

Демолирани викенд-куќи на Попова Шапка.
На 14 октомври околу 500 граѓани од целата република беа да ги посетат своите викенд-куќи на Попова Шапка, каде од почетокот на март се стационирани македонските безбедносни сили. Внатрешноста на повеќе куќи е демолирана, а украдени се и вредни предмети. Граѓаните биле информирани дека против тие припадници на безбедносните сили кои вршеле кражби ќе се поднесе кривична пријава и ќе им се вратат украдените предемти.


Политичка состојба

Прифатена изјавата за амнестија на поранешните припадници на ОНА.
На 9 октомври Владата на РМ ја поддржа изјавата на претседателот Борис Трајковски за амнестија на поранешните припадници на ОНА, со што тие се ослободени од кривично гонење. Исклучок ќе бидат само оние лица што сториле тешки кривични дела против човештвото, за кои е надлежен Хашкиот трибунал. Министрите од партијата на етничките Албанци ПДП, ја напуштиле седницата на Владата, барајќи амнестијата да се регулира со закон, а не само со изјава.
Стопирана обуката на идните полицајци Албанци. На 8 октомври сто и десет полицајци-курсисти, етнички Албанци, го напуштија Центарот за обука во Идризово, заедно со своите американски инструктори. Како што изјавил раководителот на групата американски инструктори, главната причина е присуството на македонските резервисти во Центарот.

Албанските партии се за усвојување на сите амандмани наеднаш.
На 9 октомври пратеничките групи на ДПА и ПДП не земаа учество на седницата на Комисијата за уставни прашања и собраниска расправа. Тие остануваат на ставот дека собраниската процедура по дел од предлог-амандманите за уставни промени нема да почне се додека не биде доставен целиот пакетамандмани.

Именуван нов специјален пратеник на ЕУ за Македонија.
Министерскиот совет на Европската унија го именува францускиот дипломат Ален Леруа за специјален претставник на ЕУ во Република Македонија, како наследник на Франсоа Леотар.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together