29 октомври - 4 ноември 2001 година

Скопје, 5ти ноември 2001


Безбедносна состојба

Укинат полицискиот час во Куманово.
Министерството за внатрешни работи, земјаќи предвид стабилизираната безбедносна состојба во општина Куманово на 29 октомври го укина ограничувањето за движење на граѓаните во тоа подрачје.

Полицијата ќе патролира 24 часа на ден.
Мешаните полициски патроли заедно со претставниците на ОБСЕ и на НАТО од 22 октомври почнаа да патролираат во пет пилот села во кризните региони. Од 29 октомври патролите ќе започнат да патролираат 24 часа на ден, со исклучок на селото Теарце. Во ова село полициската патрола се уште не влегува во делот населен само со етнички Албанци.

Истрели во кумановско и тетовско.
На 30 октомври, според полициски извори, во близина на селото Љубодраг, кумановско, се слушнале пет детонации, чија причина е непозната. На 29 октомври вооружени групи го нападнале полицискиот пункт кај село Ратае, но нема повредени. Нападната полициска станица. Според медимуите на македонски јазик, на 3 ноември, била нападната полициската станица во тетовското селко Милетино од група вооружени лица. Повредени полицајци нема.

Блокада на патот Тетово-Гостивар.
Според полициски извори, на 31 октомври неколку вооружени лица со ознаки на ОНА поставиле камени блокови на патот Тетово-Гостивар, како и дека пукале при што биле оштетени три возила.

Возило на НАТО налета на мина.
На 31 октомври транспортно возило на германските војници од составот на операцијата „Килибарна лисица“ налета на мина, на патот меѓу Слупчане и Алашевце. Повредени војници нема, само е оштетено возилото.

Спротиставени мислења за демолираните куќи во Опае.
Медиумите на македонски јазик пишуваат дека повеќето од 48 куќи, сопственост на етнички Македонци и етнички Срби, се демолирани или запалени во село Опае, кумановско. Претседателот на месната заедница во Опаје, Реџеп Шаќири, вели дека полициско-армиските сили кои престојувале во селото 170 дена ги украле работите од куќите. Во Опае живеат 1,900 етнички Албанци и 211 етнички Македонци и етнички Срби.


Политичка состојба

Поддржан амандманот за Преамбулата.
На 31 октомври, по две одложувања на состанокот, Уставната комисија ги поддржа трите предлог-амандмани што се однесуваат за преамбулата, за положбата на верските заедници и за правата на припадниците на заедниците. ПДП не ги поддржа амандманите поднесени од предлагачот на уставните промени, претседателот Борис Трајковски. Амандманите се очекува да бидат усвоени најдоцна до 8 ноември, а нивното прогласување да се изврши на 12 ноември.

Продолжи собраниската седница.
На 1 ноември продолжи 86-та собраниска седница каде се расправаше околу предлог амандманот за промена на Преамбулата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на состанокот, како што изјавија поради влошената безбедносна состојба.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together