10 - 16 септември 2001 година

Скопје, 17 септември 2001


Безбедносна состојба

Конвој со раселени лица во Тетовско.
На 10 септември Координативното тело за справување со кризи организира конвој со раселени лица, кои ги посетија нивните домови во Непроштено, Лешок, Теарце и Вратница. Конвојот беше придружуван од страна на екипата на ОБСЕ. Во близина на градскиот стадион во Тетово, од правец на населбата Дреновец 2, од снајпер е стрелано врз конвојот, кој извесно време запре, но по малку тој продолжи до Вратница. Ранет припадник на полицијата. На 11 септември беше организиран конвој за Ратае, при што од правец на село Шемшово беше ранет еден припадник на полицијата.

Повремени провокации во тетовскиот регион.
Според полициски и армиски извори, на 16 септемеври, од страна на припадниците на ОНА е отворен оган од правец на реонот Ратае – Непроштено. За време на нападот нема повредени припадници на безбедносните сили.

Продолжуваат нападите со бомби врз цивилни објекти.
На 10 септември, врз покривот на една продавница во Тетово беше фрлена рачна бомба, при што е направена значителна материјална штета, но нема повредени. На 11 септември, во дворот на две фирми кои се наоѓаат во населбата Бит-пазар, при експлозија на бомба биле уништени три возила. Во Скопје, на 13 септември, по вторпат беше фрлена бомба врз една куќа во населбата Радишани.

Протестен митинг на Асоцијацијата на македонските иселеници од САД.
На 12 септември се одржа протестен митинг на Американско-македонската асоцијација од САД, против усвојувањето на Рамковниот договор. Тие бараа да се обезбеди суверенитетот на целата територија на Македонија, раселените лица да се вратат во нивните домови и да се ослободат сите киднапирани лица.

Измени на полицискиот час во Куманово и Тетово.
Министерството за внатрешни работи ја укина наредбата од 18 јули оваа година за ограничено движење од 01.00 до 05.00 часот во подрачјето на Куманово. На 14 септември донесе нова одлука каде движењето се ограничува од 23.00 до 05.00 часот. Во општина Тетово ограниченото движење е намалено од 22.30 до 05.00 часот.


Политичка состојба

Прифатен предлогот за распишување референдум.
Предлогот за распишување референдум поденесен од страна на пратеничката група на Нова демократија ќе се најде на 83 собраниска седница, која ќе се одржи на 17 септември. Првично состанокот беше закажан за 13 септември. Со оваа иницијатива на граѓаните треба да им се овозможи да се изјаснат околу промените на Уставот, предвидени со потпишаниот Рамковен договор.

Заврши втората фаза за собирање на оружјето.
По Радуша и Бродец, втората фаза од операцијата „Суштинска жетва“ заврши во село Отља, Кумановско. Со ова, заврши втората фаза за собирање оружје од припадниците на ОНА, каде вкупно беа собрани 1.271 парче оружје. Командантот на наменските сили на НАТО „Суштинска жетва“, Гунар Ланге, му предал писмо на претседателот Трајковски, со што го информирал дека се собрани две третини од оружјето на ОНА.

Седница на Советот за безбедност на Република Македонија.
Советот за безбедност на состанокот одржан на 12 септември сметаше дека мисијата на НАТО „Неопходна жетва“ треба да заврши во договорениот рок и мандат, додека во наредниот период надлежните органи на РМ треба да останат во координација со НАТО и мисијата на КФОР во постојниот мандат.

Посета на Робертсон и Џоана.
На 14 септември, во посета на Македонија беа генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон и претседавачот на ОБСЕ Мирчеа Џоана. Тема на разговорите беа завршената втора фаза на наменските сили на НАТО за собирање на оружјето од ОНА и како главен приоритет е истакнат создавањето услови за враќање на раселените лица во своите домови, што ќе се одвива во присуство на набљудувачите на ОБСЕ, Европската унија и набљудувачи од локалното население.

Мировен концерт во Тетово.
На 15 септември, во организација на Авалон продукцијата и Македонскиот Медиумски Фронт се одржа мировниот концерт „Часот по рок ен рол“. На плоштадот во Тетово беа присутни околу шест илјади жители. Ова е прв масовен собир по шест месечните борби во Тетовскиот регион.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9Септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 Август - 2 Септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 Август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 Август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 Август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 Август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 Јули - 05 Август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 Јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 Јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 Јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 Јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 Јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 Јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 Јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together