Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  9 - 15 Јули 2001 година

Безбедносна состојба

Спорадично кршење на примирјето.
Екстремистите ги отстранија своите пунктови што ги имаа поставено на патот Тетово-Јажинце (кон границата со Косово) и на некои населби што се наоѓаат во падините на Шара. Тие вршат контрола на возилата на патот кај селата Непроштено, Џепчиште, Порој и Теарце. Во вечерните часови на 15 јули од населбата Дреновец 2 што се наоѓа над Градскиот стадион, според полициски извори од страна на екстремистите беше стрелано врз позициите на безбедносните сили на Македонија.

За време на престрелките со екстремистите во реонот на Танушевци беше повреден водник на Армијата на Република Македонија. Припадниците на КФОР помогнаа во евакуирањето на војникот до Воената болница во Скопје.

Две страни на вистината.
Во село Непроштено, според весникот на албански јазик "Факти", од снајпер е убиен Бедри Халими, припадник на ОНА два дена по постигнатото примирје. Додека според медиумите на македонски јазик се дознава дека тоа го направиле екстремистите поради тоа дека не сакал да биде мобилизиран од страна на ОНА.

Политичка состојба

Разговори за рамковниот документ.
Четирите политички партии чиј дијалог се одвива под покровителство на шефот на државата започнаа разговори за рамковниот документ за промена на Уставот на Македонија, предложена од специјалните пратеници на САД и ЕУ, Џејмс Пердју и Франсоа Леотар. Според ДПА документот на Леотар и Пердју треба да се доработи и понатаму. Во тимот меѓународни експерти во рамките на политичкиот дијалог во Македонија пристигна холандскиот експерт по меѓународно право Андре Нол Каемпер кој е член на Венецијанската комисија за уставни реформи што е во склоп на Советот на Европа. По покана на Роберт Бадентер во Македонија ќе дојде поранешниот претседател на Германија Роман Херцог, кој ќе биде советник на македонската Влада во процесот на изработката на новиот Устав.

Значаен напрадок или блокада во разговорите.
Во текот на викендот (14 и 15 јули) беа интензивирани разговорите меѓу лидерите на четирите политички партии и меѓународните експерти (Пердју и Леотар). Инаку 15 јули беше најавен како рок за постигнување договор. Според некои постигнат е значаен напредок, но според други разговорите се блокирани. Спорни прашања остануваат албанскиот јазик како втор службен јазик и воспоставување на локална полиција.

Економска состојба

Ребаланс на буџетот и дефицит од 223,943,661 УСД.
Во тек е расправата во Собранието на Република Македонија за измени на Буџетот за 2001 година. Според министерот за финансии вториот ребаланс на Буџетот е неопходен поради безбедносната криза во земјава, која предизвика огромни штети и наметна дополнителни трошоци по разни основи, поради што е предвиден буџетски дефицит од 15,9 милијарди денари (223,943,661 УСД), што претставува околу 6 отсто од планираниот бруто домашен производ. Истовремено вкупните расходи со овој ребаланс се проектирани на 70,6 милијарди денари или за 15,4 милијарди повеќе од планираните во почетокот на годината. Најголеми зголемувања има во Министертсвото за одбрана каде првичниот Буџет беше 4,583,178,000 денари (64,551,802 УСД) а ребалансот е 14,511,455,000 денари (204,386,690 УСД). И во Министерството за внатрешни работи со планиран Буџет од 3,831,408,000 денари (53,963,492 УСД) со ребаланс од 7,601,187,000 денари (107,058,971 УСД).

Од воведувањето на воениот данок пред осум дена според министерот за финансии има 15 до 20 отсто поголем прилив во државната каса од планираното.

Економските штети растат.
Доколку продолжат кризните состојби во земјава, до крајот на годината вкупните штети во стопанството ќе достигнат над 600 милиони германски марки.

Back to News