Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  3 - 10 јуни 2001 година

За неделата што завршува на 10 јуни 2001 година

Позадина на итноста

Кризата во Македонија започна во март 2001 година. Од тогаш, политичко-безбедносната состојба се менува, се интензивира или се смирува. Главните кризни жаришта се Куманово, односно липковскиот регион, Тетово и делови од скопско (населените места околу Арачиново).

Бројот на албанските милитантни екстремисти не може да се процени со сигурност. Дури и државните и безбедносни институции оперираат со различни бројки. Според министерот за внатрешни работи во Арачиново има од 800 до 1000 милитантни екстремисти, а според други државно-безбедносни извори вкупната бројка на милитантни екстремисти кои оперираат во Македонија едвам да надминува 1000.

Заради воедначување и здружување на силите во битката за надминување на кризата политичките партии во Македонија ја направија широката коалиција.

Политичката изолираност на милитантни екстремистите беше едно од главните оружја против нив. Ваквата состојба се промени со потпишувањето на тнр. Призренска декларација помеѓу водачите на ОНА (Ослободителна национална армија), организацијата под чие има настапуваат милитантни екстремистите и двајца лидери на поголемите политички партии на етничките Албанци во Македонија, Арбен Џафери, Демократска партија на Албанците и Имер Имери, Партија за демократски просперитет.

Под притисок на меѓународната заедница која го осуди овој чин на кокетирање со милитантни екстремистите, Џафери и Имери благо се повлекоа и се согласија да го продолжат дијалогот во институциите на системот.

Сега постои привидно единство на широката владина коалиција.

Во рамките на воените дејствија, македонските безбедносни сили преземаа интензивна акција во регионот на Куманово. Поради тоа, албанските милитантни екстремисти
испратија ултиматум до премиерот Љубчо Георгиевски да ја прекине операцијата или во спротивно тие од позициите во скопско Арачиново ќе стрелаат на објекти во Скопје. Вчера, околу 9 часот оружените сили ја прекинаа операцијата. Официјалното образложение беше дека се остава простор на хуманитарните организации да достават храна во кризното подрачје за да се избегне хуманитарна катастрофа.

Раселени лица


Од почетокот на кризата во Македонија до сега раселени се повеќе од 40.000 лица. Според податоците на УНХЦР, до сега, во Косово се регистрирани 30.000 бегалци од Македонија. Бројот на бегалците значително се зголемува последните денови, што се поврзува со заземањето на селото Арачиново од страна на милитантни екстремистите. Така, во саботата се регистрирани 4.466 бегалци кои ја поминале границата со Косово, а во неделата до пладне тој број е 1.000. Според УНХЦР бројот на лица кои ја напуштаат Македонија и заминуваат во Косово не се намалува.

Пеесетина жители на Арачиново, етнички Македонци, во неделата побараа прием кај претседателот Борис Трајковски. Според нив, претседателот им ветил дека ќе бидат сместени со семејствата додека да се разреши кризата.

Од граничните области со скопско Арачиново се иселуваат и етничките Албанци и етничките Македонци.

Раселувањето продолжува и од останатите населени места од околината на Арачиново.
Црвениот крст на Македонија досега регистрирал 20.399 раселени лица, од нив 14.859 се од кумановските села, 2.450 се од Скопска Црна Гора, а 2.261 се од тетовските села.


Проблем со водата

Куманово

Жителите на Куманово веќе пет дена немаат вода.
Причината за тоа се затворените вентили на Липковското Еезеро, главниот и единствен напојувач на градот со вода. Безбедносните сили не можат да пријдат и да ги отворат вентилите, тие се контролирани од милитантни екстремистите. Градот добива вода од цистерни. Најголем број на болни од кумановската болница се префрлаат во Скопје, а забрането е и производството на храна во рестораните.

Тетово

Некои делови на Тетово како и повеќатниците останаа без вода за пиење.
Причината за тоа е намалувањетона електрична енергија на Попова Шапка поради што е оневозможено работењето на системот на четирите мали хидроцентрали и на цевководот. За отстранување на дефектот на далноводот што ги напојувал овие хидроцентрали е потребно повеќе од 15 дена. Во моментот, тетовчани имаат доток од 200 литри во секунда што е доволно за минималните потреби на градот.

Останати ефекти


Приближувањето на кризата кон главниот град на државата предизвика паника кај граѓаните. Ова се манифестира во зголемената потрошувачка на основните прехрамбени продукти, брашно, шеќер, масло као и минерална вода.
Милитантни екстремисти По објавувањето на ултиматумот пред бензинските пумпи се направија непрегледни колони од граѓани.

Курсот на германската марка се искачи до неверојатни 36 МКД за една марка (курсот на Народна банка на Македонија е 31.25МКД за една марка) но и покрај тоа приватните менувачници и банките не продаваат туку само откупуваат германски марки.

Back to News