19 - 25 ноември 2001 година

Скопје, 26ти ноември 2001

ПОЗАДИНА НА ИТНОСТА


Безбедносна состојба


Повторно патроли во Теарце и Лешок.
По настаните од 11 ноември, кога во Требош беа убиени тројца припадници на специјалните сили на полицијата, мешаните полициски патроли престанаа со нивната активност во Теарце и Лешок. На 19 ноември полицијата повторно почна да патролира во овие две села. Сеуште не е предвидено кога ќе почне 24 часовното патролирање на полицијата.

Експлозија во градскиот пазар во Тетово.
Вечерта на 18 ноември рачно изработена направа експлодирала на градскиот пазар во Тетово. Од силната детонација се искршиле прозорците на десетина продавници во близината. Повредени нема бидејќи експлозијата се случила во времето кога продавниците биле затворени. Повторни експлозии. На 20 ноември пред канцелариите на мониторинг мисијата на ЕУ експлодираа две рачни бомби. Беа оштетени стаклата на околу десетина продавници.

Почна есхумацијата кај Џепчиште.
На 21 ноември на локација меѓу тетовските села Требош и Џепчиште почна есхумацијата, каде се претпоставува дека се закопани шест киднапирани етнички Македонци. На теренот се присутни екипи по судска медицина, јавниот обвинител, претставници на Хашкиот трибунал во Скопје, ОБСЕ и ЕУ. Исто така се присутни македонските безбедносни сили и силите на НАТО „Килибарна лисица“. Присуството на новинарите не е дозволено. Според истражниот судија делови од човечки трупови и коски се пронајдени во јамата меѓу селата Џепчиште и Требош. Процесот на идентификација може да трае четири до шест месеци.

Повредени три лица.
На 21 ноември во реонот на Ѓафа, во близина на селото Мојанце, според Центарот за менаџмент со кризи, патрола на АРМ наишла на шест вооружени лица, кои отвориле оган врз патролата. За време на престрелката биле повредени тројца од шесте вооружени лица. Медиумите на албански јазик информираат дека тројцата цивили биле со коњи и дека сакале да собираат дрва за огрев. Патролата на полицијата и војската стрелале кон нив, при што тие биле ранети. Еден од нив е од Арачиново а другите двајца од Мојанце. Како што изјавил градоначалникот на Арачиново, тројцата биле испратени на лекување во Липково.

Продолжен полицискиот час.
Со наредба на министерот за внатрешни работи, во реонот на општина Тетово и Арачиново продолжува полицискиот час со скратено времетраење од 23.00 до 05.00 часот другиот ден. Претходно, во Арачиново полицискиот час почнуваше во 21.00 часот, додека во Тетово во 22.30 часот.

Политичка состојба

Карла дел Понте во Македонија.
На 20 ноември во Скопје пристигна главната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте. Трибуналот ќе отвори два процеса за злосторствата поврзани со конфликтот во Македонија. Како изјавила главната обвинителка, во првиот случај се работи за злосторство извршено од македонските безбедносни сили против повредени лица (случајот во Љуботен), а другата истрага вклучува повеќе злосторства извршени од ОНА.

Претставниците на МВР не се вратија во Координативното тело.

На владината седница одржана на 20 ноември, претставниците на МВР изјавиле дека нема да се вратат во работата на Координативното тело.

СДСМ и ЛДП излегоа од Владата на РМ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и Либерално-демократската партија (ЛДП) на 21 ноември излегоа од широката владина коалиција. Премиерот на Владата, Љубчо Георгиевски, до претседателот на Парламентот достави предлог за разрешување на членовите на Владата од овие две партии. На 22 ноември четирите министри на Владата поднесоа оставки. На 23 ноември Собранието по предлогот на премиерот Георгиевски ги разреши четирите министри.

Писмо на претседателот Трајковски до Министерството за правда.
На 21 ноември, претседателот Трајковски испратил писмо до Џорџ Робертсон, Хавиер Солана и Мирчеа Џоана и до Министерството за правда. Ова министерство треба да поднесе список на поединци лишени од слобода заради преткривична постапка или заради издржување казна затвор. Овој список треба да се поднесе до комисијата за помилување во Кабинетот на претседателот.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together