Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Позадина на  итноста бр. 03/2002

ПОЗАТИНА НА ИТНОСТА БР. 03/2002

11 февруари - 17 февруари 2002 година

 

 

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Нови напади врз објекти.
На 11 февруари во скопската населба Бутел, во продавница на етнички Албанец експлодира рачна бомба. Причинета е само голема материјална штета. Досега продавницата, според сопственикот, е девет пати каменувана.
На 12 февруари на автопатот Скопје-Гостивар, кај местото Клуково, непознато лице од рачен фрлач “зоља” истрелал проектил кон мотелот, чиј сопственик е етнички Албанец. Проектилот не експлодирал. Во близина на селото Желино, крај автопатот Тетово - Скопје, непозанти сторители подметнале пожар во еден угостителски објект. Од пожарот изгорела покривната конструкцијата на објектот.

Етнички мешаните полициски патроли влегоа во уште 12 села.
На 11 февруари етнички мешаните полициски патроли продолжија со планот за враќање на полицијата во кризните подрачја, така влегувајќи во седум села во тетовско и пет во гостиварско. Полицијата не влезе во Мала Речица поради блокадите од месното наесление, кои барале ослободување на Семи Хебиби, обвинет за нападот на полициската станица во Теарце во минатата година како и преместување на полицискиот пункт кај жичарницата. Досега целосна полициска контрола има во 19 села (од вкупно 136) од кризните региони.

Прв извештај на Комисијата на ЕУ за исчезнатио лица.
Комисијата за киднапирани и други исчезнати лица, формирана кон крајот на ноември минатата година, ја заврши првата фаза. Од истрагата врз база на интервјуа од теренот, за исчезнати се водат 20 лица (13 етнички Македонци, 6 етнички Албанци и еден бугарски државјанин) комисијата заклучи дека за седуммина Македонци има докази дека биле одведени од униформирани лица на ОНА. Што се однесува до исчезнатите Албанци, еден од нив бил земен на испрашување од македонската полиција, а исчезнувањето на други двајца е поврзано со пунктови, кои биле управувани од лица со полициски униформи.

Протестен собир во Струга.
На 16 февруари во Струга се одржа протестен собир на околу 500 етнички Албанци, кои побарале да бидат ослободени киднапираните Албанци од Струшко, кои се исчезнати минатата година. Собирот го организираа неколку невладини организации и локални самоуправи од струшките општини, а каде земаа учество и претставници на политичките партии: ПДП, ДПА и НДП.

Уапсени па ослободени двјаца поранешни припадници на ОНА.
На 13 февруари, според весникот на албански јазик “Факти”, двајца жители од селото Слупчане и Оризаре, поранешни припадници на ОНА, биле уапсени во граничниот премин Табановце. По неколку часа поминати во полиција истите биле пуштени на слобода.

Почна обуката на втората група полицајци.
На 12 февруари во Центарот во Идризово почна обуката на втората група на кандидати за полицајци, предвидена со Рамковниот договор. Групата се состои од две подгрупи со 250 кандидати, од кои 50 се Македонци, а другите се припадници на етничките групи во Македонија (најмногу етнички Албанци, 150).

Состанок на работната група за амнестија.
На 11 февруари беше одржан состанокот на работната група која го подготвува нацрт-законот за амнестија, каде бил даден предлог амнестијата да важи од 12 февруари до 26 септември 2001 година. На овој состанок станал збор и за некои лица кои треба да бидат амнестирани.

Лидерска средба кај претседателот Трајковски.
На 13 февруари се одржа средба на лидерите на четирите главни партии - Љубчо Георгиевски од ВРМО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски од СДСМ, потпретседател на ДПА, Мендух Тачи и Абдулади Вејсели, потпретседател на ПДП, со престедателот Борис Трајковски. На средбата присуствуваа и посредникот од ЕУ, Ален Лероа и в.д. американски амбасадор, Лоренс Батлер. На состанокот било разговарано околу утврдувањето на датумот за одржување на изборите како и за исполнувањето на Рамковниот договор.

 

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 02/2002 [4 февруари - 10 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News