Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  17 - 24 јуни 2001 година

За неделата што завршува на 24 јуни 2001 година

Позадина на итноста

Во неделата што заврши со 24 јуни 2001 година се случија повеќе значајни настани.
На интензивниот политички дијалог почетен инпут дадоа Хавиер Солана и Џорџ Робертсон кои ја посетија Македонија пред почетокот на дијалогот на 14 јуни 2001 година. Зад затворени врати и во строга изолација од јавноста лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери преговараа за пакет политички реформи кои би ја извлекле земјата од кризата во која се најде. Во рамките на овој пакет требаше да се разговра за соодветна кадровска застапеност на националностите во јавната администрација, децентрализација и јакнење на локалната власт, употреба на јазиците на националностите во комуникација со државните органи, засилување на владеење на правото и за промените на Уставот.

Политичкиот дијалог што започна на 16 јуни 2001 година беше прекинат на 21јуни 2001 година.
Причината за тоа беа барањата кои ги изнесоа лидерите на етничките Албанци во Македонија. Џафери и Имери побараа воведување консензуална демократија, промена на преамбулата на Уставот, воведување дводомен парламент, потпретседател на шефот на државата од албанска националност кој ќе има право на вето и службена употреба на јазиците на националностите. Според Имери, претседател на ПДП, "општество што практично е мултиетничко не може да биде ни чисто граѓанско. Затоа треба да најдеме механизми за одбрана од мајоризација". Лидерот пак на СДСМ, Црвенковски смета дека "тие и сами ќе увидат дека таквите барања се неодржливи бидејќи немаат ништо заедничко со концептот за кој се обидуваме да постигнеме договор".

Македонските безбедносни сили, на 22 јуни 2001 година започнаа оружена акција против албанските милитантни екстремисти во Арачиново.
Во акцијата беа употребни и воените хилихоптери и артилеријата. Акцијата траеше до попладневните часови на 24 јуни 2001 година кога е прекината откако албанските милитантни екстремисти истакнале бели знамиња во селото.
Прекинувањето на акцијата е направено под силен притисок на меѓународната заедница. Комесарот на ЕУ, Хавиер Солана, во саботата и неделата (23 и 24 јуни 2001 година) водеше интензивни преговори со македонскиот политичко-безбедносен врв и дипломатите на водечките земји на ЕУ. Остана отворено прашањето на извлекувањето на терористите од Арачиново.

Раселени лица

Од почетокот на кризата во Македонија до сега раселени се повеќе од 80.000 лица. Според податоците на УНХЦР, до сега, во Косово се регистрирани 50.000 бегалци од Македонија. Бројот на бегалците значително е зголемен по заземањето на селото Арачиново од страна на милитантните екстремисти.

Во Македонија бројот на внатрешно раселени лица изнесува 32.000


Проблем со водата

Куманово

Една од добрите вести оваа недела беше отворањето на вентилите на Липковското езеро од кое Куманово се снабдува со вода. Вентилите се отворени на 17 јуни, а водата се очекува да протече за десет дена. До тогаш, цистерните ќе бидат единствениот извор за снабдување на градот со вода. (На 25 јуни 2001 година кумановчани повторно добија вода од градскиот водовод)

Тетово

Состојбата со вода во Тетово сеуште е иста. Причината за намалувањето на водата во Тетово е намалувањетона електрична енергија на Попова Шапка поради што е оневозможено работењето на системот на четирите мали хидроцентрали и на цевководот. Во моментот, тетовчани имаат доток од 200 литри во секунда што е доволно за минималните потреби на градот. Поради тоа, во Тетово се прават рестрикции за да можат да добијат вода жителите во повисоките реони од градот.

Останати ефекти

Од 1 јули 2001 година па до крајот на годината ќе биде воведен нов данок за финансиски трансакции со кој ќе се покрива минусот во државниот буџет. Државниот буџет има минус од 200 милиони долари предизвикан од безбедносната криза во земјата. Министерот за финансии, Никола Груевски, за тнр. воен данок согласност добил од Меѓународниот монетарен фонд. Стапката на данокот ќе биде 0,5%, а ќе се однесува на сите финансиски трансакции на правните лица, транферите на физичките и правните лица но не и на финансиските трансакции на физичките лица.

Курсот на германската марка сеуште е висок. Приватните менувачници и банките не продаваат туку само откупуваат германски марки.


Back to News