3 - 9 Септември 2001 година

Скопје, 10 септември 2001


Безбедносна состојба

Појава на воена формација во Прилеп.
Веќе десет дена во Прилеп се појавила доброволна воена формација „Поскок“, која принудно собира финансиски средства за сопствени потреби и „за зачувување на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија“. Веќе голем број прилепски претпријатија и приватни фирми се жалат дека некои од нив морале да дадат одредена сума на средства. Министерството за внатрешни работи трвди дека станува збор за криминално-рекетарска групација.

Киднапирани, а подоцна ослободени тројца цивили. Македонските медиуми јавија дека на 5 септември, во реонот на населбата Блок 82, од страна на екстремистите биле киднапирани тројца цивили, етнички Македонци, кои по неколку часа биле ослободени.

Деблокиран граниничниот премин со Косово. Патот кон Косово, кој од 18 август беше блокиран од страна на Светскиот македонски конгрес и раселените жители од тетовските села, на 6 септември, беше деблокиран од страна на полицијата. Претходно на 5 септември исто така беше само деблокиран и граничниот премин кај Табановце, на границата со СР Југославија.


Политичка состојба

Изгласан предлогот на претседателот Трајковски за пристапување кон измени на Уставот.
На 6 септември, Собранието на Република Македонија (РМ), ја одобри со големо мнозинство иницијативата на Претседателот на државата за пристапување кон измени на Уставот на РМ. За предлогот гласаа 91 пратеник, 19 беа против, а двајца воздржани. Одлуката влезе во сила веднаш, а во наредните десет дена предлагачот е должен заедно со неговите соработници да подготви нацрт-амандмани, по кои потоа пратениците треба да се изјаснат.

Продолжи втората фаза од операцијата „Суштинска жетва“.
На 7 септември продолжи втората фаза од операцијата „Жетва“, при што во селото Радуша, скопско, беа собрано околу 160 парчиња оружје, доброволно предадено од страна на припадниците на ОНА. На 9 сепетември операцијата продолжи во селото Бродец, каде првиот ден беа собрани околу 100 парчиња оружје, 20 антитенковски мини и 5000 парчиња муниција. Поради безбедносни причини НАТО нема да ги открива другите пунктови за собирање на доброволното предавање оружје од страната на ОНА. Во воениот полигон Криволак, на 3 септември, беше уништен дел од муницијата и минско експлозивни средства собрани во рамките на операцијата.
Можно враќање на војниците на УНПРЕДЕП во Македонија. Претседателот на Република Македонија покрена иницијатива за повторно активирање на мисијата на УНПРЕДЕП во Македонија. Оваа мисија во Македонија беше воспоставена во 1995 година, а заврши во 1999 година. Барањето ќе треба да се достави до генералниот секретар на ОН, но ќе зависи и од ставот на петтее постојани члкенки на Советот за безбедност.

Западни дипломати во посета на Скопје. Во посета на Скопје мината недела престојуваа бројни западни дипломати, меѓу кои германскиот шеф на дипломатијата Јошка Фишер, високиот претставник за заедничка и надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, европскиот комесар за надворешни работи Кристофер Патен, германскиот министер за одбрана Рудолф Шарпинг, кои имаа средби со македонскиот државен врв. Тие го подржаа позитивното изјаснување на пратениците во врска со отпочнувањето за измени во Уставот.

Зголемен бројот на набљудувачите на ОБСЕ. Постојаниот совет на ОБСЕ, на 6 септември, донесе одлука за проширување на мисијата во Македонија од досегашните 26 на 51 член.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 Август - 2 Септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 Август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 Август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 Август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 Август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 Јули - 05 Август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 Јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 Јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 Јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 Јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 Јуни - 03 Јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 Јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 Јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together