Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Позадина на  итноста бр. 02/2002

ПОЗАТИНА НА ИТНОСТА БР. 02/2002

4 февруари - –10 февруари 2002 година

 

 

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Насилства против враќањето на раселените лица
На 10 февруари во скопското село Арачиново од поставена рачна бомба загинал еден етнички Македонец, додека другиот бил потешко повреден. Цивилот кој настрадал бил братот на еден од сведоците за убиството на тројцата полицајци во Арачиново пред една година. Рачната бомба била поставена на влезната врата.

Според полициски извори во тетовското село Сетоле, населено со етнички Македонци, биле запалени две куќи од непознати сторители, како и е направена штета во селската црква. На 5 и 8 февруари се запалена две куќи на етнички Македонци во кумановското село Опае. Сопственикот на втората куќа претходно потпишал договор за реконструкција со невладината организација „Заштита на децата“ (Save the children). Делегацијата на ЕУ во РМ ги осуди овие дела.

На 5 февруари во посета на Куманово престојуваше амбасадорот на НАТО во Македонија Клаус Волерс. Тој со претставниците на локалната власт разговараше за безбедносната состојба во регионот, како и за проблемите со кои се соочува општина Куманово. Амбасадорот Волерс нагласил дека НАТО е заинтересиран за што побрзо враќање на раселените лица во нивните домови. Како предуслов за тоа го посочил враќањето на полицијата во селата во липковскиот регион. Раселените Македонци и Срби од кумановските села Матејче, Опае, Ропаљце и Думановце одбиваат да се вратат во нивните домови, како и да потпишуваат договори за изградба и реконструкција на нивните домови.

...И против безбедноста
На 5 февруари на автопатот Тетово – Гостивар, непознати лица пукале кон патнички автомобил управуван од етнички Македонец. Еден куршум го погодил возачот во ногата, додека другите завршиле во автомобилот. Исто така на автопатот Тетово – Скопје непознати лица пукале во патничко возило, но никој не бил повреден.

Продолжува планот за враќање на полицијата
По неколкудневните блокади, на 4 февруари мешаните полициски патроли влегоа во тетовските села Чифлик и Ларце. На полицијата се уште не и се овозможува влегување во скопското село Радуша.

Припадниците на единицата за брза интервенција „Лавови“ на 6 февруари почнаа да се повлекуваат од тетовските села Жилче и Ратае. Тие се заменуваат со други полициски единици. Замената е направена во согласност со Планот за враќање на полицијата во кризните региони.

Ослободени четири лица од шесте уапсени кај Требош.
Шестмина лица кои на 11 ноември минатата година беа уапсени кај Требош, кога беа убиени тројца припадници на безбедносните сили, Судскиот совет ги ослободи од првото кривично дело „здружување поради непријателска дејност“, но се осудени поради недозволено држење оружје. Судот на 5 февруари им го прекина притворот на четворицата од нив по што беа ослободени, додека другите двајца се задржани поради водење истрага за други кривични дела.

Владата на РМ ќе побара продолжување на мандатот на НАТО во Македонија.
На состанокот одржан на 5 февруари Владата на РМ одлучи да побара од Брисел продолжување на мандатот на мисијата на НАТО „Килибарна лисица“ во Македонија за уште три месеци или со можност за шест месеци. Премиерот на РМ Љубчо Георгиевски при посетата на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон му го врачи барањето за продолжување на мандатот.

Одржан првиот состанок на работната група околу законот за амнестија.
На 6 февруари беше одржан првиот состанок на работната група која го подготвува нацрт-законот за амнестија, формирана од страна на министерот за правда, Иџет Мемети. Со законот за амнестија освен припадниците на ОНА кои се разоружале до 26 септември, би се помилувале и војниците кои дезертирале или не се пријавиле на поканата за отслужување на воениот рок за време на конфликтот. Во работната група освен претставници од министерството за правда членуваат и претставници од Европската унија, ОБСЕ, НАТО и од американската амбасада.

Почна курсот на единиците за брза интервенција.
Во Гарнизонот во Штип на 14 јануари почна курсот за обука на инструктори за обучување на единиците за брза интервенција и кој ќе трае до 22 февруари. Курсот го посетуваат 38 офицери и подофицери на АРМ и МВР. Обуката ја спроведуваат тимови од Велика Британија и Командата на АРМ. Весникот на Албански јазик „Факти“ пишува дека британските инструктори обучаваат едноетничка полиција. Заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази изјавил дека разговорите се водат за опфатеноста на Албанците само во редовната полиција.

 

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News