22 - 28 октомври 2001 година

Скопје, 29ти октомври 2001


Безбедносна состојба

Полицијата се врати во пет села.
На 22 октомври првите припадници на полицијата влегоа во селата Теарце, Лешок, Лопате, Опае и Грушино. Полициските патроли се составени од по три етнички Македонци и три етнички Албанци. Во селата, заедно со полицијата влегуваа и претставници на ОБСЕ, набљудувачката мисија на ЕУ и силите на НАТО од мисијата “Килибарна лисица”. На 25 октомври мешаната полициска патрола била спречена да влезе во делот од селото каде што живеат само етнички Албанци.

Гранатирана полициската станица и зградата на општината.
На 22 октомври по заминувањето на полициската патрула од село Теарце непознати лица ја гранатирале полициската станица и зградата на општината. Причинета е голема материјална штета.

Дел од киднапираните етнички Македонци, веројатно не се живи.
Според весникот на македонски јазик „Дневник“, дел од дванаесеттемината етнички Македонци, кои беа киднапирани од страна на екстремистите пред три месеци, се убиени и закопани во една гробница. Центарот за справување со кризи информира дека нема сознанија за постоење масовна гробница. Претседателот Трајковски испрати писмо до јавната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте, до генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон и до високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана, за да се спроведе истрага во врска со ова. Весникот на албански јазик „Факти“ ја пренесува изјавата на бившиот команднат Лека, кој изјавил дека сите лица кои биле задржани од страна на ОНА се ослободени.

Повреден припадник на полицијата.
На 28 октомври вооружени лица го нападнале пунктот на безбедносните сили кај жичарата, при што е повреден еден припадник на полицијата. Според секторот за внатрешни работи во Тетово вооружени групи отвориле оган од Тетовското Теќе, населбите Дреновец 2, Шипад, станбениот блок 82 како и од други локации.


Политичка состојба

Уставната комисија поддржа девет предлог-амандмани.
На 22 октомври членовите на Уставната комисија поддржа четири предлог-амандмани поднесени од предлагачот на уставните промени, претседателот Борис Трајковски. Овие амандмани се однесуваат на употребата на јазикот, застапеноста на припадниците на заедниците во државните органи, начинот на донесување закони што се однесуваат на меѓуетничките прашања и на народниот правобранител. На 23 октомври Уставната комисија поддржа уште пет предлог-амандмани. Претседателот Трајковски на 24 октомври до Комисијата за уставни прашања достави уште три амандмани кои се однесуваат на заштитата на културниот идентитет и на правата на припадниците на заедниците, на заштитата и унапредувањето на културното богатство, како и постапката за избор на судии во Уставниот суд.

Претседателот Трајковски се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ
.
На 24 октомври претседателот Борис Трајковски имаше средба со новиот специјален пратеник на Европската унија во Македонија, Ален Лероа, кој го замени Франсоа Леотар. Како што изјавил Лероа, неговата главна задача во Македонија ќе биде што побрзо усвојување на Рамковниот договор.

Средба на семејствата на исчезнатите со Георгиевски и Бошковски
.
На 25 октомври премиерот Љубчо Георгиевски и министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски имаа средба со семејствата на исчезнатите етнички Македонци, кои биле киднапирани од страна на ОНА. Премиерот и министерот за внатрешни работи им ветиле дека Рамковниот договор нема да биде изгласан се додека не се ослободат исчезнатите лица.

Хавиер Солана и четирите лидери се договорија за текстот на Преамбулата.
На 26 октомври во Македонија пристигна високиот претставник на ЕУ за надворешна и заедничка политика, Хавиер Солана, кој заедно со четирите лидери на партиите потписнички на Рамковниот договор од Охрид, се договорија за текстот на новата Преамбула на Уставот на РМ. Новиот текст на Преамбулата ќе гласи: „Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во рамките на нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите...“. Претседателот Трајковски на 26 октомври ги достави последните амандмани до Собранието.

Одложени седниците на Уставната комисија и на Собранието.
Претседателот на Собранието Стојан Андов на 26 окотмври ги одложи седниците на Уставната комисија и на Собранието, на кои требаше да се расправа за новите четири амандмани доставени од претседателот Трајковски. Според информации од Собранието на РМ изгласувањето на уставните промени треба да се заврши до 12 ноември.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 20/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together