5 - 11 ноември 2001 година

Скопје, 12ти ноември 2001


Безбедносна состојба

Продолжува спроведувањето на патролирањето во пилот-селата.
На 5 ноември во селото Лешок беше реализирана фазата М+9, која опфаќа влегување и спроведување на моторизирани и пешачки патроли во областа од 10 до 16 часот, спроведување ограничена контрола на сообраќајни прописи, спроведување на проверка на лична документација и продолжување на работата на контактните точки. Во селата Опае, Лопате и Грушино се реализира фазата М+7 ....., додека во Теарце се спроведува само фазата М+1, каде мешаната полициска патрола единствено влегува во населениот дел на селото со мешано население.

Повеќе инциденти по неколкумесечно примирје. Киднапиран цивил. На 5 ноември според медиумите на македонски јазик во една населба во Тетово бил киднапиран жител на село Ратае, етнички Македонец. Тој бил претепан и по неколку часа го ослободиле. Според него лицата кои го киднапирале биле членови на ОНА. Нападнат полициски пункт. На 7 ноември, на полицискиот пункт кој се наоѓа на почетокот на патот Гостивар - Чегране била фрлена бомба – кашикара. Повредени нема.

Откриени рачни бомби.
На 7 ноември Армијата на РМ во реонот на Рибница, к-ај село Грекај, пронашла 14 рачни бомби. Нападнат полициски пункт. Според МО, на 9 ноември, вооружени лица го нападнале пунктот на македонските безбедносни сили, кој се наоѓа кај Калето над градот во Тетово. При нападот е повреден еден припадник на резервниот состав на АРМ, етнички Македонец муслиман. Пунктот е нападнат од Лавце и Стрмно. Центарот за медиумска активност информира дека на 10 ноември од правец на село Орашје и Нераште е нападнат пунктот на безбедносните сили Рамниште кај Јегуновце.

Акција на специјални полициски единици во Непроштено.
На 11 ноември екипи на специјалните сили на МВР отидоа во регионот на Непроштено, каде се смета дека се погребани во масовна гробница шест од дванаесте киднапирани етнички Македонци. Специјалните сили се испратија за да го обезбедат теренот каде би требало да се провери информацијата за да може да започне есхумацијата. Екипи на ЕУ, ОБСЕ и НАТО немаат мандат да учествуваат во есхумацијата. Приведени седум поранешни членови на ОНА. Според МВР, специјалните сили при контрола на две возила, меѓу селата Требош и Непроштено, се приведени седум лица, поранешни членови на ОНА. Во нивните возила е пронајдено оружје.

Убиени три припадници на специјалните сили.
Вооружени лица со зољи ја нападнале патролата на специјалните сили кои влегле во Требош, при што животот го загубиле тројца припадници на специјалните сили, додека еден е ранет. Настанот се случил на патот што води кон Жилче, Ратае, Сириќино, Вратница и Јегуновце.

Киднапирани цивили.
Како одговор на приведувањето на припадниците на ОНА, вооружени Албанци киднапирале шестнаесет цивили, етнички Македонци, кои патувале со автобус на релација Јегуновце – Тетово. Една жена и две деца подоцна биле ослободени. Неофицијално се калкулира со бројка од 60 киднапирани цивили, кои се држат во село Шемшово.


Политичка состојба

Одвоени средби на лидерите на албанските партии со Ахмети и Лероа.
Лидерите на албанските политички партии, кои се застапени во Собранието на РМ, ДПА, ПДП и НДП, имаа средба со екс-лидерот на ОНА Али Ахмети. Медиумите на македонски јазик пишуваат дека на оваа средба е изграден заеднички став дека понудениот текст на преамбулата треба да претрпи измени. Додека весникот на албански јазик „Факти“ пишува дека имало големи разлики на оваа средба. ДПА се согласува со понудената варијанта на Преамбулата предложена од претсадателот Трајковски со посредство на Солана, но без да ја отфрли можноста за нејзина измена, додека ПДП и НДП не се согласуваат со ова, туку објавуваат варијанти на нови текстови, кои се подготвени од овие партии. На 5 ноември лидерите на овие три партии имаа средба со европскиот претставник во Македонија Ален Лероа, каде лидерот на ПДП понудил нов текст за преамбулата.

Продолжи собраниската седница околу уставните измени.
На 5 ноември продолжи 86-та собраниска седница околу усвојувањето на 15 амандмани на уставните измени. Расправата се одвиваше околу првата точка на дневниот ред – текстот на преамбулата. На 6 ноември беше расправано за четвртиот, петиот и шестиот амандман. Колин Пауел на 6 ноември изразил поддршка за текстот на преамбулата и амандманот за верските заедници.

Џорџ Робертсон и Мирчеа Џоана во посета на Македонија.
На 7 ноември во Македонија престојуваа генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон и претседавачот на ОБСЕ, Мирчеа Џоана, кои имаа средби со високи функционери на државата. Робертсон напомени дека во договорениот рок Собранието треба да ги усвојат уставните измени. Двајцата високи западни дипломати со министерот за внатрешни работи, министерот за правда и јавниот обвинител разговараа околу прашањето за амнестијата, каде макеоднските министри и јавниот обвинител се обврзале дека ќе помогнат во спроведувањето на амнестијата за поранешните припадниците на ОНА. Премиерот Георгиевски изјавил дека оваа Влада нема да донесе закон за амнестија.

Се оснива независна комисија за исчезнатите лица.
Специјалниот претставник на ЕУ во Македонија, Ален Лероа, на 9 ноември го поздрави именувањето на шведксиот амбасадор, Ларс Норберг, како претседавач од УЕ за една независна комисија за исчезнатите лица. Мандантот на независната комисија за исчезнатите лица ќе биде да осигура транспарентност и размена на информации за исчезнатите лица на сите заедници, како резултат на настаните во Македонија во последните неколку месеци.

Одложено продолжението на 86-та Собраниска седница.
Претседателот на Собранието на РМ, Стојан Андов, го одложи одржувањето на продолжението на 86-та седница на Собранието закажана за 12 ноември. Оваа одлука ја донесе бидејќи ПДП нема да учествува на работата на Собранието.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together