Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 24-от координативен состанок
и март 2002

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседавачот)
2.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ 3.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН , донори)
4.Скорешен развој на активностите на ООН (ОЦХА )
5.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (Прва детска амбасада -Меѓаши, Ел Хилал)
6.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)  
7. Разно

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Боге Чадиновски ги поздрави присутните потсетувајќи дека се наближува пролетта и пролетната сеидба, и треба да се интензивираат активностите околу набавката на семеен материјал.

2.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
ИЦРЦ информираше дека утре ќе започне дистрибуцијата на храна во Малино Мало, а следниот ден во Брест. Дистрибуцијата на храна и хигиенски пакети за ВРЛ во колективните центри продолжува.

3.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН, донори)
ФАО информираше дека есента 2001 тие дистрибуирале семе и ѓубриво на 12,700 земјоделци и сточна храна за дополнителни 23,000 земјоделци како во конфликтните региони, така и во регионите погодени од суша.

За оваа 2002, италијанската влада има обезбедено $442,500 за семиња и ѓубриво со што ќе се покријат околу 6,000 земјоделци во тетовскиот регион. Се очекува дека данската влада ќе обезбеди $500,000 за семе за компир и пченка.

УНХЦР продолжува со редовните активности за помош на ВРЛ, повратниците и населението во конфликтните региони. Што се однесува до активностите во секторот за засолниште, УНХЦР во соработка со своите имплементирачки партнери работи на нова проценка на штетите и план за поправки на оштетените куќи кат. И и ИИ.

Истотака започнато е и прибирањето на информации и селекција на можни проекти кои би биле реализирани во рамките на проектите со брзо дејство (Љуицк Импацт Пројецтс-ЉИПс)

ЕЦХО извести дека програмата за дистрибуцијата на храна за локалното население во конфликтинте региони (имплементирачки партнер -Акција против глад) е комплетирана. Дистрибуцијата на храна на ВРЛ сместени во семјства-домаќини (имплементирачки партнер ИнтерСос) како и дистрибуцијата на храна на социјалните случаи, продолжува според планот.

УНИЦЕФ информираше дека продолжува втората фаза на дистрибуција на училишен мебел во училиштата во кризните региони како и во училиштата каде имало голем број на ВР ученици. Минатата недела биле однесени контејнерите за училиштето во Никуштак, со помош на ТФФ.

Од вкупниот број на училишта, 78, кои претрпеле некаво оштетување за време на конфликтот (36 во тетовскио регион, 26 во кумановскиот регион и 16 во скопскиот регион) ), досега 45 биле рехабилитирани, за 15 одредени донори покажале интерес а за уште 18 училишта треба да се пронајдат средства за реновирање и поправки.

УНДП инфомираше за дистрибуцијата на сточна храна( имлементирачки партнер-ЦРИЦ) на 340 земјоделци во Лопате.

ЊХО извести дека се прават обиди за ревитализација на амбулантите во Липоковскиот крај.

Неколку се веќе рехабилитирани, а се прават напори за опремување на истите како и создавање на мобилни тимови за пружање на примарна здравствена заштита.

Следната недела во соработка со Министерството за здравство и Медицинскиот Центар-Куманово ќе биде разговарано за мобилните тимови.

4.Скорешен развој на активностите на ООН (ОЦХА)
ОЦХА ги информираше присутните за тековниот процес на формирње на рамка за насоки за премин од вонредна состојба и хуманитарна помош кон развој. Во овој процес учествуваат преставници на ООН, донори, интернационалниот совет на НВО, и локални партнери.

Веќе е изготвена преелиминарна транзициона рамка, а како резултат на започнатиот процес ќе се воведат и нови сектори

5.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (Прва детса амбасада Меѓаши, Ел Хилал )
На последниот состанок на локалната хуманитарна координација е заклучено дека е неопходно да истата продолжи и во 2002 година, како и редифинирање на нејзината цел и вклучување на што поголем број на организации во нејзината работа.

Интернационалните организации треба да ја зголемат соработрката со локланите и ги искористат постоечките капацитети.

Ел Хилал на присутните им подели месечен извештај за реализираните активности.

6.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
Советот на интернационални невладини организации информираше дека во координација со ОЦХА работат на базата на податоци за тоа која организација каде делува.

Како резултат на започнатиот процес на транзиција воведени се нови сектори (Инфраструктура/Рехабилитација кој во себе ќе ги воедини веќе постоечките сектори за засолниште и водоснабдување, Проекти за заедниците, Легална рамка и Помош на малите бизниси).

Беше поставено прашањето за постапката за добивање на работна виза за вработените во интернационалните организации.

7.Разно
Ништо

 

Претходни извештаи

Back to Aid